Денот на вљубените: како да му покажете на вашиот бизнис дека го сакате

Можеби најголемиот аспект на претприемништвото што често пати се игнорира е фактот дека растењето бизнис и грижата за живо суштество се многу слични. Вашиот бизнис бара љубов и грижа за да продолжи да расте силно, што пак за возврат ви дозволува да продолжите да ги жнеете неговите плодови. Овој Ден на вљубените е совршена прилика да и` дадете на вашата компанија доза љубов и да му помогнете на вашиот бизнис да станува се` посилен со секоја наредна година – без разлика дали искажувате почит кон клиентите кои ги користат вашите производи или им се заблагодарувате на вработените кои работат долги часови за да се осигураат дека вашата компанија функционира најдобро што може, цени Адриан Фалк, основач и извршен директор на Believe Advertising & PR.

Во прилог се неколку начини на кои можете да му покажете на бизнисот дека го сакате за Денот на вљубените. Овие техники сигурно ќе предизвикаат оптимизам кај сите засегнати страни во вашиот бизнис и ќе ја подобрат ефикасноста во текот на целата година.

Почнете да одвојувате време за себе секој ден

Голем број бизнис лидери, вклучително и Џеф Безос и Елон Маск, живеат со идејата дека нивните животи не можат да се сведат само на бизнис. Честа цитирана изјава на Безос е дека тој цели кон „хармонија помеѓу професионалниот и приватниот живот“, бидејќи кога неговиот домашен живот е добар, тогаш и работата во Амазон се одвива добро и обратно. Ако вие сакате да функционирате најдобро што можете, тогаш одвојте време да ги наполните батериите. Тој чекор е лесен да го направите, како што е вежбањето по дома наутро, прошетка во вашето маало попладне, или неколку минути медитација пред да си легнете. Здрав начин на размислување е клучен во секоја индустрија бидејќи што поздрави и посреќни се чувствувате, толку повеќе ќе можете да им пристапите на работите со оптимизам и енергија.

Започнете кампања за односи со јавност

Како што светот станува се` повеќе глобален и медиумските сајтови прават промени за да ја споделуваат нивната содржина дигитално, сега станува се` повеќе важно да ја претставите вашата компанија во медиумите. Една единствена приказна за вашиот бизнис може да генерира наплив од продажба и следбеници на социјалните мрежи преку ноќ, па дури може да стане и вирална. Публицитетот е многу поевтин од рекламирањето и има други бенефити, вклучително и моментот извршниот директор да ве позиционира како експерт во вашето поле, па дури и олеснува во верификацијата на платформите на социјалните медиуми. Голем број бизниси самите ги работат активностите поврзани со односите со јавност и добиваат огромни резултати, но исто така е вообичаено и компаниите самите да бараат фирми што работат во оваа областа за да им помогнат. Кој и да е пат да го одберете, ако го сработите тоа како што треба, резултатите ќе ви се исплатат во голема мера, што пак ќе доведе до дополнителна продажба и клиенти што ќе ви помогнат да го однесете вашиот бизнис на следно нив.

Покажете им на вашите вработени доза љубов

Од едноставен емеил каде зборувате дека ја цените нивната работа („Одлично сработено во минатиот квартал, навистина ценам што си постигнал, како и фактот дека работиш вредно“), до инкорпорирање структуриран поттик во форма на бонус во рамките на вашиот бизнис, секогаш е важно да им се оддаде признание и почит на оние кои ви помагаат да го водите бизнис на дневна основа. Вработените се основата на успехот на компанијата и често пати едно мало „благодарам“ или знак на почит можат многу да придонесат во поглед на тоа вашите вработени да се чувствуваат како дома кога се на работа.

Направете план за 2021 год

Ако немате креирано структуриран план до сега, најверојатно не сте сами. По ураганот негативни последици во 2020 год, работите во моментов едвај да можат да се предвидат, што значи дека е тешко да имате јасни очекувања за тоа што оваа година може да донесе за вашиот бизнис. Сепак, вашата компанија ќе има огромна корист ако ја евалуирате ефикасноста минатата година и создадете план врз основа на работите што сте ги научиле или грешките што сте ги направиле. И додека некои од најдобрите планови можеби нема да се остварат, сепак ќе треба да имате воспоставено структура. Мапирањето на она што треба да го направите и што сакате да постигнете на годишно, месечно и неделно ниво, не само што ќе ви осигура највисок степен на успех, туку и сите ќе бидат на исто мнение и ќе дадат се` од себе да го направат вашиот бизнис што е можно попродуктивен.

Продолжете да учите

Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за вашите вработени е самите вие да се подобрувате најдобро што можете. Како претприемач, важно е никогаш да не престанете да учите. Без разлика дали станува збор за слушање аудио предавања и дискусии за бизнис, духовен или личен раст, или присуствувате на семинари, важно е постојано да го проширувате сопственото знаење, дури и во области со кои не сте запознаени. Голем број луѓе ја потценуваат потребата за вежбање на мозокот, во иста мера како и телото, со цел да се создаде здрава и позитивна атмосфера внатре во и околу вас. Начинот на кој се работеше пред пет години, па дури и во последната година, ни оддалеку не е ист како сега, и како сопственик на бизнис, треба да се впуштате во иновирање и креативност за вашиот бизнис да добие конкурентска предност над останатите.

Воведувањето на овие стратегии ќе ви овозможи да бидете сигурни дека продолжувате да го сакате вашиот живот на патот на успехот како претприемач. Често пати, да се успее во бизнисот, се` што ви е потребно е љубов.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -