Како да користите видео маркетинг за да станете експертски лидер во вашата индустрија

Веројатно до сега сте ја погледнале статистиката безброј пати: во еден дигитален пејзаж, вашата публика е изложена на илјадници огласи секој ден и речиси е невозможно да се истакнувате од другите.

Експертското лидерство е еден од најдобрите начини вашиот бренд да се двои од останатите и да го привлечете вниманието на вашата публика. Со вашето етаблирање како лидер во одредена област и со негувањето доверба помеѓу вашата компанија и публика, експертското лидерство може да ви помогне да ја зголемите вашата репутација, пишува Тори Тајенака, ко-основач на Sparkhouse, продукциска агенција која нуди целосни услуги, позната по тоа што го трансформира видео маркетингот и рекламирањето во вистински разговори.

Има многу различни видови содржина што може да ви помогнат да се етаблирате себеси како експертски лидер во вашата област, како што се емеил, општествени кампањи и пишани статии. Сепак, еден посебен вид содржина се издвојува од останатите: видео маркетинг. Видеата можат да бидат најдобрата опција за вашиот бренд да стане добро познат во вашата област и за да достигнете до поширока публика.

Во продолжение се неколку објаснувања како видео маркетингот може да ви помогне да ја предводите вашата индустрија.

Што претставува маркетинг за експертско лидерство?

Како што предлага името, маркетингот за експертско лидерство е чин на стратешко креирање содржина чија цел е да ве позиционира вас и вашиот бренд како авторитет во вашата област.

Има голем број придобивки од успешната примена на експертска маркетинг стратегија. Со растењето на вашата репутација како некој кој е полн со знаења и достоен за доверба во вашата индустрија, ќе можете да го подобрите вашето реноме преку споделување на вашето експертско знаење на пазарот; да ја зголемите довербата на вашите постоечки клиенти во вашиот бренд; да ја зголемите продажбата преку привлекување нови клиенти; да стекнете предност над конкуренцијата во вашата област со конкретизирање на вашата порака; и да ја засилите вашата професионална мрежа со создавање врски со други лидери во индустријата.

Како видео маркетингот помага при експертско лидерство?

Ефективното употребување содржина е еден од клучните елементи на креирањето имиџ за експертско лидерство на вашиот бренд. Сепак, додека многу форми содржина како што се рекламните огласи и пишаните блогови можат да придонесат кон растењето на вашата репутација, видео маркетингот е еден од најефикасните начини да создадете реноме за експертско лидерство.

Има многу причини зошто видео маркетингот е еден од најдобрите методи за негување и растење на вашата репутација како експертски лидер. Еве неколку: видеата лесно се консумираат, што значи дека се попривлечни од традиционалната содржина, како што се статии или понуди; видеата ви овозможуваат да бидете лични и да се поврзете со вашата публика директно; споредено со друг вид содржини, видеата се далеку поразновидни. Можете да ги искористите на насловните страници на вашиот вебсајт, на профилите на социјалните медиуми, да ги испраќате во емеил, што ги прави совршен метод за растење на вашата репутација.

Какви видови видео маркетинг можат да помогнат?

Видео маркетингот е исто толку разновиден колку што е моќен. Има безброј различни видови видеа што можете да ги истражите за потребите на вашата кампања за експертско лидерство, но во продолжение се наведени неколку формати што се особено ефективни во однос на растењето на вашата репутаицја.

Експертски интервјуа на дадена тема од индустријата

Можеби ниту еден друг вид видеа не ви дозволува да ја искажете вашата експертиза толку директно како интервју на дадена тема од индустријата. Во овие видеа, вие или „домашниот“ експерт во вашата организација споделувате продлабочено знаење за тема по ваш избор.

Презентациски видеа

Презентациските видеа се многу слични како презентациите во живо. Можат да бидат едноставни или комплицирани, по ваша желба: можат да бидат сведени на основното како што е снимка на звучник пред бела табла, или елаборирани како што е монтирана продукција со визуелни ефекти и нијаснирани значења.

Влогови

Блоговите се едни од основните форми на интернет содржина, а тие се уште подобри во видео форма. Влоговите се одличен начин преку кој можете да се поврзете со вашата публика, да споделувате вредни информации и да создадете лојалност помеѓу вашата дигитална публика. Тие исто така ви даваат голем простор каде можете да го покажете вашиот карактер и да бидете креативни, што пак значи дека влоговите се ефективна и разновидна опција.

Видео дискусии

Експертите од областа во вашата компанија не се единствените кои сакаат да споделуваат сопствени размислувања. Постирањето видео дискусии, или меѓу вашите домашни експерти или меѓу другите членови на вашиот тим, ќе им овозможи на гледачите да добијат увид во односот помеѓу вашите искусни вработени и нивното применето знаење.

Како се прави видео стратегија за експертско лидерство?

Во ред е да креирате возбудливи видеа што го покажуваат вашето искуство, но тие нема да имаат голем ефект без специјализирана стратегија.

Осигурајте се дека во процесот на создавање видео стратегија внимавате на следниве совети:

  • постојан и внимателно подготвен распоред. Постојаноста е клучна во секоја маркетинг стратегија. Бидете сигурни дека сте одвоиле време да поставувате нови видеа постојано како што го развивате вашиот имиџ, но не претерувајте. Пречестото постирање може да делува очајно пред вашата публика, така што имајте осет кога ќе го закажувате нивното прикажување.
  • треба да знаете кога, каде и како да ги поставувате вашите видеа на интернет. Маркетинг видеата се неверојатно разновидни, така што тие совршено би одговарале на секоја насловна страница на вебсајт, емеил кампања или пост на социјалните медиуми. Бидете сигурни дека ги поставувате вашите видеа на места каде имаат најголеми шанси да одекнат меѓу вашата публика.
  • одберете релевантни теми. Најдобро продуцираните видеа нема да ви бидат од корист ако вашата публика не е заинтересирана за нив. Бидете сигурни дека постојано ја кроите вашата содржина според моменталните потреби и желби на вашата публика.

Експертското лидерство може да делува тешко за остварување на почеток, но со умно искористување на вашата маркетинг видео стратегија, можете да создадете непробојна репутација како авторитет во вашата област.

Извор: business2community.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -