Шест начини како родителите да ги поддржат своите деца за време на пандемија

Уницеф ни овозможува пристап до психолошки совети за тоа како да им помогнеме на децата да се справат со емоциите што се јавуваат како последица на само-изолацијата и пандемијата.

Поврзано:

психолошки совети

Пандемијата и целата ситуација со коронавирусот може да предизвикаат различни чувства кај луѓето, како анксиозност, стрес, несигурност… Овие емоции можат во голема мера да влијаат на најмалите. Иако децата со овие емоции се справуваат поинаку од возрасните, особено ако детето се соочува со затворено училиште, откажани редовни активности, одвојување од другачињата и слично. Затоа, во овој момент, најважно за вашето дете е да се чуствува сакано и поддржано повеќе од кога и да било.

Уницеф во разговор со детскиот психолог, автор на книги, колумнист за New York Times и мајка на две деца- д-р Лиса Дамур, ни пренесува како да направиме децата да се чуствуваат нормално во домот во време на „ненормални“ услови.

1. Бидете смирени и проактивни

„Родителите треба да имаат смирен, проактивен разговор со нивните деца за коронавирусот, и важната улога која децата ја имаат во општеството во однос на чување на сопственото здравје. Објаснете им дека е возможно вие или вашето дете да почуствувате симптоми кои наликуваат на настинка и дека не треба да почуствуваат страв и немир при оваа појава,“ препорачува д-р Дамур. „Родителите треба да ги поттикнат децата слободно да им соопштат доколку не се чуствуваат добро, или доколку се загрижени за вирусот.“

„Родителите треба на своето дете да му покажат емпатија, доколку детето се чуствува загрижено за целата ситуација. Објаснете им на вашите деца дека болеста предизвикана од коронавирусот носи мали ризици, особено за деца,“ продолжува психологот. „Во овој момент можете да им посочите дека социјалното дистанцирање, миењето раце, седењето дома е најважно, дека со тоа тие можат да придонесат членовите од семејството и општеството да останат здрави.“

психолошки совети

2. Креирајте рутина

„На децата им е потребна структура, затоа треба да формираме рутина која ќе им помогне побрзо и продуктивно да го поминуваат денот.“ вели д-р Дамур. „Силно им препорачувам на родителите да направат распоред на денот. Овој распоред треба да вклучува време кога детето ќе може да се поврзе со пријателите на телефон, време во кое детето нема да има технологија во рака и ќе си игра, или ќе ви помогне со нешто низ дома.“

„При формирање на распоредот вклучете ги и децата. Можете да им дозволите на вашите деца да го креираат распоредот, да споделат мислење за тоа како сметаат тие дека треба да изгледа денот.“ Кога станува збор за деца кои одат во училиште, психологот вели: „Најдобро е распоредот да започне со обавување на училишните обврски и пишување на домашните задачи. Секако после подготвувањето на заеднички појадок.“

психолошки совети

3. Дозволете им на децата да ги искажуваат своите емоции

Со затворање на училиштата, откажани претстави, натпревари, спортски активности, вашето дете може да се почуствува разочарано. Д-р Дамур советува дека треба да им дозволите на вашите деца да ја почуствуваат таа тага. „Треба да им дозволите на децата да ги почуствуваат овие емоции, а не да да ги трупаат во себе. Поддршката и емпатијата во овие моменти ви се најдобар другар.“

4. Проверете ги информациите кои ги слушнале

Има голем број лажни информации за коронавирусот што се појавуваат на телевизија, интернет, радио. „Проверете дали она што вашето дете го слуша е вистина. Не е доволно само да им презентирате факти. Треба да дознаете што тие веќе знаат и мислат, и да почнете од таму да ги запознавате со вистината. Доколку само им презентирате факти, без да им објасните зошто тоа што го слушнале не е вистина, тие само ќе креираат своја вистина која ќе биде комбинација од сё она што го чуле.“

Доколку имате прашања кои не можете да ги одговорите, не измислувајте одговори. Искористете ја оваа прилика заедно да се информирате од вистинити извори, како страната на UNICEF и World Health Organization.

психолошки совети

5. Одвлечето го нивното внимание

Кога станува збор за процесирање на комплицирани емоции, најдете начини како да го насочите вниманието на вашето дете кон нешто друго. Создадете моменти во кои вашето дете ќе се чуствува безгрижно и среќно. „Играјте сите заедно некоја игра, гответе заедно, местете сложувалка.“ Доколку имате повозрасни деца, сега е совршено време да им покажете колку готвењето може да би интересно и да пробате некои нови рецепти кои заедно ќе ги припремите во кујната.

Доколку под вашиот кров се наоѓаат тинејџери кои поминуваат голем дел од своето време на нивните телефони, објаснете им дека иако имаат повеќе слободно време тоа не е причина целото свое време да го поминат на телефон. Покажете им  дека треба да си најдат некое хоби низ домот и да работат на својата креативност.

психолошки совети

6. Внимавајте на вашето однесување

„Нормално е родителите да се чуствуваат анксиозно, но треба да внимаваме бидејќи децата сѐ приметуваат и тие ќе почнат да се чуствуваат исто.“ вели д-р Дамур. „Би ги советувала родителите да пробаат да се справуваат со своите емоции подалеку од видикот на децата, со цел да не им пренесат страв. Знам дека ова е тешко и предизвикувачки, но е важно за здравјето и среќата на вашето дете.“

Децата покрај своите родители се чуствуваат безбедно и имаат помалку страв. Доколку го почуствуваат вашиот страв тие автоматски се чуствуваат помалку безбедно и се поанксиозни. „Треба да запамтиме дека возрасните се оние кои го возат автомобилот, а децата се само патници. Патниците треба да се чуствуваат безбедно во рацете на оној кој управува со автомобилот.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -