Среќни вработени водат до подобро работење и поголем профит

Во книгата „Предноста на среќата“, авторот Шон Акор ја истражува улогата на позитивната психологија на работното место. Повеќето од нас функционираат според претпоставката дека успехот води до зголемено ниво на среќа, но истражувањето на Акор го докажува спротивното. Успешните луѓе на работа не успеваат бидејќи сакаат да бидат посреќни, туку бидејќи се веќе среќни, пишува Маник Бан, основач и технолошки директор во LinkGraph – наградувана агенција за дигитален маркетинг, за економскиот портал Smart Brief.

Акор пишува дека „среќата и оптимизмот всушност ја напојуваат ефикасноста и остварувањето на зацртаните цели – што пак ни дава компетитивна предност“. Среќата исто такавлијае на ефикасноста и приходите. Голем број истражувања покажуваат дека посреќните вработени се поефикасни, иновативни и произведуваат исходи со повисок квалитет.

Па ако менаџерите сакаат да ја искористат предноста над конкуренцијата што среќата ја овозможува, како да ги направиме нашите вработени среќни? На сите нам среќата ни изгледа различно, а 81% од вработените тврдат дека глумат среќа на работното место. Така што, се јавува прашањето дали среќата е стандард на кој раководството може да се потпре, за да ја зголеми ефикасноста кај вработените.

Но, позитивниот сооднос помеѓу среќата и продуктивноста на работното место е огромен. Неволноста да се направи обид да се инкорпорира среќата во нашите дневни менаџерски активности значи дека пропуштаме прилика да стекнеме вистинска предност над конкуренцијата.

Што ги прави вработените среќни?

Некои менаџери можеби ќе се двоумат дали да посветат време да размислуваат за среќата на нивните вработени бидејќи се чини како таа да е недостижен концепт. Не можеме да ги контролираме сите околности во животот на нашите вработени, и има ситуации надвор од работното место што секако влијаат на чувството на нашата лична среќа и задоволство.

Но, во нивните истражувања, научниците Дакер Келтнер и Емилиана Сајмон-Томас нудат профил поддржан од научните сознанија за тоа како изгледа среќата на работното место. Трите основни потреби што ја креираат среќата на работното место се речиси идентични со потребите на она што ја предвидува среќата во нашите лични животи: способноста лесно да закрепнеме од назадувања; блиски социјални врски што ни даваат поддршка; сопственост на чувството на цел и значење.

Примената на овие централни потреби во нашиот стил на менаџирање е бескрајна. Способноста на еден вработен да закрепне од некаков вид назадување е поврзано со комуникацијата, разбирањето и менторството од лидерот. Социјалната мрежа што обезбедува поддршка може да се негува или да се спречува кај кој бил тим на работното место. Вработените кои чувствуваат дека нивните придонеси се клучни за успехот на организацијата можат или да бидат охрабрени или обесхрабрени од страна на менаџментот на повисоко ниво.

За менаџерите кои се желни да ја земат предвид трансформативната моќ на среќата, постојат конкретни начини што ќе им помогнат да ги обезбедат предусловите за среќа. Кога менаџерите насочуваат време и напори во имплементирањето на повеќе иницијативи што имаат врска со овие основни потреби, нашите тимови не само што ќе бидат посреќни, туку и ќе остваруваат успех и ќе ги надминуваат очекувањата почесто.

Простувањето треба да биде дел од вашата менаџерска философија

Способноста да се движите напред по направена грешка е основна во процесот на станување посреќен човек во животот и на работа. Како менаџери, ние правиме проценки на ефикасноста на вработените, и спојувањето на простувањето со понесувањето одговорност води до вработени кои ги рафинираат сопствените вештини и поретко прават грешки.

Простувањето не значи дека охрабрувате тромавост или мрзеливост. Во статијата „Простување на работното место“, Мајкл Стоун пишува: „Кога покажуваме простување на ниво на тим, луѓето се чувствуваат безбедни да се изразат себеси целосно, што води до поголема креативност, иновација и преземање ризици“. Во основа, простувањето води до работно место кое функционира на повисоко ниво на квалитет, подинамично и поуспешно.

Охрабрете ги вработените да се поврзуваат со членовите на нивниот тим

Создавањето силни социјални врски на работа може да зависи од многу нешта – големината на вашиот тим, физичката организација на канцеларискиот простор и дали вработените работат со физичко присуство или на далечина. Но истражувањата покажуваат дека вработените со силни пријателства или врски на работа се повеќе ангажирани и лојални.

Истражувачот кој работи на динамиката на односите на работните места, Џулиан Холт-Ланстад пишува: „Средината на работното место и политиките треба да ја комуницираат вредноста на социјалните врски, и да ги претворат во реални дејствија и политики“.

Мојот тим користи ја користи платформата „Собрание“ за да ги охрабри вработените да се препознаат и да си ракоплескаат еден на друг на дневна основа. Исто така, на нашите вработени им алоцираме месечен буџет што треба да го потрошат на други членови на тимот бидејќи, како што предлага Мајкл Нортон, парите можат да купат среќа, се` додека тие се трошат на други.

Менаџерите би требало да инвестираат време во креативно размислување за тоа како можат да негуваат позначајни врски меѓу членовите на тимот. Тие исто така можат да ги прашаат нивните тимови да ги споделат нивните идеи за тоа на кој начин може да се подобрат врските и односите во нивните уникатни работни средини.

Пронајдете повисока мисија и креирајте ја вашата компаниска култура околу неа

Организациите што се посветени на нивната мисија имаат корист на сите нивоа, вклучувајќи и подобра задршка на вработени и позадоволни клиенти. Вработените се исто така посреќни кога се поврзани со јасна корпоративна или компаниска мисија. Со цел постигнување на третиот стандард за среќата на работното место, бизнис лидерите би требало да инвестираат време во создавање јасна мисија или вредносна изјава.

Програмата „ЛинкГраф се грижи“, ми помага да им всадам на членовите на мојот тим смисла за повисоко значење и цел. Донираме процент од нашите месечни приходи во непрофитни организации, и ги охрабруваме нашите вработени да не` известат за организациите за кои се грижат и ги поддржуваат. Што повеќе нашиот тим вложува напори, толку повеќе сме во можност да дадеме.

Не секоја организација може да го одржи овој вид на бизнис модел, но има многу начини на кои можете да инкорпорирате мисија и повисоко значење во културата на вашата компанија. Смислата за цел е клучна во чувството на среќа, па така, организациите кои вложуваат напори да размислат за влијанието на нивниот бренд подалеку од профитот се поподготвени да ги задржат нивните вработени среќни и успешни на долг рок.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -