Совети за започнување бизнис од жени претприемачи

Започнување сопствен бизнис не е лесно. Без разлика дали станува збор за одбирање идеја, креирање бизнис план и обиди да се обезбедат финансиски средства, многу работи можат да тргнат низбрдо. Сепак, со цврста идеја и силен систем на поддршка, жена може да стане успешен претприемач, пишува Business News Daily.

Во продолжение се неколку совети од искусни претприемачи за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Раскажете секому за вашиот бизнис

„Сите нека дознаат што работите. Буквално сите – вашите пријатели, членовите на вашето семејство, дури и вашите познаници – сите треба да знаат во која индустрија припаѓате и што точно правите. Луѓето околу вас обично се вашите први клиенти, а истовремено тоа е и лесен начин да го започнете вашиот бизнис. Ова ви гарантира, дека кога станува збор за производот или услугата што ја продавате, вие ќе бидете првото лице што ќе им падне на памет на сите,“ советува Мадлен Онг, ко-основач на Legend Age.

Вмрежете се со други жени сопственички на бизниси

„Постојат многу жени кои мислат слично како вас и кои градат бизниси и групи фокусирани на жените претприемачи. Некои се основани локално, некои во рамки на индустријата или на национално ниво. Учествувајте во тие групи и создадете ваша мрежа со други жени претприемачи… Без разлика дали станува збор за препорака за нов клиент, инвеститор, или некој пред кого можете да се „издувате“ за предизвиците поврзани со водењето сопствен бизнис, никој не може да сочувствува со вашата деловна ситуација подобро од друга жена претприемач,“ посочува АлексАнндра Онтра, ко-основач и претседател на Shufflrr, и ко-автор на „Презентациски менаџмент: Новата стратегија за содржина на претпријатието“ (Presentation Management: The New Strategy for Enterprise Content).

Решете нешто значајно

Основање компанија не е лесно, и од критична важност е да работите на нешто што многу ви значи. Здравјето на жените – и создавање производ што ги охрабрува жените да преземат контрола врз сопствените животи со увид во релевантни податоци“ – е нешто што секојдневно ја мотивира Леа вон Бидер, извршен директор и ко-основач на Ava Science Inc.

Бидете одлучни

„Бидете одлучни во процесот на носење одлуки. Секој ден е различен во однос на вашите одговорности како сопственик на бизнис; бидете вредни и дисциплинирани кога решавате проблеми и предизвици. Кога го правите тоа, ќе имате повеќе време и ресурси за да го растете сопствениот бизнис“ – предлага Џенифер Фрај, основач и обучувач по маркетинг во Clever Me.

Идентификувајте ја и разберете ја вашата публика

„Бидете што поконкретни можете во врска со тоа која е вашата публика. Идентификувајте го вашиот идеален клиент, како и заедниците на кои таа е дел. Одберете една заедница чии потреби прво ќе ги задоволите и држете се до таа заедница што подолго можете. Креирајте го вашиот производ, начинот на испраќање пораки, и целиот процес со фокус кон специфичната заедница, и само проширете се кога ќе треба. На овој начин ќе бидете сигурни дека вашиот производ целосно соодветствува на пазарот, и научете како вашите клиенти да ве водат таму каде што треба да одите“ – истакнува Мики Кримел, основач и извршен директор на Superfit Hero.

Поставете конкретни цели

„Немањето јасна слика за тоа што сакате да постигнете како претприемач може да резултира со многу предизвици додека растете и го надградувате вашиот бизнис. Поставувањето конкретни цели ќе ви дозволи да создадете подефинирани одредишта кои, за возврат, ќе ви олеснат да ги постигнете вашите цели и ќе го направат вашето претприемачко патување малку појасно“ – посочува Ерика Пери, основач на The Stork Bag.

Не дозволувајте да ве спречи синдромот на натрапник

„Голем број жени се соочуваат со чувство на „синдром на натрапник“. Овие чувства спречуваат многу луѓе, преиспитувањата, стравот. Ако знаете дека тоа што го правите е вредно, апсолутно никој не може да ве спречи, дури ни самите вие,“ – вели Катја Прајс, извршен директор и основач на DanceBody.

Немојте да се плашите да одите по неочекуван пат

„Мојот совет е да се концентрирате на областите во кои вашата компанија создава вредност и ги прави вашите клиенти среќни. Немојте да се плашите да одите по неочекуван пат. Иако фокусот на Snappy беше на подароци за потрошувачите, пикот кога компании почнаа да ни пристапуваат со барања да се користи Snappy за нивните вработени ни помогна да одлучиме дека тоа беше совршено време да се тестира корпоративното дарување за време на празничната сезона, и тоа ги надмина сите очекувања“ – споделува Хани Голдстин, ко-основач и извршен директор на Snappy Gifts.

Најдете ментор

„Иако постојат едукативни програми за претприемништво, ништо не може вистински да ве подготви за проблемите во реалниот живот кога поседувате сопствен бизнис. Најдете добар ментор или ментори кои ќе ве тренираат, ќе ве запознаат со луѓе и со кои можете да ги споделувате сопствените идеи“, вели Кимберли Еберл, извршен директор и сопственик на The Motion Agency, која додава дека таа немале ментор кога го почнувала сопствениот бизнис, а посакувала да има. „Сега имам неколку и тие секогаш ми даваат одлични увиди, за кои самата не ни би размислила“, додава таа.

Основајте компанија пред да започнете со бизнис

„Поради причини на правна одговорност, мудро е да се основате компанија или формирате ДОО пред бизнисот да започне. Ова може да ви помогне да го заштитите имотот, преку одделување на бизнисот од вашите лични работи. Ако нешто лошо се случи со бизнисот, мудро е вашата куќа, кола и личен имот да бидат соодветно заштитени“ – советува Дебора Свини, извршен директор на MyCorporation.com.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -