Што е добар маркетинг менаџер?

Голем број професионалци од областа на маркетингот целат да станат одлични маркетинг менаџери кои можат да насочуваат цели тимови кон комерцијален и креативен успех. Сепак станува збор за прилично тешка позиција за совладување. Многу специјалисти по маркетинг релативно добро се снаоѓаат во продуцирање содржина или спроведување истражувања, но им недостасуваат потребните вештини и искуство за да бидат добри маркетинг менаџери. Сопствениците на бизниси и маркетинг специјалисти имаат тешкотии да одговорат на прашањето што го прави маркетинг менаџерот одличен и како да одбегнат да ги прават грешките што го спречуваат напредокот на целиот тим, пишува Крис Портеус, извршен директор на Grey Smoke Media/My SEO Sucks, компанија која создава инки за стекнување нови клиенти и спроведува маркетинг решенија за тековната работа за бизниси во цела Северна Америка.

Еве приказ на она што е потребно да се стане добар маркетинг менаџер и кои техники да ги одбегнете ако сакате вашиот тим да остане успешен на долг рок.

Добро познавајте ја улогата како маркетинг менаџер

Доколку сте маркетинг менаџер или имате аспирации да станете, шансите се големи дека поседувате некакво искуство од подолните ешалони во маркетинг хиерархијата. Продуцирањето содржина, подготовката на усни презентации и спроведувањето истражувања се работи во кои некои маркетинг менаџери можат да се вклучат, но на крајот на денот, ќе се оддалечите од тие задачи за да можете повеќе да се фокусирате на целокупниот менаџмент во вашата маркетинг заедница. Ова се должи на тоа што вашата улога не е да бидете креативен гуру кој произведува одличен текст или визуелна поддршка за вашата медиумска приказна, напротив вашата улога е да бидете одличен тимски лидер кои другите ги води кон успех додека истовремено не ги оптоварувате со премногу задачи, внатрешни несогласувања и скапи надминувања на буџетот.

Постојат најдобри практики што можете да ги применувате, но разберете дека голем дел од ова е учење по пат. Одличните маркетинг менаџери не можат да бидат заглавени во фабрички процес, но мораат да се втурнат во деталите на водењето маркетинг операција. Голем дел од вашата работа ќе има врска со буџетирање, така што надградбата на вашата финансиска писменост се препорачува.

Не се сите маркетинг менаџери финансиски гении, но тие менаџери кои сакаат да спроведат успешна маркетинг стратегија треба да имаат темелно познавање за тоа како се трошат парите на уникатен начин. Исто така ќе треба да станете умешен во објаснување комплексни теми на вашите подредени, бидејќи повеќето го немаат искуството од индустријата или степенот на образование што вие го имате како менаџер. Одново и одново, добрите маркетинг менаџери одвојуваат време за нивниот тим и се осигуруваат дека никој не е изоставен. Инаку маркетинг стратегијата набрзина ќе се распадне.

Добрите и лошите страни на водењето тим

Ако имате малку или никакво искуство со одење тим, процесот на станување маркетинг менаџер може да биде неверојатно страшно искуство. Ова се должи на тоа што исклучителните маркетинг менаџери разбираат како да постават јасна визија за нивниот тим пред да им овозможат на членовите поединци да ја остварат таа визија на најефективен начин. Понекогаш, подреден ќе има план или пристап што вие самите не сте можеле да го имплементирате и во оваа ситуација, одличниот маркетинг менаџер ќе го поддржи тој вработен во процесот на имплементација на планот на начин што само тој може.

Би требало исто така да знаете дека водење тим изискува преземање одговорност за вашите неуспеси. Ако одговорното лице е маркетинг менаџерот, тогаш тој е исто така лицето кое треба да се окривува кога нешто нема да испадне како што треба. Понекогаш маркетинг менаџерите патат бидејќи воопшто не се запознаени со вообичаените грешки што доаѓаат со работното место. Читањето за тие грешки е сигурен начин да ги одбегнете во иднина. Голем број искусни маркетинг менаџери се чувствуваат како да се под закана поради присуството на други професионалци и главно вработуваат прилично неквалификувани кандидати за да бидат сигурни дека ќе останат на врвот. Лош менаџер сте ако го лишувате вашиот тим од експертизата што ви треба.

Добрите маркетинг менаџери исто така знаат кога да отпуштат непродуктивен вработен. Ако вашата организација не успева да ги оствари поставените маркетинг цели, има големи шанси вашиот моментален тим да не е доволно функционален. Произведувачите на неинспиративна содржина треба да се заменат со искусни и мудри маркетинг менаџери кои го разбираат начинот како да најдат замени кои можат да ја завршат работата. Потпирањето на хонорарци или трети страни може да ви помогне да ја одржувате контролата врз буџетот, но специјалистите за рекламна содржина со полно работно време се уште подобар избор во поглед на материјали кои можат да ги креираат.

Ако не успеете да ги донесете тешките одлуки во врска со вработувањето и отпуштањето лица како маркетинг менаџер, никогаш нема да се искачите високо на скалилата во индустријата.

Научете како да имплементирате промена

Еден од најважните елементи за комерцијалниот успех на секој маркетинг менаџер е дали или не тој/таа може да имплементира промена. Многумина можат да ја препознаат потребата за промена, но многу малку од нив можат вистински да ја имплементираат. Ова се должи на фактот што промената е наследно пореметувачка и му се заканува на статусот кво, кој пак фаќа корен. Добрите маркетинг менаџери се професионалци кои знаат како да имплементираат промени што се однесуваат на целиот тим без да ги пореметува индивидуалните членови.

Понекогаш нема да можете да сметате на помошта од вашиот тим кога имплементирате промени. Ова е поради тоа што вашиот специјалист за содржина и други членови на тимот може да се ангажирани на друга страна, па таквата ситуација ве приморува сами да се справувате со промената. Маркетингот постојано се менува и тие менаџери кои не стануваат умешни имплементатори на иновации набрзо ќе сфатат дека се надминати, застарени и заменети со некој нов.

Понекогаш, промените што ќе ги имплементирате немаат ништо заедничко со вашиот тим, туку со убедувањето клиент дека треба да ја приспособи неговата маркетинг стратегија. Во тоа сценарио, ќе треба да се потпрете на вашата умешност со менаџирање финансии за да докажете дека некои промени се неопходни од буџетска гледна точка.

Друг пат, ќе треба да докажете дека одредени промени едноставно мора да се применат ако сакате да допрете до таргетираната публика со порака што ќе биде широко прифатена. Често пати, клиентите ќе се двоумат дали да ги имплементираат големите промени што ја враќаат назад претходно сторената работа или ги загрозуваат минатите инвестиции, но вашата работа како маркетинг менаџер е да пресечете низ тој сомнеж и да притиснете за имплементацијата на болни а сепак неопходни иновации.

Преземете одговорност

На крај, добрите маркетинг менаџери треба да преземат одговорност за нивните неуспеси. Станува збор за маркетинг индустријата – неизбежно е да доживеете неуспех, бидејќи дури и консументите не секогаш знаат што сакаат да купат. Ако на неуспехот реагирате со тотален колапс, со окривување на вашиот тим и одбивањето да ги спроведете многу потребните промени, ќе продолжите да се тркалате во темница на дното на индустријата. Вистинските маркетинг професионалци преземаат одговорност за нивните неуспеси, идентификуваат што предизвикало одредена маркетинг стратегија да не функционира и смислуваат планови како да се подобрат во иднина.

Ако тоа ви звучи тешко, тоа е поради тоа што е навинстина така. Менаџирањето во маркетингот не е лесно и вклучува постојано проценување на вашата стратегија за да ги идентификувате и отфрлите сите маани на кои ќе наидете. Маркетинг менаџерите можат да произведат моќни резултати кога ги следат овие правила, а набрзо ќе сфатат дека ќе бидат многу барани ако се способни да ги насочат нивните тимови кон крајната цел на времен начин, со почитување на буџетот. Сакате да бидете одличен маркетинг менаџер? Почнете со подобрување на себеси за да стасате до позиција да предводите тим и умешно ќе можете да имплементирате маркетинг план за кратко време.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -