Мали навики што сите лидери треба да ги практикуваат за да го пораснат нивниот бизнис

Додека работев во медиумската индустрија, научив да кодирам за да изградам платформа што ги поврзува жените и припадниците на малцинствата со професионални можности. Имав дневна работа, а кодирав навечер – ноќ по ноќ, недела по недела, месец по месец. Посветеноста на мојата цел ми стана навика, што потоа го обезбеди моментот да ја скалирам мојата фирма Mogul во компанијата која е денес, споделува Тифани Пам, основач и извршен директор на претпријатието што работи регрутација на талентирани професионалци. Таа беше прогласена за една од 30 најуспешни жени помлади од 30 години, а според Business Insider, таа е една од 30 најважни млади жени во технологијата во светот.

Верувам дека она што ги тера некои бизниси да се соочуваат со тешкотии, а други непречено да се развиваат, е разликата помеѓу дневната посветеност на работата и малите навики што лидерите ги создаваат со цел да им помогнат на другите да се движат според нивниот најголем потенцијал. Во продолжение се пет дневни навики што ќе му помогнат на вашиот бизнис да цути.

Посветете се на слушање

Слушањето е супер-моќ. Не можам доволно да нагласам колку е важно да ги развиете вашите способности за активно слушање, особено кога водите тим од поединци. Секој во вашиот тим е уникатен, како и неговите/нејзините комуникациски стилови. Некои луѓе претпочитаат да бидат мотивирани со позитивни афирмации, додека други повеќе сакаат директен говор и пристап до поентата.

Како лидери, дел од нашата работа е да слушаме и да научиме како членовите на нашиот тим комуницираат, и да го приспособиме нашиот комуникациски стил да соодветствува на нивниот. Наша одговорност и должност е да слушаме, да откриеме што е тоа што го мотивира секој поединец и да ја подигнеме неговата страст на повисоко ниво за да го охрабри и мотивира да работи инспиративно.

Посветете се на комуникација

Начинот на кој му зборуваме на нашиот тим е важен. Особено поради тоа што сте во позиција да вршите влијание, вашите зборови имаат поголема тежина од говорот на останатите. Секој знак на омаловажувачки говор кон некој член на тимот на крај може да го нагризе работниот однос, и тоа може да се случи за многу брзо време. Кога обезбедувате повратни информации, важно е секогаш да бидете свесни за вашата порака.

Мојот предлог е прво да целите кон валидација. На пример, еднаш имавме ситуација во која нашиот тим продолжуваше да го одолговлекува рокот за испорака во еден проект, така што одлучив да интервенирам и обезбедам поддршка. Наместо само да искажувам фрустрација, се погрижив искрено и конкретно да споделам што ми се допаѓа и зошто. Потоа ги понудив моите белешки за другите да додат промени доколку сметаат дека треба и се фокусирав на врамување на се` на позитивен начин. Нашата основна цел во начинот на кој комуницираме е да го подигнеме нашиот тим, да му помогнеме да расте во неговата улога и да ги поддржиме кариерните унапредувања.

Посветете се на учење

Одвојувањето време да ја продлабочите вашата експертиза би требало да биде задолжителна пракса. Информациите се сеприсутни и никогаш не било полесно да го прошириме нашето образование и да развиеме подлабоко разбирање на нашата област од сегашното време. Јас постојано читам за тековни настани, трендови во индустријата, следам други колеги и лидери и наоѓам начини да продолжам да откривам стратегии што ми помагаат да бидам подобар лидер, истакнува Пам.

Како многумина од нас, и јас посакувам денот да има повеќе часови, така што еднаш или двапати неделно одвојувам време конкретно за учење и надградување на моите вештини. Ако нешто не е внесено во мојот распоред тогаш тоа не постои. Си задавам одредена тема на која сакам да се посветам во текот на неделата и потоа посветувам време на фокусирано учење.  

Посветете се на системи

Сега, како никогаш претходно, брзината победува. И основниот начин да бидете поефективни со вашата способност за носење одлуки како лидер е да создадете флексибилни системи. Што повеќе материјално ги разбирате механизмите што го водат вашиот бизнис, толку повеќе тоа ви овозможува да ги повторите во вашите системи. Од начинот на кој вработувате нови лица, споделувате внатрешна комуникација и ги користите надворешни алатки за праќање пораки, до тоа како ја структурирате целата организација, речиси се` во рамките на вашиот бизнис би требало да биде ставено во систем што постојано се оптимизира.

Со тоа што имате интегриран процес, можете подобро да ги следите и лоцирате неефикасните механизми. Системите можат да ве охрабрат на долг рок да размислувате поефективно бидејќи се надополнуваат еден со друг, што пак понатаму ќе ви овозможи да носите што поинформирани одлуки. Најдобрите лидери што ги знаеме се тие кои постојано се посветуваат на создавање што поефикасни системи.

Посветете се на себеси

Не можете да водите тим од луѓе и да го растете бизнисот ако не се грижите за себеси. Простете ми ако ова можеби ви делува како стереотипен совет, но сите мораме да бидеме сигурни дека основните работи ги правиме добро. Пронајдете ја вашата оптимална количина сон, појадувајте наутро, внимавајте на вашето држење на работното биро во текот на денот и правете паузи за да го одржите физичкото и менталното здравје. Колку што можам, не закажувам состаноци во одредено време од денот за да можам да го завршам работниот ден во разумно време и да одбегнам оптовареност од работата.

Најдобриот начин што го пронајдов за да го одржувам моето ментално и физичко здравје е да направам распоред за тоа како ќе ми се одвива денот што подетално можам. Дури ги планирам и кратките паузи што ги правам за да се протегнам или да отидам на прошетка. Периодично вметнувам 20-минутни паузи во мојот распоред и ги користам за да се де-контектирам од работниот живот и повторно да се поврзам со реалниот.

Овие мали навики се важни, бидејќи со тек на време тие ќе се соединат. Ако сакате да бидете ефективен лидер, тогаш почнете со лично водење. Така што, грижете се за себеси и доживејте да работите уште еден ден.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -