Дали слушањето музика нè прави попродуктивни?

Дебатата дали треба да ни биде дозволено да имаме мини метал концерт на биро трае со децении, но сега науката нуди конкретни одговори и тие не се тоа што би очекувале, пишува BBC.

Поврзано:

Оружјето беше употребено точно во 10:30ч наутро. Беше 23 јуни 1940 и Втората Светска Војна беше во полн замав. Германците веќе нападнаа големи делови од територијата на Европа, а само неколку недели претходно 10.000 британски војници беа заробени во Нормандија.

Во ваква ситуација беше повикан Британскиот радиодифузен сервис (ББЦ) да се вклучи. Неговата моќна интервенција беше целосно невидлива но способна да се инфилтрира во умовите на илјадници луѓе одеднаш, низ целата земја. Во текот на следните неколку години овој сервис придонесе во голема мера да се добие војната.

Станува збор за програмата насловена како „Музика додека работите“ – проект на британската влада, која сметала дека пуштањето во етер жива, полетна музика во фабриките два пати на ден може да помогне во засилување на темпото на работа и војската да ја добие очајно потребната муниција.

продуктивност

Емисијата беше вистински хит, додека директорите во ББЦ добиваа писма и извештаи од целата земја, еден менаџер го опишал влијанието на музичката програма како „непресметлива“, додека друг проценил дека по еден час слушање музика, производството во неговата фабрика се зголемило меѓу 12,5 и 15 отсто.

По некои осумдесетина години, работењето во присуство на музика е многу честа појава; една анкета од 2019 год во која биле вклучени 2.000 Британци открива дека половина од испитаниците редовно слушале музика додека работеле, додека две од пет лица сметале дека им помага да сработат повеќе. И, како што слушалките станаа стандарден додаток на работа, така и плејлисти со музика за поголема продуктивност остваруваат милиони гледања на YouTube, а некои компании веќе емитуваат музика во целиот работен простор.

Мајкл Ветраино, основач на MAV Music, компанија за музички консултации во Лондон, потенцира дека неговата организација помогнала во воведувањето на заднинска музика во неколку други фирми. Додека нивниот главен фокус се состои во обезбедување на специјализирана плејлиста по мерка на ресторани, казина и хотели, неодамна почнаа да обезбедуваат конкретни плејлисти за канцелариско користење од страна на компании, а многу од нив за првпат воведуваат музика во работењето.

продуктивност

„Нашите клиенти споделија дека пуштањето на вистинската музика во канцеларијата им ја зголемува продуктивноста, во смисол на мотивација на персоналот,“ објаснува Алекс Хил кој работи во MAV како раководител за музика и операции.  Компанијата секогаш води сметка за демографијата на нејзината публика, нејзината возраст и сл, и како да ја вклопи музиката во тоа како сакаат да се чувствуваат нивните клиенти во текот на денот.

„Кога се концентрирате сакате посмирена, порелаксирана музика, а на крајот на денот кога се чувствувате уморни, сакате нешто побрзо. Знаеме дека агенција за графички дизјан во Шордич ќе сака многу различна музика од голема банка во Глочестер. Но ако добро го сработиме тоа, имаме надеж декаќе им помогне на луѓето да работат подобро.“

Но дали е ова навистина така, или е само оптимистичко размислување?

Ефектот на Моцарт

Некои од нас веруваат дека пуштањето музика во канцеларија е неотповикливо право, тинејџерот во нас се колне дека не може да се концентрира без тоновите на Kanye West или Taylor Swift во ушите.

продуктивност

Други пак го сметаат ставањето на мозокот во „чаура“ со цел да одбегнат прекинувања во работата екстремно сериозно, букираат конференциски соби за забава со едно лице, пишуваат пасивно-агресивни мејлови за вревата во канцеларијата и ставаат слушалки на ушите кога и не слушаат ништо. Милијардерот Бил Гејтс, според некои написи, се откажа од музика и телевизија во кое било време во денот во рок од 5 години кога тој бил во неговите дваесетти, за да не му „бега“ фокусот.

„Историски, музиката и работата секогаш биле испреплетени,“ посочува Карен Ландај, поранешен професионална виолинистка и дипломец на универзитетот во Алабама, и автор на студија на оваа тема. „Замислите романитчарски визии за селани кои пеат после жетва, или морски работни мелодии што ги пеат морнарите додека работат вредно на бродовите. И бидејќи повеќето луѓе уживаат да слушаат музика барем во некаков контекст, крајно е природно да имаат чувства дека музиката мора да има некој вид позитивно влијание на нашата работа.“

Има два можни начини на кои музиката е корисна во работното место: нè прави попаметни, или со тоа што не` прави да се чувствуваме добро, ни помага да се справиме со задачи кои инаку би ни биле досадни.

Надјобар пример од првиот начин е „Ефектот на Моцарт“, односно идејата дека слушањето на соната за пијано напишана од некаков генијалец и вас ќе ве направи генијалец. Терминот беше искован во 1993 год кога едно списание тврдеше дека луѓето подобро извршуваат одредени просторни задачи, како што се превиткување хартија, откако го слушале Моцарт 10 минути.

Концептот поттикна да се развијат цели индустрии со производи, како што се слушалки што мајките можат да ги користат додека му пуштаат Моцарт на нивното неродено бебе. Можеби звучи далекусежно но поскорашни истражувања наговестуваат дека е можно да има нешто оригинално и невообичаено корисно кај слушањето музика.

продуктивност

На пример, едно истражување од 2015 год споредува една одредена композиција на Моцарт за две пијана со бетовеновата „За Елиза“, напишана за едно пијано. Излегува дека сонатата на Моцарт ги зголемила „алфа“ брановите во мозокот, кои се поврзани со меморија, спознавање и решавање проблеми, додека композицијата на Бетовен не го постигнала тој ефект.

Има и едно друго откритие. Кога глувци биле подложени на слушање на истата композиција на Моцарт во време од 10 недели, можеле значително подобро да се снаоѓаат во комплицираниот лавиринт во кои биле ставени, отколку оние глувци кои биле изложени на музиката на Бетовен.

Но постои и друго објаснување – дека музиката не ги подобрува нашите интелектуални способности, туку само така ни се чини. Тука доаѓа втората теорија на сцена.

Ни го менува расположението

„Активациската теорија“ се појави во 1960тите, во срдина на зголемени грижи дека луѓето имаат потешкотии да бидат продуктивни долго време на досадни работни места, како што се работници на ленти во фабрики. Нашироко, станува збор за идејата дека на луѓето им е потребна одредена колична ментална дразба за да можат да функционираат ефикасно.

„Во зависност од поединецот, ова може да ја подобри ефикасноста бидејќи го зголемува вниманието,“ додава Ландај. „Сепак, ако нивото на активација стане премногу високо, ефикасноста може да падне – замислете си пресилно стимуларно дете на 2 години.“

Некои научници веруваат дека токму поради ова одреден вид музика е корисен – бидејќи е како инекција со кофеин во мозокот.  На пример, едно истражување од 2001 год тестирало дали слушањето на брзиот ритам на истата композиција за две пијана на Моцарт, и тажна песна, како што е „Адаџо“ од Албинони, можат да ја подобрат просторната ефикасност кај група студенти. Овој пат, на студентите им било побарано да го оценат нивото на дразба пред и по задачата.

продуктивност

Вообичаено, музиката на Моцарт се покажала корисна, додека другата композиција не направила апсолутно ништо во поглед на способностите на испитаниците. Загадочно, музиката на Моцарт на некој начин го променила нивното расположение и го зголемила нивото на дразва, додека пак бавната музика на Албинони го намалила, и кога истражувачите ги зеле овие работи предвид, ефектот на Моцарт исчезнал.

Ова исто така може евентуално да  објасни зошто бетовеновата „За Елиза“ не била корисна за глувците во лавиринтот, и зошто не активира никакви делови во мозокот кои се користат во спознајни процеси. Поради причини кои се` уште се нејасни, сонатата на Моцарт можеби е подобра во менување на расположението и засилување на нашите нивоа на дразба, па оттука и ја подобрува нашата ефикасност. Постои можност и Kanye West и Taylor Swift да се подеднакво стимулативни, но никој сè уште не проверил.

Во истражување од 1995 год беше посочено дека кога работниците во големи малопродажни компании имале дозвола да слушаат лична музика 4 недели, нивната ефикасност значително се подобрила, односно внесувале поголем број сметки во текот на еден час, во споредба со група работници кои ја немале оваа привилегија.

Сепак, доколку музиката обезбедува директно спознајно засилување, би се очекувало дека видот музика и времето поминато во слушање се важни фактори. Но не е така – нивната ефикасност подеднакво се подобрила без разлика на бројот на часови поминати во слушање или дали слушале Моцарт или Еминем.

продуктивност

Истражувачите барале поврзаности со други фактори, како што е задоволство од работата. Но на крајот, единствениот фактор што ги објасни подобрувањата во продуктивноста кај музичката група беше нивото на опуштеност. Истражувачите заклучиле дека овој фактор е одговорен за подобрувањето на ефикасноста, не музиката сама по себе.

Факторот на уживање исто така може да објасни зошто, во голем број експерименти спроведени во текот на скоро цел еден век, многу вработени лица постојано тврдат дека музиката ја подобрува нивната продуктивност – а нивните работодавачи постојано се согласуваат со нив. Но кога вистински се мери оваа врска објективно, доказот дека музиката ни помага да работиме, е исклучително матен.

Изместена перцепција

Во суштина, некои научници веруваат дека музиката баш и не ни помага воопшто. Напротив, можно е да ја перцеприаме можноста за слушање музика како подарок од нашите работодавачи, па така самите си замислуваме дека за возврат работиме подобро (иако ова најверојатно не е случај). Има сугестии дека ова е причината зошто вработените реагираат лошо кога им се одзема правото да слушаат музика – бидејќи овие вработени веќе го исполниле нивниот дел од договорот и го мразат фактот што им е одземена наградата.

продуктивност

И како што сите интуитивно знаеме, во некои контексти – како што се прилично комплексни задачи – музиката може да биде особено штетна. Ова се однесува на задачи кои ја оптеретуваат функционалната меморија, како што се решавање проблеми. Музика која е помалку предвидлива или позната поставува поголеми спознајни барања и толкувачки вештини, па оттука и можно е да предизвика обратен ефект, како што е на пример џезот.

Нема многу истражувања посветени на музиката во работното место, но една студија открива дека резултатите по читање и разбирање и математика кај додипломци се значително полоши кога ги работеле тестовите во присуство на музика. Особено штетно влијание е забележано кај тие студенти чии функционални мемории не биле така добро развиени на самиот почеток.

Податоците посочуваат дека можеме да го искористиме ова знаење. Една анкета од 4,500 лица спроведена од агенција за вработување преку интернет открива дека компијутерско програмирање, анализа на податоци, ракламирање и маркетинг -активности кои се спознајно изискателни – се сектори каде работодавачите им дозволуваат на вработените да слушаат музика на работа.

Но нашата изместена перцепција за користа на музиката дури моиже да има и животнозагрозувачки последици. Некои истражувања посочуваат дека музиката може да им помогне на хирурзите да бидат смирени и сконцентрирани, а друга пак открива дека музиката може да им предизвика тешкотии во комуницирањето на основни насоки. Хирурзите требале да ги повторат барање 5 пати повеќе кога свирела музика, и забележале дека дополнителната работа го продлжува времетрањето на операциите.

продуктивност

Па, дали музиката на работното место е корисна?

Според една мета-анализа од 2011 год, заднинската музика „го нарушува читачкиот процес, има мали погубни ефекти на меморијата, но има позитивно влијание на емоционалните реакции и ги подобрува спортските остварувања“.

Според Ландај, се` уште имаме да изодиме долг пат пред вистински да го знаеме одговорот. Но во моментот, нејзината најдобра претпоставка е „зависи“. „Реакцијата на поединецот на музика се менува врз основа на многу, многу фактори, како што се видот на работата, музичкиот жанр, неговата контрола врз музиката што ја слуш аи неговиот карактер.“

Ландај објаснува дека нема рецепт кој важи за сите, па луѓето треба самите да откријат што им годи. „Работните средини каде индивидуалното слушање музика не е возможно – како што се кол-центри, продавници или услуги – претставуваат сериозна дилема,“ потенцира таа.

Хил нуди совет. Ако веќе компаниите пуштата музика во целиот работен простор, многу е важно плејлистата да биде срочена од некој друг.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -