Кларис Бехар Молад: „Жените во бизнис заедницата мора да се вмрежуваат со жени од другите земји за да можат да вршат посилно влијание и да имаат посилен глас“

Проф. д-р Кларис Бехар Молад е исклучителна жена. Како самохрана мајка на 4 деца, таа успева да стане доктор по науки за глобален бизнис менаџмент од Институтот и универзитетот Унион, истовремено работејќи со полно работно време. Таа има над 25-годишно искуство во раководењето со критични напори за глобални промени и покренување иницијативи во цели индустриски гранки, што пак и носи бројни престижни признанија и награди. Меѓудрогото е магистер по комуникации на Универзиетот во Северан Тексас, додека додипломски студии има завршено во Израел на универзитетот Бен Гурион.

Интересен факт за неа е дека ја има добиено реномираната Фулбрајтова стипендија на американското министерство за надворешни работи три пати. Поради овој успех, проф. Молад била испратена на Балканот, каде работела како советник и предавач на регионални универзитети и локални влади за употребата на технологијата како катализатор за економски реформи. Како резултат на овој ангажман, таа е избрана како член на Одборот на Академијата Фулбрајт за наука и технологија. Таа има работено и за американската владата како советник на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за големи иницијативи за електорнски бизниси во Југоисточна Европа.

Во последните 10 години проф. Бехар Молад предава и дава консултации ширум светот чиј фокус е подготовка на идните светски економски лидери да се справат со предизвиците на меѓународните пазари преку употребата на технологијата. Таа има работено во голем број земји како Канада, Мексико, Колумбија, Израел, Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Шведска, Норвешка, Финска, Италија, Австрија.. Како експерт во претприемништво и личен претприемачки дух кај вработените, таа продолжува да работи со различни старт-ап компании и лично советува иноватори во полето на комерцијализација на технологија.

жени во технологија

Професор Молад, имате огромно и исклучително меѓународно искуство како претпримач, предавач, консултант, основач… Кој е мотивот што ве тера да бидете професионално ангажирани во толку многу проекти и иницијативи? Што ве тера напред за уште повеќе вакви предизвици?

Еден од моите најголеми мотиви, отсекогаш, беше улогата на пример и ментор за жени и девојки кои имаат амбиции да станат лидери во полето на менаџирање нови технологии, економски развој и претприемништво. Уште повеќе, мој мотив е и примерот на моето семејство и нашата посветеност на интернационализација и отворена размена на знаења. На крај, како граѓанин на светот, сакам да бидам катализатор во секоја иницијатива која цели кон решавање глобални проблеми, особено оние чиј корен лежи во јавно-приватните соработки.

Бевте заседавач на меѓународната организација „Жени во технологијата“ во Тексас, и бевте потпретседател на Националната асоцијација за жени во компијутерски науки. Зошто се чувствувате дека треба да бидете дел од вакви организации чија цел е да им се помогне на жените да напредуваат преку пристап до и поддршка од други професионални жени кои работат во сите области на технологијата?

Повеќе пати имам искусено како е да се бида жена во просторија полна со мажи, која се бори да биде сфатена на еднакво рамниште. Како голем верник во моќта на иновациите и претприемништвото, секогаш им кажував на девојките и жените со кои работев дека треба да ја искористат оваа моќ особено кога освојуваат нови територии, бидејќи тогаш вообичаено нема претходно одредени правила или конвенции и оттука таквите постапки нудат голема можност за нив да си го обезбедат „местото на масата“ и/или да седнат на „чело на масата“. Исто така, отсекогаш сум мислела дека што поголем напредок оствари човештвото, толку е поголема улогата на технологијата, и оттука потребата за луѓе со технички квалификации да учествуваат и го водат овој прогрес станува поголема. Патем, ова беше главната причина за објавувањето на мојата книга во 2000 година, како еден вид утрински повик за будење до жените дека интернетот е постојано присутен и дека тие би требало да направат сѐ што можат за да имаат доминантна улога во исцртувањето на основите и напредокот.

жени во технологија

Дали сметате дека во 21от век гласот на жените е вистински слушнат? Зошто т.н. женски лоби се толку многу важни денес?

Гледаме се повеќе жени на важни лидерски позиции и во приватниот и во јавниот сектор на секаде низ светот. Но сѐ уште сме прилично далеку кога станува збор за инженерство и технологија, а тоа ме загрижува. Затоа СТЕМ образованието е клучно, особено кога е прашање на избор за помалку од 25% од девојките во западниот свет, а тој процент е могу помал во другите делови на светот. Од исклучителна важност е жените не само да целат да бидат „членки на клубот“, туку да сфатат дека ни се потребни што повеќе жени на лидерски места бидејќи сме соочени со најголемите егзистенцијалистички предизвици во нашето постоење. И не треба да заборавиме дека мораме да направиме сё што е во наша моќ за да ги заштитиме жените низ целиот свет од бескрајната експлоатација и насилството кон нив, ако сакаме иднина каде човештвото ќе оди напред.

жени во технологија

Вие сте претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на државниот Фонд за иновации, но исто така држите предавања на приватни и државни универзитети во нашата земја. Можете ли да направите споредба меѓу студентките и претприемачките тука и во развиените западни земји?

Многу од моите студентуки на кои сум им предавала во оваа земја била паметни, отворени и имале широки гледишта. Сепак, ми се чини дека значителен број од нив немаа големи амбиции во смисол на личен успех и не зборуваа многу за тоа дека сакаат да основаат или да раководат нивни сопствени компании или јавни установи. Верувам дека многу од нив во суштина беа мотивирани да бидат добри студенти, и едноставно да најдат вработување, без да сфатат дека тие ја имаат моќта и способноста да ја исцртаат сосптвената иднина. Ова исто така се рефлектира и во стотиците апликации за иновации и технолошки развој кои му се доставуваат на увид на Комитетот во изминатите две години. Процентот на жени апликанти е под 50%, додека пак жените од малцинствата сѐ уште помалкубројни.

Сепак постојат сјани примери на жени претприемачи во Северна Македонија. Дали верувате дека тие прават доволно силно економско влијание во целокупната економија?

Сум имала прилика да се сретнам со исклучителни жени сопственички и менаџерки во земјата. Но сум загрижена поради фактот што тие не посветуваат скоро никакво време во ефикасно поврзување или вмрежување со други жени или пак целат кон стекнување нови знаења или престиж и моќ преку соработки и менторство. Ова особено важи кога станува збор за жените претприемачи.

жени во технологија

Која е Вашата препорака за женската бизнис заедница? Што би можела таа да направи за да се постигне посилно економско и социјално влијание?

Жените во бизнис заедницата мора да се организираат и да се вмрежуваат со жени од другите земји со цел да можат да вршат посилно влијание и да имаат посилен глас. Треба да се усвои првична агенда за клучни прашања што ги засегаат и за кои сакаат да извршат влијание, и да развијат акциски план заедно со конкретни волонтерки кои се подготовени да го извршат тоа. Уште повеќе, тие треба да ги искористат веќе постоечките ресурси за финансирање одредени проекти, бидејќи делото зборува повеќе од самите зборови!

Кој е Вашиот совет за младите жени кои сакаат да го чекорат патот на основање сопствен бизнис?

Имањето сопствен бизнис не би требало да се толкува како создавање можност за самовработување. Напротив, градењето бизнис значи развивање на способноста за создавање услуга или производ што би можеле да се нудат на глобално ниво. Секако, да се има натпреварувачки дух е важен дел од таа визија. На крај, жените се особено склони кон избегнување ризици. Сепак, започнувањето и водењето сосптвен бизнис секогаш ќе биде рискантна можност. Затоа е важно да се има силна заедница на ментори и колеги која ќе служи како постојан извор на поддршка.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -