Како бизнисот на претприемач поединец да се претвори во несопирливо претпријатие

Голем број претприемачи почнуваат сами. Започнуваат нов бизнис и немаат партнери или персонал да им помогнат во менаџирањето на бизнисот и операциите, пишува Сеп Моблифард, директор за маркетинг и продажба и консултант, за бизнис порталот Entrepreneur.

Оваа одлука може да биде добра или лоша, зависно од околностите. Ако започнете бизнис сами, ќе имате целосна контрола врз одлуките поврзани со лидерството на вашата компанија. Не сте приморани да се консултирате со партнерот. Исто така, вие сте сопственикот на 100% од вашата компанија, што значи дека не треба да го делите профитот со другите сопственици или партнери.

Не е сјајна идеја да останете претприемач поединец засекогаш, исто така. На крај, стигнувате до точка кога сакате да го скалирате бизнисот и тоа е невозможно да се постигне, освен ако не ангажирате помош. Во продолжение на оваа статија се наведени петте клучни столбови, што се потребни за успешно да го скалирате бизнисот.

Создадете популарен производ или услуга

Претприемачите поединци се обидуваат се` да направат сами. Освен на менаџирање на бизнисот, тие мора да се фокусираат на создавање производи или услуги што луѓето сакаат да ги купат. Тоа може да е тешко за претприемач поединец бидејќи тие имаат многу други обврски на кои треба да се сконцентрираат. Обврските исто така ги спречуваат да спроведат соодветно истражување што е потребно за да се разбере што бараат потрошувачите на тој пазар.

Ако не сакате да се чувствувате пренатрупани со обврски како претприемач поединец, тогаш започнете го бизнисот што е можно поедноставно. Не грижете се толку многу за изнајмување комерцијален простор, за маркетингот на вашиот вебсајт, печатење визит картички или каква било друга репетитивна задача. Наместо тоа, целосно фокусирајте се на таргетираната публика на вашата индустрија и што таа бара од компаниите во таа индустрија. Потоа создадете производ или услуга што соодветствува на потребата.

Идејата е да ја посветите целата ваша енергија на создавање или нудење нешто што луѓето ќе сакаат да го купат во огромна бројка. Ако продавате производи, во ред е да ангажирате производител кој ќе ги создаде тие производи за вас врз основа на договор. И, ако станува збор за услуга, нудете најдобро што можете и направете ги вашите муштерии бескрајно среќни. Кога имате нешто вредно за продавање, се` друго во врска со водењето на вашиот бизнис ќе биде лесно.

Вработување и ангажирање луѓе од надвор

Претприемачите поединци вообичаено имаат добро испланиран буџет, и токму затоа тие самите работат на сите дневни задолженија. Не сакаат да ангажираат некој од надвор или да им плаќаат на вработените да им помогнат бидејќи не можат да си го дозволат тоа. Дали и вие се чувствувате вака?

Но ако преземете премногу одговорности тогаш ќе живеете во постојан стрес. Не очекувајте да станете сопствен сметководител, маркетер, советник за даноци, одговорен за корисничка поддршка и производител. Ќе стигнете до точка кога ќе бидете премногу уморни и исцрпени за да произведете квалитетна работа и вашиот бизнис ќе пати.

Нема ништо лошо во работење 12 и повеќе саати дневно за да го пораснете бизнисот. Но откако вашиот бизнис ќе почне да заработува, би требало да вработите дополнителни работници да ви помогнат. Ова може да бидат лица кои работат хонорарно, вработени на пола работно време или вработени со полно работно време. Започнете со еден хонорарец или вработен и постепено вработувајте повеќе луѓе, како што бизнисот создава повеќе профит.

Ќе знаете дека имате несопирливо претпријатие кога ќе имате неколку различни менаџери и вработени. Но не можете да стигнете до таа цел освен ако не се откажете од тоа да бидете претприемач поединец во одреден момент.

Инвестирајте во систем за менаџирање односи со клиентите

Вашите клиенти се р’бетот на вашата компанија. Дури и да мислите дека самите можете да се справите со сите менаџерски одговорности, како ќе се справите со сите клиенти истовремено?

Колку повеќе ја растете вашата компанија, толку повеќе клиенти ќе добивате. Ќе стане речиси невозможно да се одговори на сите прашања и да се исполнат сите нарачки без да најдете начин да ги менаџирате тие обврски на подобар начин. Оттука, би требало да инвестирате во систем за менаџирање односи со клиентите за да можете полесно да се справите со информациите што сакате да ги испратите до вашите клиенти, продажбата и да добиете увид во она што тие го бараат. Создавањето силна врска со вашите клиенти е клучно за водењето успешен бизнис. Како претприемач поединец, ќе ви биде потребна сета можна помош во тој дел. Токму затоа систем за менаџирање односи со клиентите е непроценлива алатка што треба да ја воведете во вашата компанија.

Инвестирајте во брзи и лесни маркетинг техники

Автоматизираниот маркетинг е одличен начин да заштедите време како претприемач поединец. Некои експерти ќе ви кажат да постирате класифицирани реклами или пораки на блог за да привлечете нови клиенти онлајн. Но овие активности се репетитивни и одземаат многу време. Ќе имате проблеми ако секој ден го посветувате на маркетинг кога имате толку многу други задолженија како претприемач поединец. Подобро е да инвестирате во брзи и лесни маркетинг техники како што се кампањи „плати-по-клик“.

Во ваков вид кампањи, секој пат кога некој ќе го кликне вашиот оглас, плаќате цена што сте ја поставиле во кампањата за секој пребаран клучен збор. Плаќате само кога луѓето ги кликаат вашите реклами и го посетуваат вашиот вебсајт.

Поентата тука е дека нема потреба да трошите толку многу време на оптимизација на пребарувачот или да постирате реклами бидејќи овие кампањи го работат целото рекламирање за вас. Откако ќе создадете кампања, можете да ја оставите на авто-пилот и таа да си продолжи да го поромовира вашиот бизнис.

Не се продавајте

Како што го растете бизнисот како претприемач поединец, значително ќе ја зголемите вредноста на вашата компанија. Ако бизнисот генерира голем профит, можеби ќе добиете понуди од инвеститори кои ќе сакаат да ја купат вашата компанија за пристојна сума пари. Секогаш е искушение за еден претприемач поединец да ја продаде компанијата. Но не му се препуштајте на овој импулс.

Ако имате бизнис што вреди да биде купен, тогаш мора да е вреден бизнис. Зошто би сакале да го продадете кога можете да го пораснете и скалирате? Целата поента на создавање бизнис е постигнување огромен успех. Немојте да го продавате затоа што сте постигнале мал успех. Одете до крај се` додека вашиот бизнис не се претвори во несопирлво претпријатие.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -