Наједноставната формула за успешен бизнис

Размислувате да започнете бизнис? Теоретски, тоа не е толку тешко. Вистинскиот трик е како да го направите вашиот бизнис вистински успешен.

Според Бирото за трудова статистика, скоро 50 проценти од бизнисите не успеаваат да издржат повеќе од пет години. Дополнително, проценето е дека 90 проценти од стартап компаниите не успеаваат. Зошто? Интернет просторот е преполн со листи кои ви ветуваат дека ќе го поплочат вашиот пат до успехот, но дали навистина вршат работа? Секако дека да, но само до одредена мера, пишува Entrepreneur.

Иако листите вршат одлична работа во поглед на деталите што ги содржат, кои му се важни на претприемачот почетник, не значи дека тие обезбедуваат некаква вистинска насока за тоа што всушност го прави еден бизнис успешен. Тие не нурнуваат во психолошките трикови и значајните чинови што ги освојуваат срцата и оставаат трајна импресија. Едноставно, најчесто станува збор за листи со задачи, а сите сме свесни дека таквите листи не содржат ништо суштинско.

Така што, што навистина треба да се направи за да се зголемат шансите за претприемнички успех? За потребите на овој напис, авторката Џенифер Спенсер, извршен директор на Energent Media, одлучила да поразговара со Мисти Каин, основач на Whyzze и домаќинка на најновото бизнис реално шоу во продукција на Mailchimp – Werrrk! Таа верува дека претприемачите треба да игнорираат 90 проценти од советите што ги добиваат за тоа како да изградат целосна бизнис империја. Наместо тоа, таа предлага да се фокусирате на едноставна формула од 3 чекори.

Чекор бр. 1: Покажете дека нудите вредност

Треба да сте способни да ја покажете вредноста што ја обезбедувате. Каин објаснува како ова може да биде некоја основна вредност, како што е штедење на времето на вашите муштерии, пари или обезбедување искрен совет. Или, може да станува збор за вредност која не е од примарно значење, како на пример, нудење производ или услуга што ќе ги направи вашите клиенти попопуларни, поинтелигентни или поуспешни од другите. Поентата е, што подобро можете да го артикулирате начинот на кој вашиот производ или услуга ги носи луѓето од точка А до посакуваната состојба во точка Б, толку поуспешни ќе бидете.

Каин смета дека голем број претприемачи користат жаргон, досетливост или „накитен“ јазик што повеќе буни отколку што помага. На пример, исказот: „Им помагаме на амбициозните лица да станат најдобрите верзии од себе со тоа што ги охрабруваме и поттикнуваме да го достигнат сопствениот целосен потенцијал“ е тежок за разбирање. Но, исказот: „Им помагаме на професионалците на средно ниво да станат извршни директори за помалку од две години“ е јасен и мерлив. Имате конкретна метрика како да ја измерите вредноста и успехот кон кој таа води, така што можете да ја користите вредноста што ја презентирате за да привлечете други клиенти.

Чекор бр. 2: Задоволете значителен дел од пазарот

Во светло на феноменот познат како совпаѓање помеѓу производот и пазарот, Каин вели дека вториот чекор во создавањето траен бизнис успех е гарантирање дека она што го правите задоволува силна побарувачка на пазарот. Колку е поголем бројот на луѓе кои го сакаат вашиот производ, толку подобро. Сепак, не станува збор само за квантитет. Колку е посилна нивната желба за она што го нудите е исто така клучно.

Каин го споделува овој тест да видите дали постои совпаѓање помеѓу вашиот производот и пазарот каде го нудите: Дали вашиот бизнис има позитивна репутација? Дали луѓето итаат да купат од вас? Дали тие би се чувствувале негативно ако вашиот производ не постои или би бил тргнат од пазарот? Дали вашите клиенти се потрудиле самите да го решат проблемот и било неуспешно и дали вашиот производ ефикасно го решава? Колку повеќе потврдни одговори добивате, толку е поголема веројатноста дека постои добро совпаѓање помеѓу производот и пазарот.

Чекор бр. 3: Живејте според принципот на Зиг Зиглар

Познатиот продавач и мотивациски говорник Зиг Зиглар има кажано: „Можете да имате се` во животот што сакате ако само им помогнете на другите да го добијат тоа што го сакаат.“ Во иста насока, Каин силно верува во моделот за успех дека прво треба да почнете со давање.

„Кога си зацртувате цел да создадете бизнис кој се развива на основа на вредност, луѓето со задоволство ви плаќаат, ве препорачуваат и ве поддржуваат,“ вели таа. „Тој начин на размислување (да се плати за производ или услуга што олеснува некој дел на живеењето) ги олеснува и првите два чекори.“

Според Каин, треба да го изградите бизнисот и да носите бизнис одлуки врз основа на премисата дека им помагате на другите да го добијат тоа што го сакаат. Таа советува: „Можеби ќе треба да направите мали па дури и големи приспособувања по пат, но ќе остварите значителен напредок.“

Секако, полесно е да се кажат трите совети на Каин отколку да се направат, но ако правилно се имплементираат, плодовите од овие напори може да бидат плодоносен алат додека го водите вашиот бизнис кон успех.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -