Што мајчинството мoже да ве научи за претприемништвото

Повеќето луѓе најверојатно ќе ви кажат дека започнување сопствен бизнис со новородено бебе можеби и не е баш добра идеја, но токму во таква ситуација се најдов во 2010 година, вели Алисон Александер, сериски претприемач и обучувач за бизнис техники, во мисија да им помогне на зафатените мајки да ги остварат нивните соништа.

Мајчинството и претприемништвото, во мојот случај, секогаш оделе рака под рака, споделува Александер чиј бренд на спортска облека е застапен на целата територија на САД и е особено популарен меѓу најпознатите спортисти.

Иако не било секогаш лесно, овие непроценливи лекции што ги научив од личното искуство како мајка, ми овозможија да научам многу во поглед на самата себе и каква сакам да бидам пред моето семејство и моите клиенти.

Поставете ги целите врз основа на животот што ВИЕ го посакувате, а не некој друг

Во ерата на социјалните медиуми, многу е лесно да се падне во стапицата да ги засновате сопствените животни цели на нечија друга верзија за успех наместо на сопственото гледиште што успехот претставува за вас. Особено сме ранливи на ова прашање кога сме целосно посветени на остварувањето на сонот за иднината што сме ја посакувале за нашите семејства.

Ова ме навраќа на деновите на мојот прв бизнис кога отворив бутик. Замислував како би било да си претприемач долго време. Флексибилност во поглед на времето, слобода во животниот стил и планови за различни патувања – не можев да дочекам.

Освен што работите не се одвиваа баш така.

Навраќајќи се на тие години, можам да видам дека иако ги следев школските правила за успех со малопродажен бизнис, јас не чувствував дека сум постигнала успех бидејќи вистинска, физичка продавница, никогаш не ми ја овозможи независноста по која копнеев.

Од ова искуство, научив дека поставувањето цели нема смисла ако тие цели не се во согласност со ВАС. Ќерка ми ми го направи ова сознание кристално јасно. Фактот што таа беше постојано до мене ми помогна да негувам тесни односи со моето „зошто“ во секоја можна одлука што ја носам, дури и денес.

Отпорност, отпорност, отпорност

Сите нови мајки ќе се согласат со мене кога велам дека мајчинството некогаш може да ве натера да се чувствувате како да сте заглавени во истиот ден кој нон-стоп се повторува. Но, со текот на годините, мајчинството ме научи дека нема два исти дена.

Исто како и претприемништвото, секогаш кога се чувствувате дека сте усвоиле важна мајчинска вештина, ќе се појави нов предизвик да ги тестира вашите способности. Се` е фаза, која постојано се менува и еволуира, и успешните знаат како да се носат со неа.

За мене, клучот лежеше во работата на мојот начин на размислување. Без тоа, немаше шанси да научам како да се соберам, да ја истресам прашината од моите рамена и да продолжам да се движам напред, вака добро како што ми успеава.

Доколку сте почетник во промената на начинот на кој размислување, секогаш советувам дека благодарноста е најдоброто место за почеток. Кога сте благодарни за се`, буквално за се`, тогаш почнувате да ги барате лекциите секој ден. Сите искуства, успеси и предизвици, имаат што да не` научат ако имаме отворен ум.

Оваа љубопитност и желба да се учи и од позитивните и од негативните искуства е местото од каде доаѓа вистинскиот раст и моментум, и набрзо ќе ги доживеете и квантните скокови во вашиот живот и бизнис доколку ова ви стане редовна пракса.

Усовршете ја умешноста на менаџирање време

Знам, знам… Веќе се прашувате зошто читате уште една статија за менаџирање време, но имам нешто важно да споделам.

Колку и да се ефикасни техниките, нема да ве учам како да блокирате време, како да постигнете монашка смиреност и концентрација, или како да ги распределите работните задачи по категории. Да, овие техники функционираат, но тие мене не ми помогнаа да се грижам за ќерка ми и да го водам бизнисот без да бидат проголтана од чувство на вина.

Зборувам за тоа како да одредите што е приоритет а што не е, во поглед на времето. Научив како да одлучувам кои обврски се задолжителни, а кои можат да почекаат. Се ослободив од предизвикот што можев да си го ставам себе на себе кога се обидував да сработам се` во еден ден и како да се ослободам од чувството на вина што доаѓа заедно со него.

Трикот е да станете исклучително свесни за активностите што ќе го туркаат вашиот бизнис нанапред, и за тие кои не го овозможуваат тоа. На тој начин, на крајот од секоја недела, нема да бидете оптоварени со чувство на разочараност што се јавува кога сме исцрпени од работа а резултатите не се гледаат… Исто така, на тој начин, нема да пропуштате од времето што треба да го поминете со вашите најмили.

Делувајте веднаш…

Речиси десет години подоцна, се` уште учам лекции.

Ќерка ми станува динамична мала душа, и нејзините хобија значат дека се` уште имаме исклучително зафатени животи, но јас ќе се справам со тоа.

Овој живот е за живеење, и фактот што сум мајка и што го водам бизнисот ме научија како да го правам тоа според сопствени услови.

Извор: thriveglobal.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -