Како да се преминат пречките во работењето предизвикани од Ковид-19

Стратешки совети како вашата компанија да ги преброди пречките предизвикани од пандемијата на коронавирус се темата на третиот Global Leaders Talk онлајн настан во организација на CEED Global, со посредство на CEED Macedonia – Центар за претприемачи и менаџери, кој ќе се одржи на 6 мај 2020 год, во 15ч.

Поврзано:

Главен гостин на настанот ќе биде Хуан Фермин Родригез, основач и извршен директор на Kingo Energy, компанија која ја оформил во 2013 год. Тој ќе зборува за сопственото искуство во поглед на решавање на актуелните проблеми предизвикани од светката пандемија на Ковид-19.

Онлајн средбата ќе биде модерирана од Ан Парк, заменик директор на CEED Global. По дискусијата, ќе имате можност да поставувате директни прашања. Повеќе детали за настанот дознајте на овој линк.

Пандемијата на Ковид-19 создаде бројни пречки за поголемиот дел бизниси во земјите кои се тешко погодени од вирусот, но дури и бизнисите во помалку погодените земји го почувствувале сериозниот проблем со прекинатите вредносни ланци и несигурни клиенти и партнери.

Kingo Energy обезбедува дистрибуирана услуга за обновлива струја, што претставува надоградено решение за еден од најголемите предизвици со кој човештвото се соочува денес, а тоа е енергијата. Повеќе за Хуан Фермин Родригез можете да прочитате тука.

Оваа компанија доживеа огромен пораст во последните пет години во секторот на независни извори на енергија и нејзините активности го привлекуваат меѓународното внимание. Во одборот на оваа компанија е и Леонардо Ди Каприо, воедно една од најпознатите јавни личности кои ја промовираат обновливата енергија.

Местата за учество во настанот се ограничени, и вашето присуство треба да го потврдите на следниот линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -