Промени што бизнис лидерите треба ги земат предвид ако сакаат да се движат напред

Како бизнис лидери, влеговме во една сосема нова реалност: пандемијата принуди голем број сопственици на бизниси одново да проценат како во моментов функционираат традиционално вкоренетите индустрии и работни модели. Голем број компании се` уште реагираат на ова „ново ненормално“ и не одвоиле време да го проценат сопственото стратешко влијание, или пак како ќе треба да ја маневрираат сегашната траекторија на нивната компанија. Сега повеќе од никогаш претходно, бизнис лидерите имаат јасна и моментална обврска одново да ја проценат нивната организација од А до Ш, истовремено одржувајќи критички однос кон долготрајноста и финансискиот успех, пишува Кедма Оу, извршен директор на Target Funding за Entrepreneur.

Буџетирање „на нула

Додека многу бизниси се борат со зголемувањето на продажбата, тие можеби ги занемаруваат стратегиите за остварување здрав нето профит. Важно е да се разбере дека зголемените продажби не секогаш водат кон зголемен профит, но сепак, намалувањето на трошоците секогаш ќе води до поздрава организација. Една од најдобрите стратегии за проверка на вашите сегашни можности за бизнис трошоци е инкопорирањето на проценка наречена „буџет основан врз нула“. Ваквиот вид креирање буџет бара да се отстранат сите бизнис трошоци и потоа повторно да се додават но со посветено поголемо внимание на нивното оправдување. Овој процес може да им помогне на бизнис лидерите да ги одредат трошењата и точно да знаат кои од нив се основни трошоци и без кои не може претпријатието да функционира, но и да ги дефинираат трошоците што можат да се одложат за подоцна, додека не се изнајде барем дополнителен приход.

Менување на структурата на исплатите

Како што платите често се единствениот најголем трошок што повеќето компании го имаат пресметано во нивните профити и загуби, темата за платите не може да биде избегната. Додека покренувањето на прашањето за алтернативна структура на исплати секако може да биде сензитивна тема со вработените, сепак е проблематика што бара сериозен пристап и која треба директно да се дискутира. Соочени со можност да се придонесе кон долготрајноста на компанијата или да се ризикува распаѓање на истата фирма, голем број лојални вработени најверојатно ќе ја искористат шансата да размислат за алтернативни опции. Ако оваа тема се комуницира соодветно и јасно, како и очекувањата од ваквиот чекор, тогаш оваа постапка може да ја засили кохезијата на тимот и да овозможи поголема посветеност на работата, и покрај предизвиците со кои се соочува компанијата во овој момент.

Како што често е случај со која било чувствителна тема, ваквата дискусија исто така претставува можност да се покаже силината и карактерот на компанијата и нејзиното раководство бидејќи таа овозможува влијанието да биде распоредено на плеќите на сите членови на организацијата, а не само од неколкумина одбрани лица. Исто така е исклучително важно сите да знаат дека какви било одложени обврски се потврдени и дека времето на какво било враќање кон стандардните операции или одлуки што треба да се продолжи се комуницира рано и често.

Намалување на недвижниот имот

Намалувањето на кириите за недвижниот имот и трошоците поврзани со канцелариска поддршка на работната сила може да биде уште еден важен трошок што треба да се земе предвид. Откако голем број сегменти од работната сила се префрлија кон работа од дома, вообичаеното размислување за зависноста од физичка локација (заеднички работни простории, службени патувања и сл.), темелно се менува. Една анкета спроведена во мај 2020 год за CNBC и вработените во Survey Monkey, покажа зголемено ниво на среќа како последица од работењето на далечина. Всушност, за голем број мали бизниси, производствениот капацитет оди во нагорна линија поради неколку поврзани фактори, вклучувајќи и намалување на времето на патување до и од работа.

Како пример за насока за ново размислување што е поврзано со работната сила и работењето со физичко присуство, REI неодамна ја сподели со јавноста намерата на компанијата да го продаде земјиштето на кампус во Сиетл како дел од нејзината стратегија да обезбеди поголема флексибилност за работа на далечина за нејзините вработени. Ако соодветствува со работниот модел на вашата организација, спроведување анкета врз вашите моментални вработени за да одредите дали трајното работење на далечина е остварливо може да отвори нови можности за широка финансиска корист на организацијата.

Автоматизирање на процесите за да се намалат времето и трошоците

Пред да се впуштите во спроведување на која било иницијатива за автоматизирање на процесите, бидете сигурни дека сегашните клучни индикатори за ефикасноста на тие процеси, како и средствата за постојана мерливост, се добро разбрани. Секоја можна промена би требало да биде измерена, за да може да ја осигура целокупната корист, и да не се намали потенцијалот на факторот што би можел да додаде вредност. Дури и едноставното менаџирање на времето во одредени важни бизнис процеси може да помогне да се одредат полиња на нови можности.

Како пример, голем број бизнис лидери се` уште користат мануелно менаџирање на досиејата на вработените. За работодавачите со работно сила која мора да е присутна на лице место или сервиси за поддршка со потребна човечка интеракција за време на оваа пандемија, многу регионални власти воведоа нови политики и процедури што можат да бидат особено тешки во однос на поддршката на мануелен начин. Едноставно средство да се намали количината произведени документи во компанијата и да бидете сигурни дека сите ги следат безбедносните политики е да имате вработени кои присуствуваат на обуки за користење конкретни онлајн апликации што дозволуваат надоградување на податоците за процесите во реално време и што можат да синтетезираат извештаи во зависност од конкретната потреба. Воведувањето ваков модел на работа може во голема мера да придонесе кон одржливоста на фирмата во случај кога е потребно да се имаат ажурирани статуси на работната сила.

Дополнителни грантови и ресурси

Додека голем број владини политики, конкретно за САД, донекаде им помогнаа на малите бизниси да се справат со губитокот на продажбата, сите бизниси треба да бидат свесни дека постојат многу патишта за финансиска поддршка што можат точно да одговараат на потребите на нивната организација.

Голем број држави и локални општински власти создадоа програми за доделување грантови во обид да се зачува локалната економија од буквален колапс. Проверете ги државните и локалните агенции за економски развој за да одредите дали и во вашиот крај постојат дополнителни финансиски и друг вид ресурси за вашата компанија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -