Додека невработеноста се зголемува, е-трговијата расте

Скорашниот пораст на невработеноста во САД запрепастува, и само мал дел од компаниите не го почувствувале влијанието на Ковид-19 на нивните бизниси, пишува порталот entrepreneur.com.

Поврзано:

Но, кога станува збор за електронската трговија, одредени брендови официјално изјавуваат дека остваруваат слична продажба како и за време не „Црниот петок“, бидејќи луѓето обврзани да поминуваат време во карантин продолжуваат повеќе да трошат онлајн. Пазари кои искусуваат пораст за време на само-изолација и светска пандемија се оние каде се продаваат опрема за вежбање, кујнски прибори, спортска гардероба и здравствени суплементи. Така што, ако случајно сте ја изгубиле работата за време на кризава, размислете дека постојат организации што нудат решенија за отворање сопствен бренд преку ноќ, бидејќи побарувачкатата постои.

Можноста за е-трговија

Многумина не го разбираат процесот на претворање идеја во вистинска онлајн продавница со остварена  продажба. Ник Перони, основачот на Ecom Empires, верува дека патот на растот на онлајн продавницата е прилично прав. Во ова видео, тој во детали објаснува како успеал да ја развие е-продавницата да заработи повеќе од 21 илјади долари во приход за три недели.

е-трговија

Како Перони, многу лидери во индустријата со електронска трговија ги забрзуваат внатрешните процеси за да обезбедат неопходни алатки, податоци и ресурси за да им помогнат на тие кои неодамна останаа без работа да почнат одново.

Како да почнете со електронска трговија

Нејтан Ресник, основачот на Sourcify, почна да го работи неговото Училиште за извор на производи, со цел да ги научи „учениците“ сè што треба да знаат за изложувањето сопствени производи на пазарот. Неодмна, Ресник сподели дека неговата компанија искусила зголемување за 30% во бројот на луѓето кои се запишале во ова школо, додека пак им доделува стипендија на оние нови корисници кои се подготвени веднаш да почнат да работат, со цел да им се помогне во овие несигурни времиња.

Во моментов постои голема побарувачка за ваков вид водење бизнис. Кога размислувате за производство на некој производ, се појавуваат голем број прашања – од, како да најдам сигурна фабрика, до како да ја гарантирам контролата на квалитетот, и како да увезувам производи.

е-трговија

Други компании во индустријата на е-трговија ги продолжуваат понудите со бесплатни пробни периоди и нудат огромни попусти за оние лица кои сакаат да учат како да продаваат производи онлајн. На пример, Shopify, во чија сопственост се стотици илјадници интернет продавници, неодмна го продолжи бесплатниот пробен период од 30 на 90 дена.

Чејс Хероу, основачот на заедницата Watchers, ја продолжи понудата за вклучување во неговата програма за отворање онлајн продавница за само еден долар, за да им помогне на луѓето за време на овој тежок период. Тој вели дека не само што голем број од брендовите што тој ги продава имаат поголеми продажби во овој период, туку и дека трошоците за рекламирање на Фејсбук и Гугл се многу поволни, како што никогаш претходно не биле.

Овие околности ја создаваат совршената бура за оние кои се подготвени сега да отворат сопствена компанија, бидејќи во електронската трговија, вашите главни трошоци се продадените стоки и рекламирањето. Сега можете да стекнете нови муштерии на многу повнимателен начин, а во исто време ефикасно да го пласирате сопствениот производ.

Други компании што нудат услуги поврзани со е-трговија, како што се компании за логистика како трети страни, обезбедуваат податоци во реално време за трендовите на товарниот транспорт. Овие компании ги користат податоците од претпријатија за е-трговија што користат фабрики за пакување и затоа се во можност да ги категоризират овие производи во ниши како што се убавина и фитнес, за да видат кои од овие се во тренд.

е-трговија

Според нивните податоци, продажбите на компаниите што нудат фитнес услуги пораснале за повеќе од 51 процент, месец за месец, додека пак муштериите кои купуваат накит ги смалиле трошењата за 39 проценти во однос на истиот период.

Сега е вистинското време!

Ако сте тргнале по патот да започнете сопствен онлајн бизнис, важно е да ги анализирате моменталните податоци за да видите на која категорија треба да се фокусирате. Иако, со надеж, ќе се вратиме „во нормала“ на долг рок, ако барате начини да остварите приходи што ќе ви надоместат за невработеноста, важно е да се осигурате да ја започнете продажбата на брендот во категорија која искусува пораст во продажбата.

Историјата ни покажала дека рецесиите се основата врз која се создаваат богатства. Овие денови, електронската трогвија може да послужи  како таа основа, осовен сега кога ги имаме и лесно можеме да им пристапиме на сите алатки што се потребни за почеток. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -