Најголемите предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи

Кога жена ќе одлучи да се впушти во претприемничка авантура, се соочува со предизвици што се различни од оние со кои се соочуваат мажите.

На француски, терминот „претприемач“ би можел да се преведе и како „авантурист“. Кога една жена започнува ваква авантура во модерниот свет на бизнисот, предизвиците можат да бидат огромни.

Тогаш кои се најголемите предизвици што жените претприемачи мора да ги надминат.

Тешка конкуренција во однос на колегите мажи

Долго време, претприемништвото беше област во која доминираа мажи. Иако ова сценарио се менува, сепак треба да се помине долг пат додека да стигнеме до еднакви услови и шанси за сите.

На пример, Индија е третата земја во светот по бројот на новоотворени стартап компании. Над 1000 такви фирми се отворени минатата година. Но процентот на стартап компании основани од жени во Индија е некаде 11%.

Ограничено финансирање

Финансирањето е клучно за започнување бизнис. Сепак, голем број жени во Индија немаат имот или некаков капитал на нивно име. Оттука, тие се соочуваат со проблем кога аплицираат за заеми поради недостаток на средства за залог. Ова не е проблем само во Индија, туку и во целиот свет. Неодамна објавен извештај на Блумберг покажува дека жените кои поседуваат и водат бизнис добиваат многу помалку финансиски средства во споредба со сумата што ја добиваат мажи.

Рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот

Глобално гледано, се очекува жените да играат поголема улога во домаќинството и да се грижат за семејството. Поседувањето и водењето бизнис значи долги часови работа, па логично е што рамнотежата помеѓу работата и семејниот живот може да биде вистински проблем за жените претприемачи.

Во случаи каде мајките работат, грижата за децата одзема многу време и енергија, оттука тие често пати се приморани да го стават развојот на бизнисот на второ место. Мажите, од друга страна, општо земено играат второстепена улога кога станува збор за обврските во домаќинството. Сепак, оваа ситуација изгледа дека се менува сега, како што гледаме повеќе мажи кои прават чекор напред и придонесуваат во обврските на домаќинството.

Минимална поддршка

Кога започнувате деловен потфат и се трудите да го најдете сопственото место во светот на бизнисот, потребна ви е што поголема поддршка. За несреќа, во голем број случаи, жените се наоѓаат во ситуација каде се препуштени сами на себе без никој да ги насочува. Во ова време, речиси е неопходно да имате искусни ментори и примери на кои можете да се угледате. За жените, менаџирањето на нивниот бизнис станува уште потешко ако членовите на нивното семејство и пријатели не помагаат во поглед на обврските во домаќинството и семејството. Како резултат на овој недостаток, може да биде особено тешко да се остави личен белег во арена каде веќ доминираат мажи.

Недостаток на образование

Во Индија, жените сочинуваат 68% од неписмената популација на земјата, вели извештај објавен од УНЕСКО. Жените претприемачи без формално образование се соочуваат со бројни проблеми кога станува збор за прашања од типот на развој на бизнис, одржување профили, разбирањето на финансиите… Недостатокот на вештини, информации и потребните ресурси да се води бизнис може да ги намали нивните шанси да го претворат бизнисот во успех.

Денес, многу земји се фалат со бројот на успешни жени претприемачи кои создале успешни брендови на меѓународни и светски пазари. Сепак, патот до успехот воопшто не е лесен. Само кога нивните семејства, инвеститорите и општеството во голема мера прават свесни напори да ги срушат ѕидовите што се подигнати на половите разлики, тогаш жените претприемачи ќе сјаат во корпоративниот свет.

Извор:savvywomen.tomorrowmakers.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -