Како генерацијата Зед го менува претприемништвото на позитивен начин

Многу долго време, постоеше убедувањето дека мојата генерација – милениумците – е генерација на претприемачи. Најголемиот дел од нас се пронаоѓаат во оваа етикета. Сепак, како што еволуира светот, и умештноста на водењето бизнис исто така еволуира, и излегува дека Генерацијата Зед има повеќе врска со оваа еволуција отколку што многумина сакаат да признаат, вели Чидике Самјуелсон, претприемач, адвокат, автор и хонорарен писател за бизнис порталот Enterpreneur.

Претприемачите кои и` припаѓаат на генерацијата Зед се појавуваат со зачудувачка брзина, па така, неодамна објавена анекта на Галуп покажува дека 40% од анкетираните ученици во САД, од петто одделение до трета година средно, кажале дека сакаат да водат сопствен бизнис. Потоа, 24% од анектираните споделиле дека веќе основале бизнис. Со оваа стапка, воопшто не е проблем да се согледа дека Генерацијата Зед ќе даде најголем број претприемачи.

Она што е интересно кај оваа генерација е дека нејзините припадници се оддалечуваат себеси од претходната генерација во начинот на кој иновираат и водат бизнис. Постојат неколку интересни разлики помеѓу начинот на кој оваа генерација развива бизнис и традиционалната претприемничка шема.

Ран почеток

Генерацијата Зед е привлечена од идејата за започнување бизнис на рана возраст. Голем дел од нивните родители (милениумците) се исто така претприемачи, и овој факт охрабри изненадувачки висока бројка на деца претприемачи да почнат да се занимаваат со сопствен бизнис.

Сликата каде деца се извршни директори почнува да станува вообичаена. Има голем број примери: Мозија Бриџес, го започна бизнисот со Moziah’s Bows  на деветгодишна возраст и набрзо прерасна во бизнис што заработува 150 000 долари годишно. Мозија има неколку вработени, бил дел од популарната ТВ емисија „Аквариум на ајкули“ каде сопственици на бизниси презентираат идеи пред инвеститори, а за него е пишувано во неколку познати списанија. Има и многу други примери што не можат сите да се наведат во оваа статија.

Вообичаено, поголемиот дел од претприемачите милениумци почнаа да се бават со сопствен бизнис за време на факултетските студии, или по нив, па дури и за време на средното училиште, но сегашниот тренд опфаќа помлада старосна група. Предностите од започнување волку рано се прилично очигледни: инвеститорите и спонзорите се повеќе склони да поддржуваат бизнис на млади лица отколку на постари.

Приказната за Треј Браун, 14-годишниот основач на SPERGO – дизајнерска модна колекција која неодамна доби инвестиција од 25000 долари од Шон Диди Комбс, и тоа е само една од многуте, е слична. Генерацијата Зед не само што почнува рано, туку ги користи и сите придобивки на раното започнување.

Менторство од заедницата

Колку што знаеме, менторство било и ќе биде еден од најзначајните столбови на успешното претприемништво. Овој факт не се променил со Генерацијата Зед, но нејзините припадници секако не добиваат менторски совети на начин на кој ние го правевме тоа.

Заедниците во рамките на социјалните медиуми станаа место каде што претприемачите од Генерацијата Зед се обраќаат за совет и менторство. Заедниците со заемни интереси отсекогаш постоеле, но Генерацијата Зед ги одведе на друго ниво.

Голем дел од претприемачите од Генерацијата Зед се самоуки – со користењето на Google, YouTube и други платформи. Сепак, значителен дел се потпира и на заедниците со заемен интерес со цел да испробаат идеи, добијат насоки и донесат деловни одлуки.

Една од овие заедници е Streetwear Startup која стекна популарност поради нејзината затвореност и бројот на стартап компании за улична мода што успеала да поддржи, преку обична страница на Reddit.

Џафри Џан Малари е младиот извршен директор на RSG RESURGENCE и неговата е една од успешните приказни на Streetwear Startup. Тој изјавил: „Reddit е еден од главните извори на успех за нашата компанија, заедницата помогна да се издигне мојата видливост по што привлеков поддржувачи како Дастин Ванг, кој стана постојан клиент“.

Џафри Џан беше неуспех во средно училиште, па потоа доживеа деловен неуспех, а потоа огромен успех. Тој тврди, како и многу други припадници на неговата генерација, дека нивелирањето на менторството од заедницата е една од причините поради кои успеал да се врати назад и сега е на добар пат да создаде милионски бизнис.

Користа од заедниците на оваа генерација е дека тие таму можат да разменуваат идеи и да бараат мислења од поискусните членови. Тие ја ценат соработката над конкурентноста, што изгледа како клуч што ги поттикнува да остваруваат огромен успех, многу поголем од оној на Милениумците.

Кралеви на пореметувањето

Ако не е различно, тогаш не е кул – ова се чини дека е мантрата на претприемачите од Генерацијата Зед. Изгледа како секој да се обидува одново да го смисли тркалото или значително да поремети која било индустрија во која влегува.

Генерацијата Зед ја одведе идејата за пореметување многу подлабоко од очекуваното. Каролин и Изабел Беркав, ко-основачи на Da Bomb bath, ја изненадија индустријата за купки за капење кога ги лансираа нивните чудни бањски бомби што вклучуваат и мала скриена играчка. Тие имаа само 11 и 12 години во 2012 година, и го пораснаа бизнисот во компанија која е самоодржлива и која заработува преку 20 милиони долари годишно.

Пореметувањето е дел од ДНК на оваа генерација и можеме да очекуваме помасовна поплава од креативни идеи и бизниси во оваа деценија.

Идентитетско претприемништво

Политиките за идентитетот постојано се осудувани како премногу злобни и подготвени за поделби, но Генерацијата Зед откри начин како ефикасно да го примени тој концепт на бизнисот.

Идентитетското претприемништво се однесува на брендирање на бизнис и бизнис идеја околу теми како што се раса, религија и локација. Ова отсекогаш постоело но оваа генерација од него прави мејнстрим.

Новите бизниси на Генерацијата Зед продолжуваат да се брендираат себеси како Млади црни претприемачи или Млади латино претприемачи. Поради моќното влијание на социјалните медиуми и интернетот и нивните вродени способности да ги користат спретно, Генерацијата Зед успеа да постигне помоќни резултати од ова идентитетско претприемништво отколку генерациите што и` претходат.

Ефектот е јасен: тоа предизвикува дополнителен сообраќај од страна на луѓето кои се идентификуваат со тие припадности. Ако е добро сработено, тогаш бизнисите се генијални!

Ориентирани кон експанзија

Во последните 5 до 10 години, кога се отворија голем број бизниси од припадници на Генерацијата Зед, сепак не видовме многу новосоздадени платформи. Ми се чини дека овие млади претприемачи се чувствуваат удобно кога ги користат платформите создадени од милениумците и претходните генерации, кога интернетот уште беше на млада возраст, и преку нив да изградат масивни бизниси со огромен потенцијал за раст.

Платформите како Facebook, YouТube, Google, Amazon, Instagram и слични доминираат на интернет, и тие не добиваат каква било сериозна конкуренција од страна на припадниците на Генерацијата Зед од очигледни причини. Сепак, овие брилијантни претприемачи имаат создадено зачудувачки бизниси целосно потпирајќи се на овие платформи, а некои пак, имаат изградено толку големи бизниси што се поврзани низ голем број од овие платформи.

Претприемачите како деветгодишниот Рајан Каџи од Ryan’s World, јутјуб канал што заработува околу 22 милиони долари годишно, е одличен пример.

Од друга страна, тука е и Чери Ванг, извршен директор на Coshipper, кој успешно создаде еден од најпотенцијалните и најуспешните бизниси на Амазон ФБА во САД, односно компанија која нуди сеопфатни услуги преку воздух, земја и море. Ванг верува дека овие платформи се иднината на претприемништвото, иако признава дека претприемништвото во денешно време не е полесно, бидејќи се` уште постојат огромни пречки.

Способноста на оваа генерација да создаде нешто масивно на овие платформи е девијација од голем број претприемачи милениумци кои се` уште се фокусираат прилично непродуктивно на обидот да развијат нови платформи.

Оваа исклучителна генерација прави голем број добри дела и се натпреварува во некои комплицирани индустрии, и би сакале да видиме уште повеќе од нивните резултати. Секогаш е добро кога се набљудуваат ефектите на еволуцијата и се` што можеме да сториме е да ги следиме трендовите кога тоа е неопходно.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -