Дали профитот е поважен од влијанието?

На училиштата за бизнис и претприемништво не` учат дека кешот е крал. Секогаш станува збор за профит, за постигнување на крајната цел и за проширување на каналите на приходи. И, додека парите се секако важни во еден бизнис, верувам дека нашите вредности во поглед на тоа како го водиме бизнисот треба да биде главна грижа, пишува Лени Леонг за е27.со, основач на Get Customers во Сингапур.

Парите никогаш не треба да бидат поважни од етиката.

Секако, ова звучи паметно, како премиса која секој ја знае. Но вистината е дека има голем број претприемачи која ја поминуваат линијата меѓу парите и етиката без при тоа навистина да го знаат тоа, бидејќи самата граница често пати се преформулира.

Верувам дека единствениот начин навистина да знаете со сигурност е да се покрене искрен разговор за тоа во кои сегменти, ние како сопственици на бизниси, ги цениме парите повеќе отколку помагањето на другите.

Искрената размена на добра и услуги за пари секогаш ќе биде присутна. Но, во кои сегменти профитот е поважен од влијанието?

Кога размислував на примери што денес ги гледам во индустријата фокусирана на разноразни „гуруа“, верувам дека следните три сценарија опишуваат настани што се случуваат многу почесто отколку што би сакале да си признаеме… особено во коучинг секторот.

Но, нивното проценување е добра можност да одредиме дали живеете според вредноста дека етиката доаѓа на прво место, и во бизнисот и во животот.

Се нудат коучинг услуги без претходно големо искуство

За жал, има огромен број коучинг програми преку кои „гуруата“ ги учат студентите на стратегии и принципи што во суштина самите тие не ги совладале баш добро. Ова се случува на големо, со голем број следбеници; тренери кои всушност никогаш не основале бизнис од нула, до работилници за технолошки бизниси, често се одржуваат а при тоа предавачите ја научиле содржината на други вакви настани (наместо да влечат поенти од сопственото искуство).

Дури и некој амбициозен тренер да ја научил сета едукативна содржина на светот за тоа како да се основа бизнис, поканата за студенти и клиенти да станат дел од бизнис светот без притоа да имаат увид во реалното искуство е одличен пример за сектор во кој парите се поважни од етиката.

Сее се сведува на едно просто прашање: дали навистина можете да им помогнете на учениците кои ќе ви веруваат и ќе купуваат од вас? Или пак, едноставно знаете дека ќе купуваат од вас бидејќи имате фокусирана маркетинг стратегија и големи напори во доменот на односите со јавност? Ако станува збор за второто прашање, тогаш им ги трошите и времето и парите на луѓето за содржина која реално нема да им помогне.

Тоа е штетно и за вас, долгорочно гледано – ќе добивате помалку позитивни критики, а студентите ќе бидат искрени за тоа во колкава мера сте им помогнале.

Копи-пејст на нечиј друг тешко стекнат бизнис модел и содржина

Исто така, постои тенденција целосно да се имитираат бизнис моделите и содржината на тоа што некој друг го прави, бидејќи се` е јавно достапно во денешно време.  Можете со сигурност да знаете дали го правите ова ако размислите за личното искуство и како вие создавате, како на пример добивање креативна бизнис идеја само откако ќе видите дека некој друг промовира сличен производ или услуга.

Ова не е фер кон другите во вашата индустрија. Размислете на овој начин: што ако вие сте тие кој осмислиле целосно нов начин на продавање на производ или услуга, и набргу по вашето објавување гледате како некој друг прави нешто слично што го имитира вашиот модел?

Вистината лежи во фактот дека луѓето можат да ја насетат енергијата во автентичноста. Дури и да мислите дека некој модел или содржина се неверојатни, тоа никогаш не е причина да го копирате. Учете од начинот на размислување на претприемачите со такви примери, но исфрлете производ на пазарот кој е целосно ваш.

Нудат само платени услуги и содржина со малку слободна вредност

На крај, преиспитајте колку често давате вредност бесплатно. Не ве советувам да го оставите календарот отворен за да му помогнете на секој кој сака да резервира време со вас. Но, мора да постои рамнотежа во која сакате да најдете начин да понудите некаков вид вредност што нема етикета со цена. Цврсто верувам дека етиката во бизнисот е помагањето на другите. Дали вам ви е поважно да помогнете, или да направите профит?

Овие прашања можат да бидат непријатни, но надежта лежи во фактот дека кај поголемиот дел од поединците и бизнисите кои им помагаат на другите, на крај го остваруваат најголемиот профит.

Не треба да бирате помеѓу етиката и парите. Едноставно, ставете ја етиката на прво место, држете се до вашите намери да им помогнете на другите и создадете производи или услуги што луѓето ќе сакаат да ги користат.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Над 15% пад на индустриското производство во месец јуни

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 15,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за...
- Advertisment -