Изградете ја иднината на вашата компанија преку визуелна соработка

Со наглата промена кон работа на далечина, работната средина се промени од канцеларија и сала за состаноци во кујнски маси и спални соби. Наоѓањето патишта за соработка во новото нормално е огромен предизвик за разделените тимови. Лидерите ја имаат тешката задача да најдат начини да им помогнат на нивните тимови да го реплицираат она што некогаш беше лесно да се оствари со одржување состанок во салата за конференции, или пак со потцртување на главните точки на дискусијата на бела табла, пишува Карл Сан, ко-основач и извршен директор на Lucid за Fast Company.

Транзицијата од старата канцелариска култура, без разлика дали е привремена или трајна, го поттикна развојот на една деловна технолошка категорија: визуелната соработка. Без разлика на проектот, визуелната комуникација е клучен дел од тимската соработка бидејќи помага да се поедностават комплексните системи и процеси. Употребата на слики, дијаграми, графикони и други визуелни знаци им олеснува на тимовите да стигнат до заедничко разбирање, да најдат практични решенија и да продолжат со извршување на задачите. Овој нов тренд кон технолошка визуелна соработка помага дигитално да се реплицираат основните елементи поврзани со аспектите на личното присуство на соработката што тимовите ја изгубија за време на промената кон работа од дома.

Заеднички визуелен јазик

Во својата основа, визуелната соработка би требало да има централно место каде работниците на далечина и тимовите ќе можат да соработуваат во реално време. Во овој случај, голема улога игра софтверот, поврзувајќи ги тимовите во сите фази од бизнисот, од конципирање идеја до извршување.

Виртуелните бели табли се основна алатка во фазата на конципирање идеја, кога тимовите се собираат за да го искористат заедничкиот креативен потенцијал преку решенија добиени со бура на идеи, развивање нови идеи, и размислување на елементите што можат да се подобрат. Виртуелната бела табла овозможува секој да има глас, односно тимовите можат да имаат ефикасни и динамични сесии на бура на идеи и да ги подредат новите идеи во реално време. И бидејќи виртуелните бели табли овозможуваат пристап во кое било време, каде било, дури и членовите на тимовите кои го пропуштиле состанокот или неодамна и` се приклучиле на групата, лесно ќе можат да сфатат за што станува збор и до каде е процесот.

Собирањето на сите овие информации дигитално исто така значи дека тимовите потоа ги имаат сите информации на дофат и ќе можат да ги претворат нивните идеи во конкретни чекори. Тие исто така можат да ги користат виртуелните бели табли да го презентираат напредокот на проектот пред нивните менаџери за да добијат повратни информации. Употребата на заеднички визуелен јазик преку виртуелните бели табли помага да се подредат сите тимови на ефикасен и ефективен начин, и се создава заеднички консензус за проблемите и најдобрите решенија.

Визуелната соработка е докажан пристап

Трендот на визуелната соработка добива на сила веќе некое време, и виртуелните бели табли се само дел од таа сложувалка. Додека виртуелните бели табли им обезбедуваат на разделените тимови можност да конципираат идеи и да имаат бури од идеи, други форми на визуелна соработка можат да помогнат да се однесат тие идеи на следното ниво.

На пример, Mozilla почна да соработува со Lucid за да им обезбеди на менаџерите на производ, дизајнерите и девелоперите заеднички јазик за мапирање на софтверските апликации. DocuSign ги замени кварталните состаноци за планирање со физичко присуство со истото решение, ги отстрани трошоците за патување и вклучи повеќе чинители во процесот.

Кога тимовите визуелно ги мапираат нивните процеси и системи, тогаш тие се способни да добијат заеднички контекст и да работат заедно за да разберат како ефикасно да го оптимизираат нивниот бизнис во реално време. Онлајн дијаграмите можат да им дадат на тимовите јасна насока и цел, дури и кога информациите и работата преминува од еден во друг тим. Членовите на тимот имаат заедничко разбирање, и имаат централно место за да можат подобро да ги организираат информациите и податоците.

Поглед кон иднината

Пандемијата ја забрза потребата тимовите да соработуваат на нови начини, што значи дека софтверите за визуелна соработка се претвораат од пригодни подобрувачи на ефикасноста, во основни и клучни платформи за успех на бизнисот. Гледајќи ја иднината на соработката, без разлика дали станува збор за работа од дома за време на пандемијата или по неа кога би требало да се вратиме во канцеларија, виртуелните можности ќе играат се` поважна улога во секојдневните деловни активности.

Компаниите би требало да препознаат дека инвестициите што ги прават во визуелната соработка ќе бидат клучни не само за работата на далечина, туку и за работните процеси во канцеларија. Со инвестирањето во овој вид софтвер сега, компаниите ќе бидат сигурни дека нивните тимови се подобро опремени за дигиталната иднина што не` чека сите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -