Сакате да ги подобрите вашите лидерски вештини? Фокусирајте се на критичко размислување

Како обучувач од областа на стратешкиот бизнис, една од моите клучни задачи е да го подигнам нивото на лидерските способности на тимовите во вишиот менаџмент. Сакам да кажам дека ако сакате да го растете и скалирате бизнисот, треба да го растете и скалирате лидерството. И една од клучните вештини е да се фокусирате на критичкото размислување, пишува Брус Екфелт, основач на консултантска фирма за технолошки компании, говорник и овластен обучувач.

Како што бизнисот расте во големина, така растат и комплексноста и обемот на проблемите и предизвиците. Без солидни вештини за критичко размислување, лидерите ќе носат лоши одлуки и нема да успеат да извлечат корист од стратешките можности. Многу често, она што го спречува бизнисот да го достигне својот полн потенцијал е недостаток на лидерска визија и ефективни вештини за решавање проблеми.

Во продолжение се наведени пет активности на кои се фокусирам кога работам со лидери за да ја подобрам нивната способност да идентификуваат, анализираат, решаваат и имплементираат ефективни стратегии за решавање проблеми.

Собирајте повеќе и подобри податоци

Првото нешто што го потенцирам е дека повеќето тимови се обидуваат да носат одлуки со ограничени податоци со лош квалитет. Добрите критички мислители почнуваат со собирање што повеќе податоци со висок квалитет. Тие не ги земаат нештата здраво за готово. Тие ги преиспитуваат извештаите и одат подлабоко за да бидат сигурни дека навистина разбираат што се случува на терен и ги максимизираат сировите информации со кои треба да работат.

Ова вклучува и структурирани и неструктурирани податоци, како и квантитативни и квалитативни информации. Исто така важно е да се осврнете и на историјата и трендовите и да ги споредите податоците кои ги анализирате со други референци и норми. Добрите мислители не се потпираат на извештаи и процеси, тие одат до изворот и ја наоѓаат сировата информација.

Научете како да одделувате факти од заклучоци

Откако сте ги собрале информациите, клучно е да ја разберете разликата помеѓу фактите и заклучоците. Премногу често лидерите прават претпоставки за тоа што е навистина вистинито и тоа го третираат како факт, а всушност тие се справуваат со заклучок. Ова создава нестабилна основа за кое било идно размислување и процес на носење одлуки.

Другите луѓе можат објективно да го набљудуваат фактот. Заклучокот вклучува претпоставка или мислење што може и не мора да е точно. Ако буквално возите од Њујорк до Лос Анџелес и за тоа ви се потребни 58 часа, тогаш тоа е факт. Ако користите мапа за да ја пресметате далечината и проценувате просечна брзина за да стигнете до 58 часа, тогаш тоа е заклучок. Не ги мешајте двете работи.

Разложете ги нештата на првичните принципи

Ги охрабрувам лидерите и тимовите да размислуваат имајќи ги на ум првични принципи. Тие се основните градежни блокови во размислувањето и носењето одлуки. Тие се клучните елементи што се вистинити без разлика на ситуацијата или контекстот.

До овие принципи вообичаено се доаѓа кога се поставуваат прашања со цел разјаснување на проблемот, кога се земаат предвид алтернативите и кога претпоставките се ставаат на тест. Откако еднаш ќе креирате сет првични принципи, тогаш ги имате елементите што ви се потребни за да почнете да создавате нови опции и нови решенија во кои можете да имате доверба.

На пример, првичниот принцип во тенисот е дека кога го удирате топчето одозгора тогаш тоа е побрзо од удирот со заден замав. Добриот тенисер знае како да го користи тоа во различни ситуации за да создаде стратешки ефекти. Кога овие два принципи се комбинираат со други принципи, тогаш експертски играч може да игра на начин на кој ја подига сопствената сила и ги користи слабостите на противникот.

Развивајте ефективни модели

Уште една алатка што може навистина да произведе ефект кај тимовите и лидерите е размислувањето преку модели и аналогии. Иако моделите и аналогиите се апстракција и редукција на реалноста, сепак на одредено ниво, тие можат да бидат корисни за да упростат одредена ситуација и за да помогнат во брзо наоѓање алтернативи и креирање стратегии.

На пример, скалираните економии се модел за тоа како цената се менува според волуменот. Иако некоја конкретна ситуација не мора да значи дека буквално го отсликува моделот, тој може да помогне во бизнисот како да се стекне ефикасност со зголемување на волуменот додека трошоците остануваат исти.

Трикот со моделите е да знаете каде и зошто функционираат и каде може да не функционираат добро. Моделите можат да ви помогнат набрзина да дојдете до увиди и стратегии, но треба да сте свесни за нивната ограниченост и да не дозволите да бидете заведени од погрешното чувство на безбедност за одредена реална ситуација.

Постојано предизвикувајте ги сопствените претпоставки

Можеби најважната работа на која се фокусирам со лидерите и тимовите е создавањето методи за тестирање и валидирање на нивните претпоставки брзо. Ако се остават непроверени, претпоставките можат да доведат до несоодветно резонирање и носење погрешни одлуки. Ова може да се избегне со едноставно стапнување во реалниот свет и проверка на личните претпоставки.

Со развивање на вашите вештини за критичко размислување, ќе го подобрите процесот на носење одлуки и на крајот ќе добиете подобри исходи и долгорочни резултати. И, иако некои од овие чекори можеби одземаат време и енергија, тие се добра инвестиција и ќе произведат силни резултати.

Извор: Inc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -