Како да ја донесете вистинската одлука

Воопшто не е лесно кога треба да се донесе важна одлука. Без разлика за што се работи, секогаш постои доза на двоумење, сомнеж и несигурност дали избраното решение е она вистинското.

Во продолжение неколку совети како полесно да го направите изборот.

Она што прво треба да го направите е да знаете што сакате да постигнете со одлуката, односно зошто истата треба да се донесе.

Истражете сè што може да се истражи. Преиспитајте ги сите факти и информации за полесна проценка на опциите што ги имате.

Обезбедете неколку можни решенија. Проверете дали се во согласност со вашите интереси, вредности и способности.

Многу е важно да ги имате на ум најлошите сценарија. Што може да се случи ако одлучите вака или онака. Дали ќе можете да излезете на крај со ситуацијата или не?

Направете листа со добрите и лошите работи од секоја можна одлука. Издвојте ги приоритетите и оние помалку важните работи.

Побарајте мислење од личност на која ѝ верувате и којашто била во слична ситуација. Можеби нешто сте заборавиле да вклучите во процесот на одлучување.

Донесете ја одлуката и стојте зад неа. Следете што ќе се случува и доколку не сте задоволни од неа, не грижете се, следниот пат ќе имате повеќе искуство и ќе донесете подобра одлука.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -