Како можат работодавачите да ги поддржат вработените родители за време на кризата со коронавирус

Последиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19 се чувствуваат насекаде низ светот. За голем број деца, ова значи дека мораат да се справуваат со повеќе работи одеднаш: нарушен образовен процес, болест во семејството и загуба на дел од семејниот приход – работи кои различно влијаат на момчињата и на девојчињата, а особено кај оние кои живеат во сиромашни семејства.

Поврзано:

Овозможувањето на вработените родители да го имаат времето и поддршката што им треба да се грижат за нивните деца, компаниите кои прифаќаат воведување политики за поддршка на оваа категорија вработени во нивните работни средини, помагаат во намалувањето на товарот што го носат децата во ова време на светска криза. Такви семејни политики опфаќаат мерки како што се платено отсуство на родителот, платено боледување, флексибилно договори по однос на работните обврски, и пристап до  квалитетна достапна грижа за децата, и други.

Во прилог се неколку начини како работодавачите да им обезбедат поддршка на вработените родители за да можат подобро да се грижат за себе, за нивните деца и нивните семејства за време на пандемијата на Ковид-19.

1.   Проценете дали сегашните политики на вашето работно место ефикасно ги поддржуваат семејствата 

Дали постоечките политики или преземени мерки доволно ги поддржуваат семејствата? Почнете со идентификација на најважните потреби на вработените родители. Посебен фокус треба да се стави на ранливите групи, како што се привремени, неформални работници или бремени жени, работници со попреченост и такви кои немаат пристап до социјални придобивки како што е платено боледување.

2.   Дозволете да се направат флексибилни договори

Флексибилните договори за работните обврски им овозможуваат на работниците слобода за тоа кога и каде тие ќе ги исполнат обврските. Поради тоа што потребите на вработените родителите можат во голема мера да се разликуваат, различни видови флексибилни договори им обезбедуваат поддршка на родителите за тие да можат да се грижат за своите деца и семејства. Флексибилните договори за работните обврски вклучуваат работа на далечина, набивање на работните ангажмани од целата недела во неколку дена или пак обезбедување подолго отуство така што работниците можат да се грижат за болни роднини, или пак за постарите лица или лицата со попреченост со кои можеби живеат.

3.    Поддржете ги родителите со безбедни, пристапни, достапни и квалитетни можности за грижа за децата

Поради затворањето на училиштата, градинките и детските центри, многу вработени родители се соочуваат со ограничени, ако не и никакви можности за грижа за децата. Некои дури можат да бидат приморани да ги остават помалите деца со ограничен надзор, и така да ја загрозат нивната безбедност. Работодавачите можат да ги поддржат овие родители на многу начини, како на пример користење на систем за прераспределба на детето во достапни градинки (барем во местата каде тоа е сё уште дозволено), субвенции и флексибилни договори.

4.   Промовирајте високо ниво на хигиена во и надвор од работното место

За оние родители кои обавуваат основни теренски должности, работодавачите можат да ги заштитат со тоа што ќе одржуваат чисто и дезинфицирано работно место, и ќе обезбедат пунктови за миење раце со постојана вода и сапун, или ќе обезбедат доволни количини гел за дезинфекција на база на алкохол каде што нема можност да се постават чешми за миење раце. Вработените мајки би требало да добијат поддршка да продолжат да дојат во чисти и удобни места за доење. Работодавачите исто така можат да помогнат да ги заштитат сите работници – вклучувајќи ги и тие кои работат од друго место –  со тоа што ќе споделуваат клучни пораки за превентивни мерки, насоки за патување и начини како да разговараат со нивните деца за коронавирусот.

5.   Обезбедете им на вработените насоки како да побараат медицинска помош

Работодавачите можат да ги насочуваат работниците кои можеби искусуваат симптоми на Ковид-19 до матичните лекари и нивните услуги. На пример, работодавачите можат јасно да ги искомуницираат адресите и телефонските броеви на локалните болници, здравствените установи и телефонските броеви за брза помош. Тие исто така можат да им обезбедат на работниците насоки како безбедно да се одвезат до здравствените установи.

6.   Помогнете им на работниците и нивните семејства да се справат со стрес

Работното место треба да обезбеди посебен вид помош и поддршка за работниците кои се чувствуваат анксиозни, збунети или уплашени за време на пандемијата со Ковид-19. Тие исто така можат да ги поддржат вработените родители кои им помагаат на сопствените деца да се справат со анксиозност и страв. Работодавачите треба да се осигураат дека единствено информации кои доаѓаат од проверени извори се споделуваат во компанијата, и дека сите вработени имаат пристап до психо-социјални услуги. Тие исто така можат да им обезбедат на вработените родители потребно време и ресурси за да ги утешат и да се грижат за нивните деца. Ова вклучува обезбедување корисни алатки што поттикнуваат разговор, игра и други форми на стимулација што децата треба да ја добиваат од старателите.

7.   Намалете го финансискиот товар ако работниците и нивните семејства се разболат од Ковид-19

Намалувањето на потенцијалниот финансиски товар предизвикан од пандемијата на Ковид-19 кај вработените родители е од критично значење. Мерките за поддршка можат да опфатат сигурност дека нема да го изгубат работното место, платено боледување и економски трансфери како што се надоместоци за децата или пак субвенции за здравствени трошоци. Ранливите групи како што се работниците кои примаат плата под минималната или пак неформални работници треба да имаат обезбедена посебен вид поддршка.

Семејни политики за сите

Најважно е работодавачите да се осигураат дека семејните политики се применуваат на сите вработени, без разлика на нивниот пол или статус на работното место (на пример, дали се вработени или се ангажирани по договор на дело). Промовирањето на култура во која работниците се чувствуваат удобно да ги користат ваквите мерки без страв од дискриминација или некој вид освета е клучно. Особено за жените, кои во многу места се задолжени за обврски што имаат врска со обезбедување грижа, наместо мажите. Треба да се преземат мерки преку кои компанијата ќе се осигура дека мајките не се казнуваат поради нивните одлуки. Со усвојувањето и проширувањето на политиките и мерките што се однесуваат на семејствата на вработените, работодавачите играат централна улога во поддршката на добросостојбата на вработените родители и нивните деца.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -