Грција ја промовира оригиналната туристичка кампања – Здравјето на прво место

Министерството за туризам на Грција, во соработка со Националната туристичка организација ја промовираа кампањата „Дестинација Грција, здравјето на прво место“.

Целта на кампањата е да го промовира туризмот во оваа земја, и во исто време да им обезбеди на потенцијалните посетители информации во врска со Ковид-19, како и препораки за здравствени и безбедносни мерки.

Официјалната веб-страница дава совети за тоа кои чекори треба да ги преземете доколку се чувствувате болни поради коронавирус додека сте на одмор, и содржи конкретни насоки за патување по вода, копно и воздух.

За оние лица кои планираат да пристигнат во Грција во многу блиска иднина, интернет страницата потсетува дека тие мораат да го пополнат задолжителниот формулар за местото на посетата, барем 48 часа пред да пристигнат во земјата.

Дел од кампањата е и полуминутно видео, како дел од иницијативата на ЈуТјуб каналаот познато како „Посетете ја Грција“. Во видео записот, нараторот прашува: „Што би сакале да запомните прво?Тоа е сè за што треба да размислите. Бидејќи, позади секое идеално искуство, постои целосен протокол за вашата безбедност.“

За сите оние кои не можат да си дозволат посета во Грција ова лето, постои виртуелна замена преку кампањата „Грција од дома“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -