Лекции од Кина за водење бизнис во услови на светска пандемија

Организацијата CEED Global, со посредство на Центарот за претприемачи и менаџери – CEED Macedonia, организира виртуелен настан – вебинар – Global Leaders Talk:  Lessons from China, чија цел анализирање на влијанието на Ковид-19 врз глобалниот бизнисот и што може да се извлече од кинеските искуства како поука.

Своите глобални искуство за водење бизнис во време на светска криза ќе ги споделат Хуан Фермин Родригез, основач и извршен директор на Kingo Energy, Џорџ Жанг основач на Sichuan Investment Fund на SEAF и Берт ван дер Варт, основач и извршен директор на SEAF.


Поврзано:

Како се води компанија која зависи од кинески добавувачи

Инаку, Kingo Energy претставува една од најновите инвестиции на SEAF, меѓународна групација за инвестиции во новоосновани компании. Инаку Хуан Фермин Родригез ја основаше компанијата Kingo Energy во 2013 година. Станува збор работи за компанија што обезбедува енергија добиена од обновливи извор, која остварува огромен раст во последните пет години. Тој ќе го сподели своето искуство за водење компанија којашто е зависна од добавувачи од Кина во услови на криза.

Инвестирање во време на Ковид-19

Покрај,  Хуан Фермин Родригез, на вебинарот ќе се обратат и Џорџ Жанг и Берт ван дер Варт.

Џорџ Жанг е оперативен директор на Sichuan Investment Fund. Тој е одговорен за воспоставување, преговарање, имплементирање и следење на инвестициони договори. Тој ќе зборува за влијанието на Ковид-19 на бизнисите во Кина и ќе даде сопствен осврт за рестартирање на економијата.

Берт ван дер Варт, како главен извршен директор, се грижи за глобалните операции на организацијата и е член на Глобалниот комитет за инвестиции на SEAF. Ван дер Варт ќе се осврне на работата на компаниите во коишто инвестира SEAF и неговите искуства од регионот.

Сите заинтересирани за овој бесплатен вебинар, којшто ќе се одржи на 22 април 2020 год, во 15 часот по средноевропско време, може да се пријават на следниот линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -