Со емоциите учиме да бидеме посилни и ја разбереме вредноста на животот

Нела Јолеска меѓународно сертифициран коучер и напреден тренер на тренери во Six Seconds во Дубаи и директор на EQ EXCELLENCE

Се почесто го слушаме терминот емоционална интелигенција и доаѓаме во контакт со разни дефиниции за него. Токму на таа тема разговаравме со Нела Јолеска од EQ Excellence, за малку подобро да ги разбереме емоциите и поуспешно да управуваме со нив.

1. Како би ги дефинирале емоциите и емоционалната интелигенција?

Да бидам искрена, ова прашање си го поставувам уште од мојата 11-та година, пред да се сертифицирам во Дубаи во најдобрата интернационална институција Six Seconds за мерење и зголемување на емоционалната интелигенција. Бев дете и почнав да ја пишувам книгата за емоционалната врска и зрелост на родителот и детето.

Како што растев и се развивав во личност која сакав да сум, се соочував со разни предизвици, искушенија но и емоции кога донесував одлуки и живеев без жалење за донесените одлуки. Откривав дека емоциите се тие што ме правеа да се чувствувам жива, среќна и успешна. Почнав да распознавам што значи да живеам храбро и одлучно според своите желби и амбиции, а не да преживувам. Препознавав што е тоа што човек го прави да е најдобар во тоа што го прави (дел од денот, притисокот, мотивацијата од внатре и разбирање на суштината).

Емоциите се дел од нашата човечка биологија. Тие се хемиски сигнали кои ни помагаат да ги регулираме нашиот ум и тело и ни помагаат да донесуваме комплексни одлуки, да комуницираме со луѓе и изнаоѓаме решенија во животот. Иако се невидливи, понекогаш  збунувачки, емоциите се дел од нас. Ние секојдневно може да учиме од нив, а со таа цел јас и мојот тим во EQ Excellence сме тука да ве насочиме полесно да го поминете тој процес.

Кога учиме да ги препознаваме емоциите кај себе и кај другите, учиме да носиме поефективни одлуки, поквалитетно се поврзуваме со другите, ја наоѓаме и живееме својата животна цел исполнети со радост и уживање.

Со емоциите учиме да бидеме посилни и ја разбереме вредноста на животот. Емоциите можат да ја променат нашата перцепција и да не направат посилни. Емоциите можат да го ослабат влијанието на надворешните околности кое го доживуваме поради своето незнаење. Позитивните емоции треба да ги сакаме, а за стравот и стресот е потребна храброст за да се соочиме со нив.

2. Може ли да се управува со емоциите?

Причината поради која пред 4 години ја основав мојата компанија EQ Excellence беше токму тоа, да им помагам на луѓето побезболно и поефикасно да управуваат со емоциите.  Ќе споделам лично искуство со еден од моите ментори и учители, Џошуа Фридман, директорот на Six Seconds, кој знае да каже: “Првите два дена од тренинг намерно ве оставам да се фрустрирате, не ви дадам насока во наоѓање решение и брз одговор на вашите предизвици, затоа што така нема да ја научите моќта на препознавањето на емоциите”. Од него научив дека не постојат добри и лоши емоции и ми беше потребно време да разберам зошто е тоа така. Го одбрав подолгиот пат да разберам и научам, но тоа што го научив ме ослободи и доживеав слобода и свесност за која претходно не сум ни помислувала дека постои. А одговорот го најдов токму во управувањето на емоциите.

Важно е да разбереме дека секој човек може да научи да се “ослободи” од  секоја емоција. Секој човек може да научи да ги контролира сопствените емоции, однесувања, одлуки и квалитет на живот.

Справете се со стресот – изберете добро друштво,  прочитајте добра книга, облечете се убаво и одете во природа, јавете се кај некој вистински пријател/пријателка, спортувајте, мислете добро, зборувајте добро, правете добри дела.  Нема мали и големи емоции, лесни и тешки. Ние самите со нашиот ум ги правиме да бидат тешки. Емоцијата е сила, љубов, слобода за да го живееш животот. Ако научиме да ги насочиме емоциите кон добро, кон некоја личност и ако праќаме позитивни сигнали, тогаш такви емоции ќе ни се вратат назад. Има само едно време-сегашност. Нема иднина, нема минато. А токму тоа го правиме на нашите Коучинг сесии и корпоративни тренинзи.

Нашето тело умее брзо да препознава ситуации кои носат одреден степен на задоволсво или незадоволство. Ако сфатите дека поседувате природна моќ да ги препознавате и именувате емоциите, вие сте 50% со решението во раце. Прашајте се, како се чувствувам кога помислувам на моите сонови и желби? Дали сум лојална на моите сонови или стравови?

Нашите позитивни емоции ги поттикнуваат центрите во мозокот со кои креираме прогрес и напредок, но постојат и корисни негативни емоции (лутина, анксиозност, фрустрација, бес…) кои се наши најголеми учители. Од мојот прв учител преку океанот Даниел Големан, научив дека по добро научена лекција, кој може да каже дека искуството не било корисно и добро?

3. Дали емоционалната интелигенција е еден вид на алатка, што ако паметно ја користиме добиваме многу?

Во EQ Excellence преку нашите корпоративни тренинзи и индивидуални коучинг програми користиме многу ефикасни техники и алатки со кои на луѓето им помагаме да го дадат најдоброто од себе.

Eмоционалната интелигенција (EQ) како една од најважните интелигенции, на човекот му помага побрзо да постигне успех, да предвиди конфликти и изгради високо квалитетни врски со клиентите и тимот. Градејќи ја довербата , манифестирајќи ефикасност и исклучителност, клиентите ги препознаваат вредноста која ја креираме и парите доаѓаат сами. Затоа после корпоративните тренинзи за продажба, клиентите имаат 20% зголемување на продажбата!

Алатките и техниките кои ги користиме се лесни и практични за примена. Нашите тренинзи се несекојдневни, многу поразлични од останатите на пазарот. Еднаш месечно имаме вебинари заедно со колегите од Six Seconds (од Америка до Јапонија), го споделуваме своето знаење едни со други и така континуирано се усовршуваме. Применуваме знаење од интернационални најдобри тренери, споделуваме најнови научни истражувања и следиме најнови трендови.

Стекнатото знаење нашите клиенти веднаш почнуваат да го применуваат во своите компании и тимови. Тоа е така затоа што го даваме најдоброто од себе, затоа што квалитетот и фокусот на унапредување на способностите е наша обврска и цел. Затоа што сме свесни дека причините кои ги одвојуваат успешните лидери на тимови од помалку успешните се ефектите од позитивната промена, а не моменталните доживувања.

Тимскиот успех не е само за тимските лидери, туку е клучна способност за секој кој соработува со клиенти. На нашите тренинзи менаџерите развиваат практични способности како подобро да работат со клиенти и ја остварат својата цел, како активно да партиципираат, да делат награди и почит, да помагаат и соработуваат. Со EQ го носите тимот со себе со поголема посветеност, а вие како менаџер градите позитивни релации, тимски дух, гордост и вредност кај клиентите за идентитетот на брендот кој го развивате.

4. Моќ, Уникатност, Трансформација се трите зборови со коишто се идентификува вашата компанија EQ EXCELLENCE. Велите дека креирате силни индивидуи, лидери… На кој начин го правите тоа?

Живееме во 21-от век, време со разгорени проблеми кое модерниот начин на живот природно ги наметна. Луѓето се подложни на голем стрес, преоптоварени со тензија (психичка, емотивна, ментална), живеат во загадена животна околина и конзумираат нездрава храна, расте бројот на здравствени проблеми, луѓето живеат во дисфункционални фамилии. Сиот овој притисок создава несигурност за иднината на индивидуата и семејството, растат трошоците, а луѓето мораат да се носат се поуспешно со овие предизвици.

Прашањето кое секој ден си го одговараме е: Како да живееме слободно, како да постигнеме баланс и жонглираме успешно со приватниот и професионалниот живот?

Одговорот е со будење на внатрешната сила и потенцијал, со разбирање на смислата на животот, со нејзино манифестирање од внатре на надвор, со Благодарност.

Од деца почнуваме да се запознаваме од надвор па полека се спознаваме какви сме внатре. Во Јапонија векови наназад самураите на првиот час тренинг само да се гледале во огледало, за да се запознаат прво себе физички. Ние денес поради притисокот на надворешноста забораваме да погледнеме во себе и од внатре да ги црпиме сета сила, моќ, смиреност, радост и љубов. Некако забораваме дека овие особини се во нас, со нив сме родени и постојат независно од надворешните процеси. Ние во EQ Excellence веруваме дека секој од нас ја поседува моќта и силата да создава и креира позитивна промена. Секој од нас е уникатен, неповторлив и посебен. Секој од нас има мудрост да се трансформира во подобра верзија од себе, а тоа го може со одлука кога е спремен, само одговорно, преку постојано инвестирање во својот личен и професионален раст и развој.

Со помош на коучинг програмите, сведочам на многу успешни промени, на многу среќни промени, на многу направени акции и постигнати резултати и верувајте, ако постојат зборови со кој би ги опишала сите тие успеси би биле:

“Животот е прекрасен! До последен здив човек вреди да го дава најдоброто од себе на себе, не поради очекувањата од околината туку поради мисијата која ни е дадена да ја живееме.”

5. Дали може секој да биде вклучен во вашите коучинг програми и обуки?

Апсолутно да. Нашите корпоративни тренинзи и индивидуални коучинг програми им помагаат на професионалците фокусирано и интензивно да постигнат успех. Прогресот го следиме за време, но и по обуките, а со тоа постигнуваме максимален долгорочен напредок и се разбира, задоволни и лојални клиенти. Развиваме едукативна плаформа Smart Business Intelligence ® со која менаџерите од различни држави може да ги менаџираат и следат перформансите на своите тимови. Лиценциравме и фамилијарен едукативен програм “Мали и Возрасни Генијалци ®”  во којшто блендирано децата и родителите ги развиваат емоционалната интелигенција и аспектите на генијалност.

6. Креирате ли персонализирани програми, според потребите на клиентите?

Да. Во EQ Excellence креираме програми според потребите на клиентите, разбираме што најмногу им треба, ги разбираме нивните потреби и им помагаме да ги применат вештините со коишто ќе го дадат најдоброто од себе. Ги користиме сетилата и нивните таленти за да го постигнат и уживаат во нивниот успех.

Со емоционалната интелигенција учиме како приватно и професионално луѓето да ја почувствуваат моќта во свои раце, како да ги прифатат емоциите со умереност и смиреност. Во нашите индивидуални коучинзи и корпоративни тренинзи често ги прашуваме менаџерите како лично придонесуваат во развој на перформансите на тимот? Кога ќе се фокусираат на конкретен профит, продажба и клиенти, кои се клучните способности кои го стимулираат тимот да го даде најдоброто од себе.

За да го даде човек најдоброто од себе потребно е да поседува страст и професионалност во работата. За да биде задоволен и среќен повторно е потребно да поседува страст во работата и да биде вреднуван трудот кој го вложува, а за да биде добро платен потребно е да биде голем професионалец и да ја работи работата која ја сака.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -