Пет работи кои се во фокусот на жените претприемачи во 2020 год

Бројот на бизнисите во сопственост на жени е во пораст, а и сведоци сме на бавната промена на наративот од бизнис карактеризиран како редок феномен, до остварување со кое можеме да се гордееме, кое повеќе не се смета за куризотитет туку за редовна појава. Ова е охрабрувачка промена, но тоа не значи дека жените претприемачи не се соочуваат со пречки, пишува порталот business2community.com.

Поврзано:

За волја на вистината, не сите пречки се поврзани со полот, но трендовите бавно се менуваат, а пак трендовите што се однесуваат на жените иноватори се уште побавни.

Најголемиот предизвик е обезбедувањето неопходни средства. Инвеститорите попрво би вложиле во стари бизнис модели, традиционално раководени од извршни директори – мажи. Во основа, ова значи дека многу од бизнисите во сопственост на жени се соочуваат со недостиг на финансиска поддршка за воопшто да започнат да ги реализира сопствените идеи, а не па да изградат успешна компанија.

Иста почетна точка?

Според истражување спроведено во 2019 год од економскиот факултет при универзитетот „Колумбија“, новооснованите бизниси раководени од жени се осудени на неуспех пред дури и да добијат шанса да ги покажат сопствените квалитети. Вонредниот професор по бизнис од економскиот факултет на „Колумбија“, Јорге Гузман, вели дека празнината станува уште поголема во повисоките деловни ешалони.

жени претприемачи

„Додека напорите да им се помогне на постоечките жени претприемачи се важни, две третини од проблемот е фактот дека воопшто не гледаме жени кои стануваат претпреимачи на прво место или основаат компании со вистинската заднина што можат да привлечат почетен капитал за финансирање.“

Сепак, истражувањето покажува дека жените претприемачи постигнуваат еднаков успек како и мажите претприемачи, доколку успеат да обезбедат финансирање.

Ситуацијата делува нефер, најблаго кажано, а сепак сме сведоци на успешните приказни ширум светот. Во суштина, самиот термин „успешни приказни“ дури може да е потценување.

Имено, според состојбата на бизнисите раководени од жени во САД, бизнисите на чие чело стои жена се зголемиле за 58% од 2007 год до 2018 год, што е за 5% побрзо темпо од останатите бизниси. Уште повеќе, во опсег од изминатите 50 години, бизнисите во сопственост на жени се зголемија од 4,6% до 40% од вкупниот број бизниси во земјата.

Звучи охрабрувачки?

жени претприемачи

Другата страна

Ајде да ја погледнеме задната страна на паричката. Додека гореспоменатите цифри вистина делуваат надежно, друго истражување покажува дека бизнисите во сопственост на жени остваруваат само 4% од целокупните бизнис приходи. Односно, отприлика 90% од овие компании генерираат помалку од 100,000 долари годишно.

На крај, и покрај фактот дека жените поседуваат 40% од вкупниот број бизниси, нивните компании вработуваат само 8% од вкупниот број работна сила во САД.

Очигледно е дека бизнисите во сопственост на жени имаат уште долг пат да изодат. Самиот факт што успеале да стигнат до тука е некој вид чудо, со оглед на толку неповолните услови. Ова неизбежно го поставува прашањато како на овие жени им трнгало од рака да успеат со оглед на неповолната клима?

Јасно, со тоа што не се откажале. Но што тоа конкретно значи во поглед на стратегии, е сосема нова приказна. Стратегијата чекор-по-чекор можеби е ефикасна, но оваа приказна крие повеќе отколку што се мисли на прв поглед.

жени претприемачи

Оттука, да ги погледнеме заедничките карактеристики на успешните жени претприемачи и кои се нивните препораки за 2020 година.

1. Вмрежувањето може да создаде или распадне бизнис

Со оглед на сè, конекциите се ужасно важни. Ако жена со идеја успее да добие можност да ја претстави нејзината замисла, постојат големи шанси, дека таа ќе успее и да обезбеди финансирање.

Според скоро секоја жена претпреимач, најбрзиот начин некој да ве чуе е да се вмрежите, и потоа пак и пак.

Многу од овие жени  бараат ментори и можеби ќе ве изненади фактот дека многу често, тие успеваат да ги најдат.

2. Концентрирајте се на фокусот

Фокусирајте се на вистинските нешто (и само на вистинските нешта), затоа што кажувањето „не“ на сите работи што ви го реметат вниманието е клуч за успехот.

Првото нешто што треба да се сфати е каде точно се наоѓа вашиот бизнис во моментот и во која насока сакате да се развива. Откако еднаш ќе ја дефинирате вашата конечна цел, размислете за соодветни стратегии за тоа како да стигнете таму.

Луѓето мислат дека фокусирањето значи прифаќање на тоа на кое треба да се фокусирате. Но тоа воопшто не е вистинското значење. Фокусирањето значи да им кажете „не“ на стотиците други добри идеи што ги имате… Иновација е да им кажете „не“ на 1,000 работи – Стив Џобс.

жени претприемачи

Најважно е да ги игнорирате сите замки што ќе ги сретнете на патотот. Најчестата грешка што ја прават претприемачите од обата пола е насочување на сопствената сила кон премногу задачи, наместо да се концентрираат на поставената цел. Лесно е да ве понесе моментот, но ако сегашната задача не е поставена во насока на тоа да ве однесе до крајната цел, тогаш вложувате премногу напори. Дали некогаш сте чуле за „работи помалку за да направиш повеќе“?

Работењето премногу е огромна грешка што ја прават скоро сите претпреимачи. Бидејќи претприемачите се горди на нивните производи, тогаш е разбирливо зошто сакаат да ги „дотераат“ до совршенство. Трикот е дека ваквите процеси одземаат време, што значи дека моментумот на пазарот би бил изгубен додека вие го комплетирате вашиот производ.

Ова гледиште е добро срочено од Реид Хофман, основачот на LinkedIn: „Ако ја препрочитувате првата верзија на вашиот сајт и не се чувствувате засрамени, тогаш сте потрошиле премногу време на неа.“

Оттука, фокусот се применува само на конечната цел без разлика на чекорите помеѓу. Самото започнување и движење во вистинската насока е доволно, „дотерувањето“ ќе дојде по пат.

жени претприемачи

3. Барајте алтернативни извори на финансирање

Бидејќи почетниот ризичен капитал очигледно не е вистинскиот извор за претприемачите (би додале, од двата пола), време е да размислите за други избори. Пред да ја отфрлите идејата како контра-продуктивна, размислете за овој податок – само 0,05% од стартап компаниите успеваат да добијат почетен капитал.

Така што, каде да почнете да барате?

Ова прашање нема универзален одговор. Финансирањето лесно може да дојде од најнеочекуваните извори, како што се муштериите или љубителите на одреден производ или услуга. За да го најдете, ќе треба да прашувате луѓе дали се заинтересирани за вашиот бизнис, а за да го направите тоа ќе треба да направите многу телефонски повици.

Овој пристап не само што обезбедува финансирање, туку и му овозможува на бизнисот да стекне непроценлива корист: ги приближува потенцијалните партнери во равенката.

жени претприемачи

4. Преосмислете се себеси

Сите го познавате митот со Жената – чудо (wonder woman)? Прилично е искушувачки, особено поради тоа што жените претприемачи лесно паѓаат во замката на суетата. Со оглед на сите пречки поврзани со половата дискриминација и неповолната клима, лесно е да се разбере зошто.

Вистината е многу поразлична од митот. Жените претприемачи се склони кон нервни сломови многу повеќе и многу побрзо од нивните машки колеги само затоа тоа што на нив им е потешко. Да сте жена – чудо не е баш пријатна работа, барем не ако се трудите да го одржите менталното здравје и да имате живот надвор од работните часови.

Ова, и фактот дека никој не може да успее без помош, треба да ве охрабри да му кажете збогум на тој мит. Сфатете еднаш засекогаш дека не сте сама во вашата мисија и дека треба да им дозволите на колегите да ви помогнат. Размислете за ова во контекст на стартап компанија: со цел една таква фирма да успее, вклучените луѓе мора да се однесуваат како семејство, а не како колеги.

Или, ајде да го набљудуваме овој момент од друг агол: кога сите вложуваат многу работа и труд во бизнисот, дали е неправедно да му се дозволи на секој еден да биде горд на постигнатиот успех?

5. Не заборавајте која сте

Познатиот цитат на ирскиот автор Оскар Валјд гласи: „Бидете свои, сите други се веќе зафатени.“ Добрата вест е дека ова се однесува и на жените претприемачи, вклучително.

жени претприемачи

Без разлика на мерата во која сте го дефинирале вашето деловно лице, никогаш не заборавајте дека компромитирањето на сопствената личност е недозволливо.

Во основа, ова значи дека треба да одвоите и време за релаксација, да уживате во работите што ги сакате, и како што споменавме погоре, да си дозволите да живеете живот надвор од вашата работа. Инаку, која би била поентата на сите тие напори? Трупањето богаство (во најдобар случај) тешко дека прави смисла ако немате време и волја да го направите сопствениот живот поисполнет.

Едно нешто што жените претприемачи не се плашат да го направат е да признаат дека им треба пауза. Одвојувањето неколку дена за себе за да се опуштите од време на време е предуслов да бидете продуктивни и полни со енергија.

Фактот дека некои жени претпреимачи ги продале душите на овој храбар нов свет не значи дека треба да ги компромитираме работите што нè прават уникатни.

Моментот кога ваквиот вид на размислување ќе почнете да го применувате во сите аспекти на вашиот живот, вклучувајќи го и бизнисот, ќе сфатите дека сите успешни приказни на жени претпримечи потекнуваат од два избора: упорност и фокус. Ако еднаш не успеете, едноставно обидете се повторно. Во вашиот ум, не се откажувајте од крајната цел, и ќе видите, успехот ќе ве чека со раширени раце. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -