Хрватска повторно размислува да воведе задолжителен карантин за туристи

Одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои пристигнуваат од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово ќе се разгледува во следните неколку дена, најави министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, пренесува Радио Слободна Европа.

Но, претставниците на туристичкиот сектор во Хрватска се свесни дека задолжителниот карантин за горенавадените земји од Балканот ќе предизвика штета, но се потпираат на изјавата на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, дека таа мерка ќе биде краткотрајна.

„Внимавајте, тоа ќе се менува од ден во ден. Не само со Босна и Херцеговина, туку можеби и со некоја друга држава. Така што, она што вчера сте ме прашале не значи дека утре нема да биде поинаку,“ изјави министерот за туризам, Гари Капели.

Во меѓувреме, додека расте бројот на туристи на хрвтското крајбрежје, од кои ниту еден не е заразен со коронавирус, расте и бројот на заразени лица во државата.

Во изминатите 24 часа, во Хрватска биле регистрирани 56 нови случаи, што е значително помалку од еден ден претходно, кога бројот на заразени лица стоеше на 95, соопштува Државниот штаб за цивилна заштита.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -