Арон Браун на онлајн средба со бизнис ангели од западен Балкан

Зошто треба да се стане бизнис ангел и што може да се очекува од ваквите инвестиции, како се одвива процесот на инвестирање и како се оценуваат компаниите, како и детали во врска со инвестицискиот циклус, се темите во фокус на вебинарот „Основи на ангелски инвестиции“, што ќе се одржи на 5 мај 2020 год, во 17ч. 

Главен говорник на онлај настанот е Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарија, кој меѓудругото, со бизнис ангелите од Западен Балкан и учесниците на вебинарот, ќе сподели и лични примери и успешни приказни од неговото инвестиционо портфолио. 

Онлајн настанот е во организација на Швајцарската програма за претприемништво (Swiss Entrepreneurship Program), а видео сесијата ќе ја модерира Игор Маџов, инвестициски фасилитатор од SwissEP.  

Средбата со Арон Браум со бизнис ангелите од Западен Балкан е овозможена преку соработката со локални клубови на бизнис ангели во Северна Македонија, Косово, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Инаку, Арон Браун е бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели (BAS) од 2005-та година.

„Бизнис идејата на стартап компанијата не мора да биде совршена, но треба да поседува значителен потенцијал за успех. Таа треба да реши значителна потреба (проблем) на пазарот и да умее да генерира добар профит,“ изјави Браун во интервју за Бизнис Инфо.

Соработката во Северна Македонија беше овозможена од страна на CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club), формиран во ноември 2013 год. Овој клуб на бизнис ангели меѓу првите вакви асоцијации во земјава. Од јануари 2016 год, CEED BA Club е официјален член на Европската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Досега, во различни бизнис идеи се инвестирани 250.000 евра.

За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се на [email protected] или на 076 496 616.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -