Бројот на жени во СТЕМ областите сé уште низок

Дури 68 земји во светот го одбележуваат Меѓународниот ден на жени и девојки во науката, а целта на овие прослави е да се промовира улогата на понежниот пол во областите како наука, технологија, инженерство и математика, или попознати како СТЕМ области. 

Поврзано:

Според информативниот портал kent-teach.com, 35% од студентите во Велика Британија кои се запишуваат на овие студии се жени, што говори дека тенденцијата жените да не се присутни во голем процент во студиите за СТЕМ науките или на пазарот на трудот во овие полиња сѐ уште не е надмината. 

На жените им требаат позитивни примери

Организацијата на жени во СТЕМ областите (STEM Women) искористи податоци од Службата за прием на универзитети и колеџи во Велика Британија со цел да ги препознаат причините и да донесат заклучоци засновани на истражувања и докази за родовата празнина во СТЕМ. Тие дојдоа до заклучок дека целокупниот процент на жени кои имаат допломи од СТЕМ областите полека расте, но дека сé уште тој сооднос изнесува 26%. Понатаму, процентот на жените кои учествуваат во пазарот на трудот со квалификации од овие области е 22%. Овие бројки посочуваат дека на жените им треба повеќе охрабрување за да се запишуваат на овој вид студии и да започнуваат кариери во овој сектор.

Според британската непрофитна организација Engineering UK, девојчињата остваруваат подобри академски резултати во повеќето предмети опфатени со курикулумот за средно образование и сите СТЕМ предмети од највисоко ниво отколку момчињата и поверојатно е да ги изучуваат тие предмети и кога ќе се запишат на факултет. 

жени во стем

Сепак, постојат комплексни бариери кои ги тераат девојчињата да се откажат од ваквата кариера, а одредени истражувања посочуваат на различни фактори, меѓу кои, најистакнати се родовите стереотипи и работните навики и култури.  Уште повеќе, предизвиците за девојчињата се случуваат кога тие се многу мали. Играчките со кои ги поттикнуваме девојчињата да се играат, како и зборовите што родителите ги користат за да им го опишат светот и направат поблизок се само едни од еклатантните примери за тоа колку се длабоки родовите предрасуди, и како таквите несвесни постапки во раното дество можат да влијаат на животот на девојката години подоцна.

Родовите нееднаквости сѐ уште имаат влијание 

Идентификувани се 4 крупни бариери за жени и девојки во СТЕМ области:

  1. Билошките разлики меѓу мажите и жените
  2. Помал број жени научници и инженери како примери
  3. Културолошки притисок врз девојчињата да подлегнат на традиционалните родови улоги
  4. Недостаток од позитивни примери на жени научници во детството

Еден од начините да се надминат овие преперки е да почнеме да ги учиме децата од најрана возраст за тоа што претставуваат СТЕМ областите, а потоа и да им влеваме кураж дека можат да имаат професионален развој и стабилна кариера и во тие полиња. Во последно време се појавија и голем број педагошки средства и  материјали за соодтвена возраст кои можат да се користат во наставата по природни и технички науки. Доколку сакате да му посочите на детето колку е разнолик светот во кој живееме и како тој функционира, можете да го „симнете“ воведот во инженерство на овој линк.  Не заборавајте дека децата учат да се справуваат со нови предизвици низ игра, така што само треба да ја ставите во погон вашата имагинација за да ги натерате и нив да развиваат интерес. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -