Со Ковид-19 заедничките канцеларии стануваат клучни за развојот на бизнисите

Знаеме дека животот и нашето секојдневие ќе се сменат, барем додека не се открие вакцина против Ковид-19. Но сè уште само се претпоставува како ќе изгледа професионалниот живот, какви ќе бидат промените, кои бизниси ќе страдаат најмногу, а кои целосно ќе се изменат и ќе напредуваат.

Поврзано:

Иако многумина сметаат дека оваа криза ќе има големо негативно влијание врз „коворкинг“ индустријата, други пак веруваат дека напротив, заедничките канцеларии ќе бидат клучни за развојот на некои бизниси.

Форбс ни пренесува 3 причини зошто оваа индустријата ќе излезе од кризата предизвикана од коронавирус, посилна и повлијателна. 

1. И вработените кои работат на далечина имаат потреба од работен простор

Со намалување на бројот на патувања и можноста за работа во други градови, ќе се зголеми бројот на работници кои не работат во просториите на компанијата, односно ќе порасне бројот на работници кои работат од далечина. Со ова, градовите и бизнисите ќе мораат сè повеќе да соработуваат онлајн со луѓе од други градови и држави.  Оттука, заедничките деловни простории играат главна улога во овој начин на работа.

Големите корпорации ќе бараат начини да го намалат бројот на вработени во една просторија, неколку компании веќе сместија дел од своите вработени во таков заеднички простор. Овој тренд се очекува да продолжи, бидејќи на овој начин ќе се одржи работната продуктивност, која со работа од дома полека паѓа, а во исто време ќе се овозможи побезбеден начин на работа за сите.

коворкинг

Поради кризата со Ковид-19, голем број луѓе за првпат се соочија со работа од дома. Иако на некои им одговара овој начин на работа, поголемиот број од нас кои се навикнати на работна атмосфера во канцеларија сме соочени со сознанието дека домашната удобност не ни ја овозможува истата продуктивност и леснотија на работа. Затоа, некои веруваат дека со олабавување на мерките, голем број лица кои нема да можат да работат од својата канцеларија, сами ќе побараат поинаков простор за работа со работна атмосфера – односно заеднички деловен простор.

2. Полесна координација на ресурси за малите бизниси

Заедничките деловни простории не служат само како канцеларии за работници од далечина, туку се и основна структура за поддршка на малите бизнис, фриленсерите, и други видови современи претприемачи. Генерално, заедничкиот деловен простор е многу важен за малите бизниси што функционираат на периферијата на локалната економија. За многу од овие бизниси, работењето од дома не носи решенија.

Во САД на пример, најтешко ќе биде средствата доделени преку државното тело за помош на малите бизниси (Small Business Administration) да стигнат токму до овие периферни бизниси. Многу од малите фирми веќе се соочуваат со пречки во поглед на пристапот до капитал или до локални бизнис мрежи. Голем број од нив немаат потпора за да аплицираат за кредити и грантови.

Заедничките деловни простории се добро поставени  и можат да помогнат при создавање врски на вистинските места. Тие се добро поврзани со периферните бизниси и со бизнисите со кои е потешко да се стапи во контакт, особено во овие кризни времиња. Благодарение на нивната работа, тие имаат одлични работни односи со овие компании, и можат да овозможат брза и сигурна поврзаност на малите бизниси со ресурси и контакти.

Ако сте претседател на филантропска фондација или пак стопанска комора, можете да се обратите на менаџерот на некој локален заеднички деловен простор и да дознаете што можете да направите да ја поддржите локалната економија и како да го поддржите самиот „коворкинг“ бизнис во исполнување на оваа витална улога.

коворкинг

3. Заедницата е клучна во процесот на обнова

Заедничките деловни простории со право претставуваат локални економски машини. Во својот извештај за 2019 год, Launch Pad објави во јануари дека на 5 различни локации, заедничките деловни простории овозможиле:

  • Креирање на 9.000 работни места,
  • Вредноста на основачкиот капитал се зголемил за 230 милиони долари
  • Изнајмиле над 1 милион квадратен метар недвижнина

Овие бројки се токму тие што им се потребни на лидерите во моментов. Кога ќе заврши кризниот период, лидерите ќе бараат начини да креираат работни места и да го пополнат канцеларискиот простор. Заедничките деловни простории можат да помогнат во оваа насока.

За да можат да почнат да го обновуваат сопствениот бизнис, претприемачите, сопствениците на бизниси и луѓе кои работат за себе ќе имаат потреба да станат дел од заедница и да создадат нови контакти. Создавањето заедница е одличен начин за меѓусебна поддршка и поврзување на вистинските луѓе со конкретна задача.

По завршувањето на кризата, некои бизниси нема повторно да се отворат, некои претпримачки соништа ќе останат неостварени. Затоа, силата на заедницата ќе биде клучна во повторното поврзување на луѓето и враќањето во светот на бизнисот.

Заедничките деловни простории се вистинската алатка за ова! Тие претставуваат хабови за создавање заедници, градење релации и вмрежување со други бизниси. Оттука, заедничките деловни простории сигурно ќе играат главна улога во обновување на бизнисите откако кризата ќе заврши.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -