Како да создадете интернет содржина што ќе ве направи експерт

Знаете дека сте експерт. Вашите постојани муштерии знаат дека сте експерт. Предизвикот е да го убедите остатокот од светот дека сте експерт, и дека услугата што ја нудите или производот што го продавате е вреден за нивното време, пишува namecheap.com.

До сега, најверојатно имате обезбедено име на домејн и имате објавен веб-сајт. Тоа е вашето делче од интернетот кое можете да го уредувате. Никој друг не може да го допре, и имате целосна контрола врз содржината што се поставува на сајтот.

Најверојатно имате тон искуство во вашата област, и силна желба да работите за себе, односно да бидете сам свој газда. Одлично! Можеби и сте составиле тим од талентирани индивидуи да ве поддржат, или пак успевате во бизнисот како единствен претприемач во фирмата. Какво и да било вашето претприемачко искуство, ако се поставите себеси како достапен експерт во вашата област тогаш можете да ја поддржите пораката што вашиот бренд сака да ја испрати до потенцијалните клиенти и да придонесе во вашиот пат кон успехот.

Пишувајте за она што знаете

Дали некогаш сте прочитале напис на интернет и сте сфатиле дека лицето што го пишувал немал појма за што зборува? Вендаш вашата доверба кон авторот е срушена, како и кон веб страницата на која бил објавен написот. Ако не сте се увериле во она што написот го кажува, секако дека нема да го купите тоа што се трудат да го продадат.

За да станете глас на авторитет и експерт од доверба во вашата област, одберете да пишувате за она што го знаете.

Ако сте пекар, можеби се очекува да пишувате за печење леб, марки на печки или последните верзии на туби за шлаг за украсување колачи. Ако сте експерт за лични финансии, немојте да го почнете написот со предавање за астрономија, на пример.

Бидете автентични. Немојте да се преправате дека знаете нешто кога не знаете

Продолжете да се едуцирате во вашата област – секогаш има нови информации. Следете ги вестите во вашата индустрија со тоа што ќе ги следите објавите и настапите на лидерите на социјалните медиуми; запишете се на онлајн семинари, конференции и работилници.

Ако пишувате за она што го знаете и тоа го правите на страствен, автентичен начин, ќе ја натерате вашата публика да се интересира за вас и вашиот прозвод, односно услуга.

Откријте што вашите клиенти треба да знаат

Размислете за вашите сегашни и идни муштерии. За што би сакале тие да читаат?

Запознајте ги подобро. Впуштете се во истражување на нивниот свет. Учествувајте во форуми на интернет, посетувајте веб страници за рецензии, станете член на групите на социјалните медиуми на кои и тие се членови, и почнете да ја играте улогата на детектив со измислен идентитет. Дознајте сè што можете за вашата таргетирана публика и тие информации зачувајте ги во тетратка или во вашиот компјутер.

Откако еднаш вистински ќе ги запознаете, тогаш ќе ви биде многу полесно да пишувате за нив. Разгледајте ја минатата комуникација со вашите муштерии. Дали сè уште се засегнатите од истите работи? Каков јазик користат за да ги опишат проблемите со кои се сретнале? Обидете се да дадете одговор на сите овие прашања, и да „зборувате на нивниот јазик“.

Идентификувањето на нивните болни точки може да ви помогне да го оформите начинот на кој вашата компанија комуницира, и да ви помогне да се позиционирате себеси како валиден ресурс за кое било прашање што тие би можеле да го имаат.

Ова основно истражување не само што ќе ви помогне да создадете содржина што тие сакаат да ја читаат, туку исто така ќе ви помогне да откриете каде да пишувате за да стигнете до нив.

Поставувајте „евергрин“ содржина на вашиот веб-сајт

Содржина која е постојано актуелна секогаш ќе делува свежо кај вашите клиенти, без разлика кога била за првпат објавена.

Кога имате јасна слика за тоа кои се вашите муштерии, лесно е да смислите теми за написи што ги одразуваат проблемите што тие можеби ги имаат.

Клучот лежи во клучните зборови. Истражувајте и откријте кои термини ги пребаруваат луѓето што можеби ќе го посетат вашиот веб-сајт.

Обидете се да поставите неколку прашања поврзани во вашата област на Гугл. Или, за уште појасна слика, користете алатка за да ги откриете поврзаните фрази и реченици што луѓето ги користат. Таква алатка е на пример AnswerThePublic.

Замислете дека сте сопственик на продавница за миленици. Еве неколку наслови за написи што вашите муштерии би ги прочитале: Како да го одберете вистинскиот аквариум за вашиот дом; Четири работи што секој хрчак треба да ги има; Водич за социјализација за кучиња…. Написи на вакви теми се едукативни и вредни, и ако се добро напишани, можат да би помогнат да се позиционирате себеси и вашата фирма како експерт во тоа поле.

Лесен начин што ќе го подигне авторитетот на информациите споделени на вашиот сајт е да создадете концентрирани кластери содржина околу неколку клучни зборови на кои сакате да се фокусирате.  

Осигурајте се дека вашата содржина има висок квалитет

Без разлика што сте напишале, ако вашата содржина е извалкана со печатни грешки и очебијни граматички лапсуси, тоа може да ì наштети на вашата целокупна порака.

Секогаш проверете го правописот и користете алатки да ја проверите граматиката. Најдете некој да го прочита написот пред да го објавите. Прашајте го тој што ќе го чита написот дали смета дека е покриено сè од темата што би сакал да прочита, или се потребни дополнителни информации.

Бидете интересни во раскажувањето, ако вам ви е досадно додека го читате текстот, и вашата публика ќе се чувствува така. Задржете го вниманието на вашите читатели со информативни наслови, поднаслови и листи.

Работете на оптимизација на пребарувачките алатки (Search Engine Optimization)

Доколку ги следите претходно наведените предлози, вашиот веб-сајт ќе биде исполнет со корисна содржина за вашите клиенти. Страници и страници ќе бидат посветени на одговарањето на нивните прашања и на совети. Ова е одличен почеток во однос на оптимизацијата на вашиот веб-сајт за пребарувачки алатки.

Дури и да имате одлична содржина, во доволна количина, споделена на вашиот сајт, ако не е напишана добро и вградена на таков начин што пребарувачките алатки не можат да ја најдат, луѓето никогаш нема да дознаат за неа.

Оптимизацијата на пребарувачките алатки се фокусира на растењето на видливоста на вашиот сајт. Кога пишувате содржина за вашиот сајт морате да ги разберете основите на ОПА.

Користењето на клучните зборови поврзани со вашата област ќе им помогне на тие што првпат ве среќаваат да сфатат што правите. Ако одговарате на прашања што знаете дека вашите клиенти сакаат да ги дознаат, тогаш тие ќе имаат поголема шанса да ја најдат вашата содржина отколку да посетат друг веб-сајт што не ја обезбедува истата информација.

Важно е да бидете видливи на интернет и да има екстерни сајтови што упатуваат на вашиот.

Охрабрете се и пишувајте!

Сега кога имате неколку идеи за содржината што можете да ја создадете, немојте да се опуштате. Постојано размислувајте за нови идеи, наоѓајте нови начини да им обезбедите одговор на вашите клиенти и поставете се себеси како авторитативен водач во вашето поле.

Посветете време да дознаете што функционира. Проверете ги изворите на сообраќај на вашиот сајт, дознајте кој од каде доаѓа. Обидете се да откриете на кои канали има најмногу сообраќај  и продолжете да пишувате содржина за нив.

Пред сè, имајте доверба во вашето пишување. Вие сте експертот. Ова е ваша приказна и вие имате што да му кажете на светот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -