Зошто заморот предизвикан од Зум посилно ги погодува жените од мажите

За време на состаноци на Зум со колеги, вообичаено држам втор, таен состанок со моето сопствено лице.

Разговорите за време на овие состаноци-во-состаноци можат да бидат прилично интензивни. Зошто си ваква? Ја прашувам мојата брада на која гледам како се создава светла црвена мозолка. Треба да ги обелиш забите, им кажувам на моите заби кои ми изгледаат полни со флеки кога се смеам на некоја шала кажана од страна на колегите. Престани да изгледаш толку уморна! Им наредувам на подочниците, загрижена дека членовите на мојот тим ќе помислат дека мојата поспаност се должи на досада, пишува новинарката Сара Тод за порталот Quartz at Work.

Кога престанува виртуелниот повик, често пати се чувствувам видно разочарана – не поради нешто што кажале моите колеги, туку поради тоа што сум ги поминала последните 30 минути во обид да одолеам на сопствените критички мисли со кои жените вообичаено се окупираат крајно беспотребно.

Многу други жени се во истиот технолошки чамец, посочува новото истражување од автори од Универзитетот Стенфорд и Универзитетот во Гетеборг, Шведска. Жените се повеќе склони од мажите да искусуваат т.н. Зум замор. Причините се сведуваат на она што истражувачите го нарекуваат „огледална анксиозност“ – чувство на свест за себе „поттикнато од гледањето себеси на видео состаноци што делува како сеприсутно огледало за време на социјалната интеракција,“ наведува извештајот.

Колкав е степенот на вознемиреност предизвикан од себе-гледање за време на повик на Зум?

Истражувањето, кое се` уште не било ревидирано од страна на други колеги, се заснова на спроведени анкети на речиси 10 600 луѓе во врска со нивните искуства од состаноците на Зум. Тоа открива дека една во 7 жени кажала дека се чувствува „многу“ и „екстремно“ уморна по повик на Зум, во споредба со еден во 20 мажи.

Жените исто така имаат подолги состаноци и пократки паузи кога соработуваат, но разликата во родот останува дури и кога истражувачите ги контролирале тие фактори. Најголемата причина за оваа разлика помеѓу родовите лежи во разликите помеѓу тоа како мажите и жените одговараат на прашања од типот на: „За време на видео конференцијата, колку загрижен/а се чувствуваш за тоа што се гледаш себеси?“ и „За време на видео конференцијата, колку ти пречи тоа што се гледаш себеси?“.

Шансите се поголеми жените да кажат дека трпат негативно влијание кога се гледаат себеси на екран, што ги поддржува другите истражувања што покажуваат дека жените се повеќе склони да одржуваат „внимание фокусирано на себе“ отколку мажите – навика што е поврзана со депресија и анксиозност. Истражувачите исто така откриле дека жените се повеќе склони да користат заменки во прво лице како „јас“ и „моето“ во анкетите со прашања со отворени одговори, што е уште еден знак за внимание фокусирано на себе што е исто така поврзано со депресија.

Студијата има неколку ограничувања, вклучително и фактот што учесниците самите се одбрале (и оттука не претставуваат репрезентативен примерок за популацијата) и се потпира на одлуката луѓето самите да рапортираат колку многу го користат Зум и како се чувствуваат по повиците. Сеќавањето може да лаже.

Како да бидеме помалку свесни за себе за време на видео повици

Зошто кога се гледаме себеси за време на видео состаноци тоа создава толку голем удар за некои од нас? Една причина доаѓа од објаснувањето на психологот Тара Вел: „Сите сме сетирани да бараме проблеми, кривица, мани и слаби страни. Кога се гледаме себеси повеќе од неколку минути, ги гледаме работите кај нас што не чинат“.

За да се справиме со овие тенденции, Вел препорачува „огледална медитација“ – кога луѓето поминуваат време во учење како да гледаат без притоа да носат судови за нивните сопствени рефлексии. Обидете се да седнете пред огледало 10 минути дневно и следете ги инструкциите на Вел:

„Доведете го вашето внимание во сегашниот момент со вас самите. Потоа имајте отворена свесност, кога сте отворени да се видите себеси на нов начин, отворени сте кон можноста дека по секако нема да знаете што ќе видите. (И потоа) создадете вид намера кон вас самите“.

Друга опција е да не ја вклучувате можноста да се гледате себеси на Зум.

Други негативни страни на видео состаноците

Извештајот на Стенфорд опишува неколку психолошки негативни страни на состаночењето преку Зум што не можат лесно да се поправат:

  • Чувство на физичка замка (бидејќи не можете да се протегнете или да се движите наоколу како за време на контактите во живо)
  • Справувањето со хипер-поглед (кога 17 пара очи гледаат во вас, без разлика дали зборувате или не, тоа може да ве натера да станете свесни за себе)
  • Искусување когнитивна преоптовареност (бидејќи треба да направиме екстра напори за да невербално комуницираме на Зум и да ги толкуваме гестовите на другите, тоа води до ситуации во кои се наоѓаме себеси како прекумерно анализираме дали минималното движење на главата на вашиот шеф значи дека ја зема предвид вашата идеја или ја мрази, но е премногу учтива да го каже тоа).

И покрај овие проблеми, Зум нема да замине, особено сега кога се` повеќе компании планираат да направат транзиција кон хибридна работа или да работат целосно на далечина. Но, знаењето дека видео состаноците имаат диспропорционално негативно влијание на жените може да биде уште една причина зошто треба да се обидеме да ги сведеме на минимум, или да го замениме разговорот на Зум за вистински телефонски повик.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -