Доброто менаџирање сo време посилно влијае врз добросостојбата отколку на работната ефикасност

Бидејќи станавме премногу зафатени и окупирани со секаков вид потребни и непотребни обврски, порасна желбата работите да се прават или обавуваат побрзо и ефикасно. Индикатори за ваквата потреба се зголемениот број апликации кои ви овозможуваат да читате побрзо, недостатокот на правење пауза на работа и општиот фокус на „продуктивноста“, смета Емили Рејнолдс, писателка и активистка, и новинарка од Лондон, со интерес во ментално здравје.

Како личната добросостојба е поврзана со менаџирањето со време

Но, дали овие техники навистина функционираат? Во една мета анализа издадена во PLOS One, Бред Еон од Универзитетот Конкордиа и неговите колеги откриваат дека вистина функционираат, но најверојатно не поради очекуваната причина. Додека вештините за управување со време станаа поважни во процесите на евалуација на ефикасноста на работното место од 1990тите, нивното најголемо влијание почива на друго место: во личната добросостојба.

Накратко, менаџирањето со време е рамка за носење одлуки што ни помага да го структурираме, заштитиме и приспособиме нашето време на непостојаните околности. Оттука, менаџирањето со време може да се измери преку прашања од типот на: „Дали имате дневна рутина?“, „Дали ви е тешко да им кажете ,не’ на луѓето?“ и „Дали правите проценка на вашиот дневен распоред?“. Рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и ставовите за времето и менаџирањето со времето се исто така клучни.

За да ја испита ефикасноста на менаџирањето со време, тимот собрал 158 научни трудови од 1980тите години до 2019 год од билтени за бизнис, сметање, родови студии, психологија, социологија и образование; трудовите што вклучувале скали или прашалници за менаџирање со време исто така бие вклучени. (Интересно е што студиите за менаџирање со време станале популарни меѓу 2000 и 2010тите, што сугерира дека тогаш постоел поголем тренд и интерес за темата).

Овие студии вклучија и работа на истата тема сработена во академските кругови и работните средини, индивидуалните разлики во менаџирањето со време, и неговото влијание врз фактори  за добросостојба како што е задоволството од животот, анксиозност, депресија и позитивен или негативен афект.

Со анализа на ефектите од сите овие истражување, тимот открил дека менаџирањето со време има умерено, позитивно влијание на ефикасноста на работа, и во поглед на оценките од страна на менаџерите и фактори како мотивација и ангажираност во работата. Односот помеѓу менаџирањето со време и професионалната ефикасност станува посилен со текот на годините во кои истражувањата биле објавени, што е уште еден индикатор дека менаџирањето со време станало поважен фактор во животот на луѓето. Врската не била толку силна како во академските средини – менаџирањето со време се чини дека било помалку релевантно во поглед на резултатите на тестовите, отколку во однос на оценките за ефикасноста на работа.

Повеќето индивидуални разлики слабо се поврзуваат со вештините за менаџирање со време: жените имаат посилни вештини за менаџирање со време отколку мажите, на пример, но оваа корелација е слаба. Вештините за менаџирање со време кај жените се зголемиле во текот на временската рамка на мета-анализата, но, можеби тоа е знак на поисполнети распореди и зголемена потреба за справување со различни видови обврски.

Подобро менаџирано време, посреќен живот

И покрај наративите што посочуваат дека менаџирањето со време првенствено е вештина поврзана со работата или кариерата, најсилната врска е помеѓу доброто менаџирање со време и добросостојбата: ефектот на менаџирањето со време врз задоволството од животот бил 72% посилен отколку задоволството од работната позиција. Менаџирањето со време исто така ги намалува и чувствата на непријатност и несигурност.

Се` на се`, наодите предлагаат дека менаџирањето со време навистина функционира – иако спротивно на популарното мнение, токму ДОБРОСОСТОЈБАТА е факторот кој трпи најпозитивно влијание, а не работата. Работата и добросостојбата очигледно се поврзани – ако на работа ви е одвратно, задоволството од животот тешко дека ќе биде големо. Но, резултатите од мета-истражувањето би можеле да значат дека добросостојбата не е едноставно спореден производ на успешно менаџирана рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот, туку директен резултат на доброто менаџирање со време.

Вештините зависат од расположливите ресурси

Можеби не сакате да вложите премногу верба само во менаџирањето со време, но, стекнувањето цврсти вештини за менаџирање со време, според тимот, често пати е функција на привилегија. Нешта како приходи, социјална класа и образование, сите влијаат на нашата способност за менаџирање со време. Тимот користи интернет „меме“ за да ја илустрира поентата – „имате исто толку часови во денот како Бјонсе“. Додека од техничка гледна точка реченицата е точна, Бјонсе има тим дадилки, шофери, готвачи, лични тренери и други лица кои го менаџираат нејзиното време.

Тие кои живеат без такви ресурси најверојатно нема да постигнат исто толку како некој кој ги има, и нивно срамотење поради недостиг на достигнување не е од никаква помош. И, иако вештините за менаџирање со време се непроценливи во нашите зафатени и исполнети животи, исто така е корисно да ги запомниме зборовите на д-р Мариа Кордовиц, колумнистка во весникот The Psychologist: „Вие сте повеќе од вашата продуктивност“.

Извор: The British Psychologist Society

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -