Кои се најбогатите жени во светот за 2018?

Жените уриваат рекорди на листата на Forbes за 2018 година, ги има вкупно 256, а богатството им е проценето на околу 1.000 милијарда долари што е за 20% повеќе во споредба со изминатата година.

Меѓу десетте најбогати има жени од разни профили на бизниси. Како најдоходовни се покажале малопродажбата, бизнисот со козметика и автомобилите, па дури и бизнис со чоколади и рудници.

Најбогата жена на светот е Алис Волтон, ќерка на основачот на американската компанија Walmart Сем Волтон. Проценето е дека има имот во вредност од 46 милијарди долари. Walmart е најголема американска и светска компанија за трговија и поседува најголем синџир на малопродажба.

Втора на листата е Франсоа Бетенкур Маерс, наследничка на козметичкиот гигант L’Oreal. Нејзиниот имот е проценет на 42,2 милијарди долари.

“Бронзата“ на листата ја држи Сузан Катен, која е наследничка на уделот во автомобилскиот гигант BMW со 25 милијарди долари на сметка.

Четвртото место годинава и припадна на Жаклин Марс која се занимава со производство на храна. Таа е сопственичка на светски познатиот бренд за чоколади Mars. Нејзиното богатство тежи 23,6 милијарди долари.

Петото место го држи Јанг Хуијан од Кина, која работи со недвижнини и од нив лани имала приход од 21,9 милијарди долари.

Шеста на листата е Лорен Пауел Џобс, која има акции во Apple и Disney Богатството и е проценето на 18,8 милијарди долари. Сопруга му беше на Стив Џобс.

На седмото место е Џина Рајнхарт со 17,4 милијарди долари, таа се занимава со рударски бизнис во Австралија.

Дека работата со рудниците е доходовна, доказ е и Ирис Фонтбона од Чиле. Таа се наоѓа осма на листата со богатсво вредно 16,3 милијарди.

На девето место е Абигејл Џонсон од САД, која се занимава со финансиски менаџмент и “тежи“ 15,9 милијарди.

Последното, десетто место е во рацете на Шарлин де Карваљо која стои позади данскиот бренд за производство на пиво Heineken. Нејзиното лично богатство изнесува 15,8 милијарди долари.

Фото: Pexels

Извор: bi.mk

 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -