Како повеќе да се движите низ дома

Ако сте како нас, сегашната ситуација со коронавирусот значи дека поминуват повеќе време дома отколку што сте навиканти. И најверојатно, не вежбате толку колку што вежбате вообичаено. На краток рок, ова воопшто не е важно. Вашето тело ќе се справи со неколку дена без вежбање. Дури ништо нема да му се случи и по една недела, или две. Но, на долг рок, сите ние мораме да изнајдеме начини да се движиме повеќе по дома!

Поврзано:

Порталот ideanthromovement им нуди на читателите 7 начини како повеќе да се движиме додека поголемиот дел од времето го минуваме во само-изолација.

Патем, додека го читате ова, имајте предвид дека вашето тело не треба да тренира за да биде здраво – ова е најчест мит што го користи фитнес индустријата. Она што телото треба да го прави, е да се движи, и тоа треба да се движи редовно во квантитет, и правилно во кавлитет, и треба да се движи на многу различни начини. Нашата листа се фокусира на зголемување на квантитетот и разноликоста на движењата.

движење

Седете на под

Седењето на подот наместо на каучот прави две добри нешта за нас. Нè тера да станеме и да седнеме повторно на подот, и нè тера да испробаме различни позиции на седење што не ги правиме кога седиме на кауч. Оваа разноликост е одлична за вашето тело! Така што, следен пат кога ќе седнете да гледате телевизија, гледајте од подот.

Играјте си со децата

Голем дел од нас не поминуваат сами време дома, туку со нашите деца. Ова може да биде голем предизвик, но и голема шанса. Ако одвоите конкретно време за да си играте со децата постојат многу големи шанси дека ќе се движите многу, или во најмала рака, ако имате мали деца, ќе седите подолго на под.

Исчистете ги долните делови од шкафовите

Можеби имате такво ќоше од шкафот, преполно со работи што сте ги заборавиле дека постојат, и кое одмна „плаче“ за чистење… Одлично, тоа што сте „заглавени“ дома значи дека сте на вистинското место за конечно да го исчистите тој дел од шкафот, а од друга страна, чистењето е одличен начин да искористите различни чучнувања и истегнувања додека се обидувате да ги достигнете најоддалечените места.

движење

Учествувајте во игри со движења и предизвици со децата

Играњето игри со движења или предизвици за децата е одличен начин и тие и вие да бидете среќни додека се движите по дома.

Немате идеја што да играте?

Проверете ги видеата на ideanthromovement за повеќе идеи!

Четкајте ги забите со другата рака

Ахам, дури и четкањето заби претставува можност за поголемо движење. Секако, миењето заби е мало движење, но сепак вредно. За почеток, ако ја користите другата рака од онаа со која вообичаено ги миете забите, го предизвикувате вашиот мозок на многу различни прекрасни начини, но и предизвикувате позитивни промени во вашето тело.

Следниот пат кога ќе ја земете четката за заби со доминантната рака, забележете како горниот дел од телото се врти малку на другата страна додека четкате?

Сега обидете се со другата рака. Дали го имате истото чувство?

движење

Најверојатно не. Миењето заби со другата рака може да помогне во попуштањето на некој асиметричен грч што сте го чувствувале подолго време.

Исчистете го подот

Ок, ако сме вистина искрени, патосите во домот не ги чистиме толку често колку што сметаме дека можеби треба. Но, седењето дома ни ја овозможува шансата конечно и тоа да го завршиме. Ова се одлични вести, бидејќи чистењето подови содржи секаков вид можности за движење, особено ако се спуштите на сите четири и го рибате подот со рака. Ова сфатете го како комбинација од вашата вообичаена рутина со вежби со чучнување и склекови, и истенувањето што го вежбате на јога, но не му плаќате некому за тоа задоволство, а згора на тоа, добивате и чисти подови по ваш тертип. Одлична зделка!

Научете нова вештина

Искористете го времето  дома за да научите нова вештина. На пример, научете да фрлате правилно со топка од чорапи. Цртајте, садете цвеќиња, научете нов јазик, можностите се бесконечни!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -