Што е социјално претприемништво?

Целта на традиционалното претприемништво е растење на профитотот, додека пак социјалното претприемништво се фокусира на создавање намерни начини да се решат проблемите во општеството. Социјалниот претприемач може да ја зголеми еднаквоста, да создаде одржливи услови за живеење, или да ги исчисти океаните. Генерално, социјалниот претприемач сака да го подобри светот во кој што живееме преку иновација.

И социјалниот претприемач сака да направи профит

Грешно е размислувањето дека социјалните претприемачи практикуваат целосен алтруизам, до степен до кој тие би работеле без надомест. Тие сепак сакаат да заработат богатство и да ги исполнат финансиските обврски што ги имаат кон вработените, продавачите и кредиторите. Сепак, тие целат кон искористување на сопствените таленти и ресурси за да создадат решение на проблем што влијае врз општеството или врз нашата животна средина. Социјалниот претприемач секогаш им пристапува на проблемите и прашањата за кои чувствува страст и бара начини да ја подобри одредената ситуација. Заработката доаѓа на второ место.

Тие работат во рамки на нивните заедници

Често пати, социјалните претприемачи остануваат во рамките на нивните заедници и работат на решенија на проблемите што ги идентификуваат дека постојат во нивните куќни дворови. Можеби самите тие додека растеле биле изложени на одредени проблеми, како што е на пример загадена река. Како претприемачи, тие бараат иновативни идеи за чистење на речното корито, иако нивната иновација или процес можат да се искористат за да се исчистат поголеми водни површини низ целиот свет. Тие можат најпрво да ја искористат технологијата да го решат првичниот проблем, но со тоа што го прават нивниот производ јавно достапен тие им помагаат и на други заедници да ги решат нивните проблеми со загадувањето.

Социјалните претприемачи почнуваат од крајот

Социјалните претприемачи почнуваат со одреден проблем и потоа работат наназад се` додека не најдат решение. Откако ќе го идентификуваат проблемот, бараат начини да го решат и да се вмрежат со други кои можат да придонесат кон решавањето на истиот. Оваа соработка на крајот може да доведе до создавање нов производ или модификација во постоечката технологија. Соработката вклучува професионалци од различни области кои заедно работат на тоа како најдобро да ги искористат сопствените таленти за да го решат проблемот.

Социјалното претприемништво обезбедува можност да се развие сопствениот бизнис и истовремено ви дозволува да се ангажирате во благодарна и вредна работа. Чувствата на неудобност или неисполнетост на работното место секогаш биле проблем, но социјалното претприемништво обезбедува начин како да се промени таа ситуација. Овој вид претприемништво им дозволува на професионалците да ги искористат нивните вештини и таленти за да создадат позитивни промени во нивните заедници и низ целиот свет.

Извор: Thrive Global

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -