Како да не доживеете нервен слом како основач на бизнис

Како основач на компанија, фантастично е кога работите се одвиваат одлично. Но кога работите одат накриво, тогаш ги чувствувате сите можни последици. И не само вашите сопствени грешки, туку и грешките на оние кои директно ви рапортираат и на вашите колеги, пишува Сихам Сајрин, обучувач за бизнис вештини за извршни директори и основач на Better Conversations, за бизнис порталот Sifted.

Овие емоционални стапици се корисни информации ако можеме да ги искористиме за да ја поправиме насоката во која го усмеруваме нашиот пристап или да ја приспособиме нашата одлука. Маката е што тие силни емоции вообичаено не` тераат да скршнеме од патот, и на долг рок, можат да не` направат подложни на хроничен стрес.

Да имате емпатија е добро, но не сме добри кон нашите вработени ако сме фатени во стапицата на негативни емоционални надолни спирали. Така што, зошто губиме контрола и како можеме да ги избегнеме овие емоционални стапици?

Знаеме дека подобро решаваме проблеми и носиме посилни одлуки кога сме во поспокојна состојба.

Но во реалноста, многу сме приврзани со нашите одлуки. Премногу сме блиски со нив. Така што, кога нешто не се одвива според планираното, нашиот систем за одговор на стрес се буди и го преплавува телото со адреналин и кортизол. Овие хормони помагаат ако сме во опасност, но не се толку корисни кога се појавуваат како реакција на ненамерна грешка – тогаш сме повеќе склони да реагираме прекумерно, да ги кривиме другите и да носиме лоши одлуки.

Во продолжение се неколку чекори што можете уште денес да ги преземете што ќе ви помогнат да ги одминете тие непожелни емоционални стапици еднаш за секогаш.

Дишете

Почнете да ја практикувате умешноста на „купување лично време за одговор“. Забавете, земете длабоко воздух неколку пати и дајте им име на чувствата што ги имате. Не станува збор за некаков „њу ејџ“ тренд, туку за наука.

Психолошки гледано, оваа практика го потиснува вашиот систем за одговор на стрес и и` вели на вашата амигдала (жлезда во мозокот) да оди на пауза. Кога им даваме име на емоционалните јазли, тоа ни помага да го контролираме нивното влијание и да ги надминеме негативните емоции. Ова е едноставен чекор на хакирање на мозокот што му овозможува да анализира што има пред него на корисен начин. И да бидам искрена, можете да чувствувате бес, срам, разочарување, да се чувствувате глупаво, изгубено или пренатрупано со обврски, тажно, поразено, фрустрирано… во ред е.

Она што не е во ред е да бидете заробени во таквите чувства и како последица на нив да срамите, омаловажувате, се дерете некому, или пак им возвраќате со целосна тишина. Ова создава страв, недостаток на доверба, и секако ја оттргнува посветеноста од работата. Како лидер, она што го правите и кажувате носи многу поголема тежина отколку она што го мислите, така што емоционалните бразди се многу подлабоки.

Научете го јазикот

Исто така, потребни се и неколку фрази од помош и прашања поврзани со „купувањето лично време за одговор“.

Кажи ми што се случило“. Ова му овозможува на другото лице да стекне простор да зборува отворено. Се` што треба да направите е да слушате. Обидете се да откриете што им е важно. Овозможете безбедна средина во која можат слободно да зборуваат, да се повторуваат и да ги вентилираат сопствените чувства бидејќи тоа е најдобриот начин да се намали емоционалниот набој.

Можам да видам дека си фрустриран“. Признајте ги и прифатете ги нивните чувства бидејќи ова опушта и делува смирувачки на нивниот нервен систем. Но не им фрлајте рачна бомба во формата на „и јас сум исто така!“.

Знам дека вложуваш многу енергија“. Признајте го нивниот напор бидејќи вашето мислење им е важно и без разлика колку е возрасно тоа лице, ќе го цени фактот што сте го направиле овој чекор.

Ок, веќе 10 минути кажуваш што ти е на ум. Ајде да сфатиме каде погрешивме“. Бидејќи премногу од што било е лошо.

Не се брзајте во потрагата по решенија

Наоѓањето решенија е природен следен чекор и најчесто доаѓа со добра намера. Но ако обајцата имате различни перспективи за тоа што се случило, нема да разберете зошто обајцата имате силна поврзаност со сопствените решенија и потоа повторно ќе го разбудите системот за одговор на стрес.

Морате да направите нешто што го нарекувам креативно подредување. Односно, чекорот да ставиме се` на маса и потоа неколку пати да одиме напред-назад разменувајќи информации и ставови.

Кое е твоето мислење за  тоа што се случи и зошто?“ – Ви гарантирам дека тие знаат што се случило и зошто. Само треба да обезбедите безбедна средина за тие да ги кажат причините.

Помогни ми да сфатам што се случи?“ – Да, имате идеја што се случило, но одговорноста повлекува сопственост, дури и на грешките. Дозволете им да објаснат.

Што ни кажува тоа?“ – Повторно, да, може да имате прилично добра претстава но учењето е нивна работа исто како што се нивните емоции, не ваша. Нека разговараат за овој аспект.

Би сакал ли да го чуеш моето мислење?“ – Да, барате дозвола бидејќи одговорот од типот ,да, те молам’, е најдобриот начин да дознаете дека се отворени за вашата гледна точка.

Сега сте подготвени да барате решенија со прашања од типот „Какви ни се сега опциите?“, „Што можеме да се обидеме да направиме?“, „Што може да биде подобро за нас овој пат?“.

Поканете ги колегите прво тие да зборуваат, надоврзете се на нивните идеи, и осигурајте се дека го поседуваат решението да ја охрабрат одговорноста.

Изборот на вашите зборови е важен. Користете „ние“ колку што е можно повеќе но не плашете се да користите „ти“ ако одговорноста е кај тоа конкретно лице. Исто така, внимавајте на тонот на вашиот глас, изразот на вашето лице и говорот на вашето тело.

Морате да бидете робот за ова да ви успее секој пат, но учењето како да ги регулирате вашите емоции ќе ви помогне да чувствувате поголема контрола, да бидете посмирени и да станете подобар (порационален) лидер. Тоа е последицата што ја сакате за вашиот бизнис.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -