Како ќе изгледа патувањето низ светот пред појавата на вакцина

Луѓе на плажа одделени со плексиглас. Тестови и прскање со средство за дезинфекција пред да полетате. Овие постапки можеби ви звучат екстремно, но тие се реални мерки што се разгледуваат во туристичката индустрија со цел да ги направат оние кои сакаат да летуваат да се чувствуваат безбедно и удобно во светот по карантинот, пишува BBC.

Поврзано:

Премногу е рано да се каже кога точно одново ќе започне меѓународните летови – Аргентина на пример, ги откажа летовите до септември, а британскиот министер кажа дека нема да резервира летен одмор во догледно време.

Но како ќе изгледаат прекуокеанските патувања кога ќе можеме повторно да патуваме?

Еве што би можело да очекувате.

На аеродромите

Голем број аеродроми, вклучувајќи го и Лондон, веќе воведоа мерки што треба да им излезат во пресрет на оние кои мораат да патуваат, засновани на насоките од владата. Овие мерки вклучуваат еден до два метри оддалеченост во секое време (освен за лицата кои живеат заедно), гелови за дезинфекција распоредени низ целиот аеродром и напори патниците да се распределуваат еднакво низ сите терминали.

Во САД, органот за безбедност во транспортот (Transport Security Administration – TSA) посочува дека патниците треба да ги мијат рацете 20 секунди, во согласност со официјалните насоки, пред и после процедурата за проверка на безбедноста.

Но, меѓународниот аеродром во Хонг Конг работи на овозможување тестови на целото тело со направа за дезинфицирање. Според менаџментот на аеродромот,  со користење на спрејови што ги убиваат бактериите и вирусите на кожата и облеката, корисниците можат да бидат исчистени за 40 секунди.

патување

Аеродромот во Хонг Конг исто така врши тестови со автономни роботи за чистење што се движат наоколу и убиваат микроби, на тој начин што ги „ловат“ со ултравиолетова светлина. Слични вакви роботи се тестираат во импровизираните болнички соби.

Аеродромите на кои има електорнски киосци за чекирање ги охрбаруваат патниците да ги користат секаде кадешто е можно со цел да се избегне интеракција.

На повеќето аеродроми можат да се видат постери со насоки, мерки и инструкции низ целиот простор на зградите.

Џејмс Торнтон, извршен директор на групацијата „Интерпид“, вели дека процесот на поминување низ аеродромот најверојатно ќе трае подолго поради построгите проверки.

„Исто како што отстранувањето на течности и направи пред да ве скенираат машините стана норма, така ќе биде и со новите насоки за држење социјална дистанца,“ објаснува тој, и додава: „Можно е да го засведочиме и појаувањето на пасош за имунизација.“

Во почеткот на оваа година, неколку аеродроми најавија дека ќе воведат „скринин за термичка детекција“, со цел спречување на дополнително ширење на вирусот во прекуокеанските летови.

Сепак, постапката ги подели мислењата на експертите, бидејќи се верува дека некои луѓе се асимптоматични, така што голем дел од аеродромите нема да ја воведат оваа процедура.

Некои земји, од друга страна, преземаат поекстремни мерки. Емиратите ќе им понудат на патниците брз тест за детекција на Ковид-19 пред да се качат на авион на некои од терминалите на аеродромот во Дубаи. Емиратите велат дека тестовите даваат резултати за десет минути.

Во авионот

Како што ќе седнувате на вашето седиште, ќе треба да ги замислите насмеаните лица на стујардесите, бидејќи најверојатно тие ќе носат маски.

патување

Можеби ќе одберете и вие да се насмеете, но најверојатно и вие ќе носите маска, бидејќи сè повеќе и повеќе земји ја препорачуваат нивната употреба.

Во меѓувреме, вашиот ум ќе мора да се навикне на фактот дека поголемиот број на авиопревозници ќе треба да ги засилат нивните процедури за чистење и дезинфекција, така што седиштето, малата масичка од седиштето пред вас, и ременот ќе бидат соодветно дезинфицирани.

Ако летот сте го резервирале со Korean Air, немојте да се вознемирувате ако се појават луѓе во авионот кои носат целосна заштита опрема, бидејќи оваа компанија најави дека планира да издава наметки, ракавици и маски за очи за посадата.

Ова би било добро време да почнете да го цените фактот дека нема да ги делите потпирачете за раце на седиштето со други патници, бидејќи повеќето авиопревозници најавија дека летовите  нема да бидат целосно букирани и дека седиштата во средина ќе бидат празни, барем за почеток.

Пилот за „Туи“, кој замоли да се ослови само како Кристијан, вели дека оддалечувањето на патниците во авионот има смисла во контекст на насоките за социјална оддалеченост, но дека ваквите чекори можат да воведат „забрани во голема мера “ и дека ти се прилично скапи.

„Губитокот на третина од седиштата значи дека авиокомпаниите летаат со загуба, или дека ќе се вратиме на старите добри денови кога повратен билет од Париз до Ница чинеше 1.000 фунти, во денешни пари.“

Кристијан вели дека земјите кои во голема мера се потпираат на туризам веќе контактираат оператори. „Верувам дека ќе видиме скромен почекот со летовите кон одбраните дестинации кон крајот на сезоната.“

На вашата дестинација

Како ви звучи одмор на плажа во Италија? Можеби ќе се видите себеси како плетете на плажа одделени од другите со високи паравани од плексиглас.

„Сум видела цртежи,“ тврди Улф Сонтаг од Институтот за туристички истражувања во Северна Европа, „навистина сериозно размислуваат за оваа идеја во Италија.“

Г. Сонтаг вели дека европските дестинации бараат начини како да ги менаџираат гостите во хотелите, вклучувајќи ја можноста да се отвори секој втор хотел, или секоја втора соба во одредена хотелска зграда.

„Ако главаната цел е социјално дистанцирање, тогаш ќе мора да работат со тоа. Ми се чини дека базените во медитеранските ресорти нема да се отворат,“ додава тој.

Додека рестораните бараат начин да ги постават масите на поголема оддалеченост една од друга, еден хотелски ланец од Португалија – Vila Gale – вели дека работи на обезбедување голема количина гел за дезинфецкија и дека составува „менија а ла карт за замена на шведските маси“.

Николаос Сипсас, професор по медицина во Атина, се сложува дека оброците на шведските маси се голем ризик, како и базените, баровите и плажите.

„Гледам како луѓе ги посетуваат плажите во во ретки групи Грција, со други зборови ќе има капачи, но нема да бидат блиску еден до друг. Нема да го видиме феноменот на организирани плажи со пешкири наредени еден до друг,“ вели тој.

Други европски земји разговараат за воведување на „туристички коридори“ со цел да ги поврзаат регионите и земјите членки што се помалку погодени од Ковид-19.

Хрватска, на пример, веќе најави дека можно е да им обезбеди на нејзиние туристи од Чешка и Словачка специјален пристап до нејзините плажи ова лето.

патување

Дали ова ќе ја смени иднината на патувањето засекогаш?

Можеби не ви се допадна како изгледа одењето на хипотетички одмор годинава. И веројатно не сте сами со ваквата разочараност. Но, факт е дека повеќето одмори во иднина ќе ги летуваме по дома.

„Најверојатно луѓето помалку ќе патуваат во други земји, она што се нарекуваше „одмор од дома“ (staycation) ќе се промени, и можно е тоа да стане норма,“ потенцира Енди Рутерфорд, основач на британскиот тур-оператор Fresh Eyes.

Со појавата на светската пандемија, крстарењата со бродови, зимските одмори и долгите летови можеби ќе изгубат дел од привлченоста, особено кога фокусот е зелена технологија и начини како да се справиме со климатските промени, додава Рутерфорд. „Нашата заложба да патуваме мора да се заснова на заемна почит, солидарност и одговорност.“

Г. Сонтаг се сложува дека пандемијата ќе вроди со промени во навиките: „Домашното патување може да ги натера луѓето да сфатат дека не мора секогаш да се патува толку далеку.“

Скорашна анкета спроведена од Меѓународната асоцијација за авио-транспорт (International Air Transport Association – IATA) посочува дека 60% од испитаниците поскоро би почекале два месеци пред да почнат да букираат летови откако ќе се стави под контрола ширењето на коронавирус, додека 40% од учесниците во истражувањето кажале дека би чекале барем шест месеци.

Боинг, кој отпушти 10% од работниците како одговор на Ковид-19, изјави дека не очекува патувањата со авион да се вратат на нивото од 2019 год, барем до 2023 год.

IAG, компанијата која ја основа British Airways, вели дека за да се врати нивото од 2019 год, ќе бидат потребни „неколку години“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -