Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење. Тој или таа раководи со емпатија, е совршен комуникатор и совршено ја проширува вашата разнолика работна сила која веќе функционира прилично ефикасно. Сега, целта е да се охрабри вашиот нов вработен да го создаде најдоброто дело во неговиот или нејзиниот професионален живот. За да се постигне ова, ќе треба да покажете инклузивно лидерство, смета Тифани Пам, извршен директор на Могул, компанија која работи на регрутација на талентирани професионалци и една од 30 најуспешни жени помлади од 30 години, според Форбс.

Инклузивното лидерство е ваша обврска во текот на целиот животен циклус на вработувањето со цел создавање психолошка безбедност. И со оглед на микроскопскиот паразит што си живее надвор, обезбедувањето психолошка безбедност во работната средина сега би требало да биде основен дел од вашиот бизнис.

Што побрзо вашиот нов вработен се почувствува психолошки безбеден, толку подобро. Што побрзо вашите вработени знаат дека се слободни да споделуваат мислења, искажуваат идеи и прават грешки, толку побрзо ќе го стимулирате нивниот највисок потенцијал. Во продолжение се пет начини на кои можете да покажете инклузивно лидерство.

Поврзете ја работата со мисијата на компанија

Поголемиот дел од работниците припадници на генерацијата милениумци и генерацијата Зед сакаат да ја поврзаат нивната работа со мисија што придонесува кон општото добро на човештвото. Така што, ако сакате вашиот нов вработен да продолжи да биде инспириран, еден од најдобрите начини е да покажете ЗОШТО го правите тоа што го правите и тоа што почесто.

Ова нека ви биде рецепт за вреден и посветен вработен. Прво, повторувајте го проблемот во светот што вашата компанија го решава. Потоа, јасно дајте до знаење како работата влијае на решението. На крај, објаснете кому вашата компанија му врши влијание и објаснете ја нејзината дејност. Овој вид лидерство ги прави вашите вработените подготвени за успех.

Бидете отворени за нови идеи

Најлошите идеи се тие што не ги споделуваме. Вашиот нов вработен можеби има неколку идеи што имаат потенцијал да иновираат процеси во рамки на вашата компанија и тој или таа можеби е во можност да даде нови перспективи на постоечките иницијативи. Но се` додека тој или таа не се чувствува доволно психолошки безбеден да ги сподели неговите/нејзините идеи, тие најверојатно нема ни да бидат кажани.

За време на процесот на запознавање со функциите и карактеристиките на работењето на вашата компанија, осигурајте се дека доволно јасно истакнувате дека сакате да ги чуете неговите/нејзините мисли и дека ги цените неговите/нејзините идеи. Најдобрите лидер кои ги знам, вели Пам, секогаш се отворени за нови идеи бидејќи разбираат дека идеите го поттикнуваат иновирањето.

Дел од работата на лидерот е да го фасилитира протокот на идеи и да ги претвора размислувањата во стратегии. Често пати навидум лоша идеја го поттикнува создавањето на нова. Така што, овозможете простор за нови идеи и набљудувајте како е случуваат иновации.

Практикувајте транспарентна комуникација

Транспарентна комуникација е способноста да имате отворен, искрен и директен дијалог со некој. Но, границата помеѓу транспарентноста и неучтивоста е тенка.

Секогаш имајте ја емпатијата на ум. Кога се спроведува соодветно, транспарентната комуникација е една од основните практики што покажуваат инклузивно лидерство, и вашиот нов вработен ќе ве цени поради тоа.

Добро е да запомните дека вашите зборови се важни, особено кога сте на позиција на моќ. Така што, проценете како вашите вработени реагираат на вашите пораки и постојано приспособувајте го вокабуларот и тонот по потреба. Секој има различни комуникациски стилови, така што внимавајте на тоа што го кажувате и како.

Обезбедете флексибилност и емпатија

Флексибилноста е моделот на иднината. Сите ја научивме важноста на флексибилните системи на работното место во текот на минатата година, а тие ќе се одржат и во нашиот свет по пандемијата.

Флексибилните распореди во ситуации кога имаме хибридно работење или работа на далечина им овозможува на вработените кои исто така се обезбедувачи на нега да имаат простор во текот на денот кога можат да се осигураат дека нивното семејство е на прво место. Компании како Google и Facebook веќе најавија дека ќе имаат хибриден стил на работа почнувајќи од есента годинава. Компании како Slack и Twitter велат дека нивните вработени нема потреба некогаш да се вратат во канцеларија.

Ситуацијата во која се наоѓа секој вработен е различна, така што лидерите мора да покажат емпатија кон единствените предизвици со кои се соочува секој вработен. Проверката на менталното здравје на вработените нека ви биде рутинска и повторувајте ја важноста на здравјето и добросостојбата во рамки на организацијата.

Нудете конструктивни повратни информации и охрабрување

Конструктивните повратни информации и охрабрувањето имаат далекусежни ефекти. Премногу често лидерите споделуваат што не сакаат, но баш и не објаснуваат зошто. Ова прави вработените да се чувствуваат како да го изгубиле правецот и создава анксиозност. Конструктивните повратни информации се фокусираат на конкретни лекции и тоа започнува со охрабрување.

Да кажеме дека вашиот вработен ви предал работа за која му требаат повратни информации, но сработеното баш и не ги задоволува стандардите. Охрабрувањето го подготвува вработениот да ги прими повратни информации на продуктивен начин. Тоа исто така покажува дека ги поддржувате вашите вработени и дека сте желни да им помогнете да се развиваат на нивните работни позиции. Вештината и конструктивните повратни информации се клучни и можат да го забрзаат растот не само на вашиот тим, туку и на вашата организација.

Вашата крајна цел би требало да биде да најдете начин сите да се чувствуваат прифатени. Покажете им на вашите вработени дека ги цените како професионалци и како луѓе. Искористете го тоа како рамка за вашите идни и сегашни вработени. Целта на вашиот бизнис ќе ви заблагодари.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -