Со свесно размислување до намалување на анскиозноста и паниката во време на пандемија

Сите ќе се согласиме дека со новонастанатата ситуација, светот сѐ повеќе и повеќе живее во анксиозни времиња. Со постојаните вести за ширењето на коронавирусот низ земјите на целата Европска Унија, САД, Азија и некои афрички земји, недели исполенти со одолговлекувања, масовни пореметувања во секојдневните движења и комуникации, и препораките за општествено оддалечување, сите нѐ прават помалку или повеќе анксиозни.

Поврзано:

Со цел да се здобиеме со објективна перспектива на ситуацијата и да понудиме можност за себе-смирување, ви ги пренесуваме информациите споделени со диркеторката на порталот Мајндуфул, Ан Александар, и психијатарот Др. Џудсон Бруер, директор на Центарот за истражување и иновација, Мајндфулнес, при факултетот за јавно здравје на универзитетот Браун. Др. Бруер посветил години на истражувањето за тоа како свесното размислување може да помогне во смирување на анскиозниот ум и тоа да има ефект неколку години во иднината.

анксиозност

Анксиозниот мозок работи „офлајн“

Прашан што се случува во нашите мозоци додека го усвојуваме податокот дека сите сме зафатени од глобалната пандемија, др. Бруер посочува дека како во случајот на прифаќање на која било друга информација, луѓето се соочуваат со потешкотии кога станува збор за апсорбирање каков било податок кога сме под стрес или се чувствуваме анскиозни.

„Кога сме навистина под стрес или анксиозни, нашите мозоци што размислуваат, одат во состојба на „офлајн“, и тогаш функционираме според преживувачки инстинкти. Не можеме да ги апсорбираме интелектуалните информации бидејќи сме премногу зафатени со бегање од опасноста. Дури кога нашите мозоци се во состојба да перцепираат сигурност, дури тогаш мислечкиот дел од мозкот (префронталниот кортекст) се враќа „онлајн“. Во таква состојба можеме да правиме рационални планови за иднината,“ објаснува др. Бруер.

Оваа состојба делумно се должи на фактот дека нашите мозоци не се дизајнирани да скалдираат нови информации кога сме анскиозни. Учиме од опасни ситуации, но учењето доаѓа во форма на менување на нашето однесување во иднина. Иронично, ова наликува на солена вода – жедни сме за информации, но колку повеќе пиеме толку пожедни стануваме.

анксиозност

Паничните емоции на другите можат да нѐ заразат и нас

Затоа, многумина го следат трендот да чуваат по дома огромни количини тоалетна хартија и кутии и кутии гел за дезинфекција. Според др. Бруер, кога сме дома, нашите префронтални кортекси работат соодветно, така што можеме да направиме разумен список на намирници. Кога стапнуваме во супермаркетот и се соочуваме со глетка каде секој брза некаде во паника, ние несвесно се приклучуваме кон таквото однесување.

Научниот термин за ова е „социјална зараза“ – што во превод значи прненесување и ширење на емоцијата од едно лице на друго. Замислете го ова како некој да кивне паника директно во вашиот мозок. Секој пат кога сте во контакт со некој кој е анксиозен, а имајте на ум дека анксиозноста е уште повеќе заразна на социјалните медиуми бидејќи секое „скролање“ раѓа чувство како да сте допрени од некого – шансите се уште поголеми и вас да ве зафати чувство на паника.

анксиозност

Како да се заштитиме од наплвиот на паника

Она што можеме да го направиме за да се заштитиме себеси и оние кои ги сакаме од заразната паника е прво и основно, да научиме како фунцкионира човековиот мозок. Самото увидување дека паничиме е чекор напред. Потоа, можеме да користиме едноставни медитативни вежби, како на пример неколку свесни длабоки вдишувања или директно да се соочиме со тоа што го искусуваме. Нешто слично како кога го тргаме стапалото од педалата за гас кога автомобилот оди надвор од контрола, перцепцијата дека сме свесни ни помага да застанеме цврсто на земја, што пак им помага на нашите умови да престанат да итаат кон иднината оптоварени со грижи или фаталистичко размислување.

Начини за „приземјување“

Запрашан поконкоретно што ќе се случи кога ќе видиме некој со 24 конзерви грав во нивната количка во суперматкетот и одеднаш добиваме порив да го направиме истото иако нашиот новчаник не ја поддржува оваа намисла, др. Бруер истакнува дека во ваква ситуација „приземјувањето“ може навистина да помогне. На пример, потсетете се себеси дека треба да ги почувствувате нозете. Секогаш кога ќе забележите дека вашиот ум ита без контрола, едноставно кажете си себеси „почувствувај си ги нозете“, што пак веднаш ќе ви помогне да се „приземјите“. Ова е одлична вежба.

анксиозност

Друг начин да се „приземјите“ е да го насочите вниманието на надворешни звуци или глетки. Посета на излетничко место, или место каде природата е запазена е одличен избор. Едноставното чувство на сончевите зраци на вашето лице, поглед кон кората на некое дрво или лисја, или едноставно слушање на сите звуци што природата ги нуди триесетина секунди е исто така совршен начин да ја спроведете оваа активност.

Како да ги промениме несвесните навики

Една од препораките на Светската здравствена организација е да се избегнува допирање на лицето, особено очите и устата. Др. Бруер, кој е експерт за менување навики посочува дека ако допирањето на лицето е навика, тогаш треба да почнеме да ги препознаваме моментите кога го правиме тоа. Тогаш дури можеме и да го хакираме делот на нашиот мозок кој е одговорен за системот на доделување награди за да го попречиме одвивањето на таа навика. Но овој прекин не може да се случи на сила, бидејќи моќта на волјата е исто така сместена во префронталниот кортекс, па оттука не можеме да се потпреме на неа. Наместо тоа, преку сознавањето дека е погрешно, дури и погубно да го допираме лицето (мислата дека „еј, можеби и ќе фатам некој вирус“), ни создава прилично непријатен заклучок, и оттука прекин на негативната навика. Ова им помага на мозоците да размислуваат за подобрата и поголемата понуда – односно, однесување кое заслужува поглема награда.

анксиозност

На прашањето како да направиме нашите стравови, кои во вакви ситуации делуваат екстремно реални, да се претворат во снежна топка и да зафатат уште поголеми размери, др. Бруер истакнува дека убавината на освестеното размислување лежи токму во ваквите предизвици. Таквиот начин на размилување во суштина ги спречува нашите мисли да се претворат во лавина замислени фатални сценарија. Со помош на специјално креирана апликација која ги мапира напливите на чувства на анксиозност, навики поврзани со страв и ги заменува нивните грижи со краткорочни вежби за свесно размислување што се применуваат во моментот, др. Бруер успеал да добие за 63% пониски чувства на анксиозност кај луѓе кои патат од клинички дијагностицирана анскизоност. Тој додава дека ако сите вежбаме свесно размислување во краток период време, неколку пати на ден, можеме да изградиме силен ментален имун систем за да се заштитиме од стрес, анксиозност и паника.

„Се надевам дека, бидејќи сме сите заедно во ова, луѓето ќе успеат да ги видат поголемите и подобрите понуди во смисла на помагање едни на други, и ќе научиме дека љубезноста и поврзувањето се единствениот начин да одиме напред, не само сега, туку и во иднина,“ заклучува др. Бруер.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -