Еве како да го „освежите“ работењето на далечина

Во текот на многу години, работењето на далечина се сметаше за повластица. Таквиот стил на работа е нешто што стартап и новоосновани компании го нудеа на пазарот на трудот како начин да ги привлечат најталентираните професионалци и да се одвојат од конкурентите, пишува Рајан Чартранд, извршен директор на X-Team, компанија која работи со софтверски инженери од целиот свет.

Сега? Работењето на далечина е очекување што ја надминува традиционалната домашна канцеларија. Пример за оваа промена е „канцеларијата на денот“ на ланецот хотели Хајат. Хотелот им нуди на работниците нова можност да ја сменат работната средина и да работат на начин што ја зголемува нивната добросостојба. Уште подобро, работа на далечина не значи поседување финансиска моќ да си дозволите приватна плажа – туку суптилно менување на вашата средина за да го подобрите расположението и ја зголемите креативноста.

Кога работниците се под стрес и се заглавени дома без пристап до голем број од работите што вообичаено им носат радост, како хоби и надворешни дразби, клучно е работните средини да повикуваат на ангажираност. Работењето на далечина е нешто што повеќето компании можат да го понудат во овој момент, но добрите фирми го прават овој стил на работа забавен и свеж.

Пајажините нека бидат што подалеку

Откако еднаш ќе се навикнете на идејата дека работењето на далечина не е само „работа од дома“, опциите за тоа како да го поминете денот се прилично бескрајни. Само запрашајте се себеси: „каква енергија ми треба за да ги надминам моменталните работни задолженија? Тоа прашање би требало да го диктира размислувањето за работа на далечина што го негувате во вашата компанија.

Во продолжение се неколку чекори што ќе ви помогнат да го подобрите работењето на далечина на членовите на вашиот тим.

Платете ја сметката

Покажете ја посветеноста на вашата компанија на работењето на далечина со тоа што ќе зборувате за преземање дејства и финансиска инвестиција. Распределете одредена сума пари за да можат вработените да го истражат целосниот спектар на флексибилни начини на работа на далечина.

Некои компании, како Automattic, тимот што стои позади WordPress, открија дека целосно распределена работна сила е правилниот начин на организирање на работата. Компанијата ги охрабрува членовите на тимовите да работат од каде било, вклучително им доделува одредена сума пари за да си постават попријатна работна средина со другите.

Мојата компанија им доделува на вработените 2500 долари годишно, пари што можат да ги потрошат на учење, раст и на работите што ги сакаат. Во зависност од потребите на секој тим, ова може да изгледа како нова механичка тастатура, членство во теретана или билети за конференција. Исто така нудиме и X-Outpos – простор за заедничко живеење што ги инспирира нашите тимови да побегнат од нивните вообичаени рутини и да ја ослободат креативноста.

Ако имате краток буџет, јавните простори секогаш обезбедувале место за работа надвор од дома; можете да ги користите како канцеларија надвор од дома. Молови, јавни библиотеки, лобија во хотели, па дури и аеродромите нудат евтина средина за работа која постојано се менува. Кога имате голем избор, можеби ќе откриете дека одредени локации во вашата локална заедница можат да ви служат за различни цели. Кои и да се вашите средства за обезбедување опции за работа на далечина, подигнете ги на ниво за да му обезбедите на вашиот тим нови и иновативни можности.

Учете, учете, учете

Според една студија на Deloitte, 75% од компаниите ја разбираат важноста на „создавање и зачувување знаење“, бидејќи пејзажот на вработливоста еволуира на секои 12 до 18 месеци. За таа цел, помогнете им на вашите работници на далечина да растат со тоа што ќе станат верен ресурс во работната средина што постојано се менува.

Направете истражување и обезбедете опсежна внатрешна листа на ресурси. Тоа би можело да биде список со локални кафе барови или хабови со сигурни интернет врски. Или пак, можеби листа на ресурси би биле сите можни опции за поврзување со други компании кои исто така имаат вработени кои работат на далечина и кои сакаат да си најдат пријатели. Во нашата фирма, во нашите внатрешни ресурси додадовме нешто што го нарекуваме списоци со „сурфери на кауч“ за да можат вработените од различни градови да си одат на посета и да работат во ист простор во текот на кратки периоди во годината.

Сето знаење што го имате искористете го за да им помогнете на вработените да го трансформираат светот на далечина околу нив. Со тоа што ќе ја споделувате вашата експертиза за работа на далечина, ќе им помогнете на вработените да носат информирани и ефективни одлуки во врска со исполнувањето на нивните професионални обврски секој ден.

Испукајте некоја пуканка

Често пати, вработените толку многу се заглавени во нивната работа и живот што забораваат дека селењето е опција. Одделни студии од истражувачите на Универзитетите во Мичиген и Тексас заклучуваат дека менувањето на местата за учење им помага на студентите да ги подобрат резултатите на тестовите. Вашиот протокол за работа на далечина може да има големо влијание ако ги охрабрувате, инспирирате и потсетувате тимовите да станат и да се размрдаат.

Промената на локациите, иако тоа може да значи селење од кујната во спалната соба и повторно назад, може да поттикне излив на креативност и да ја подобри циркулацијата во вашето тело. Со членовите на својот тим, Бафер сака да игра игра наречена „пуканки на работното место“, каде учесниците се селат на ново место за работа пред да можат да ја завршат следната задача на нивната листа задолженија.

Потсетете ги членовите на вашиот тим дека не мора целата работа да ја работат на еден единствен кауч или столица. Без разлика дали се движат во просториите на куќата, градот или државата, охрабрете ги работниците на далечина да бидат подвижни.

Можеби целиот свет е во криза, но работата на далечина е многу повеќе од сработување на обврските. Наоѓањето нови места што ве инспирираат, нови луѓе од кои можете да учите и нови перспективи во старите пејзажи можеби е револуцијата што и` е потребна на вашата професионална средина оваа година.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -