Витамин Д може да помогне во борбата против Ковид-19

Некои истражувања посочуваат дека витаминот Д може да помогне во засилување на одговорот на имуниот систем и спречување други респираторни болести, пишува порталот „neurosciencenew.com“. 

Поврзано:

Истражувачите вклучени во „Ирската лонгитудална студија за стареењето“ (TILDA), дел од Тринити колеџ во Даблин, неодамна објавија многу важен извештај како одговор на пандемијата на Ковид-19.

Истражувањето, чиј наслов гласи „Недостаток на витамин Д во Ирска – импликации за Ковид-19“ посочува дека овој витамин игра клучна улога во спречување респираторни инфекции, ја намалува употребата на антибиотици и го засилува одоговорот на имуниот систем на инфекции.

Според оваа студија, еден од осум возрасни Ирци се соочува со недостаток од витамин Д, оттука, таа ја подвлекува важноста на зголеменото внесување на овој витамин, особено во услови на поминување голем дел од времето дома.

Витамин Д

Како се создава витамин Д?

Витамин Д се создава во кожата кога телото е изложено на сонце само 10-15 минути дневно. Во Ирска, витаминот Д може да се создаде само помеѓу доцна во Март и доцна во Септември. Тој не може да се создаде во зима, и количината што треба да се создаде во лето зависи од изложеноста на луѓето на сонце, од времето, но и од други фактори. Дури и во лето, создавањето на доволна количина витамин Д може да биде предизивик бидејќи можат да се појават облаци, дожд и недостаток на сончева светлина.

Добрата вест е што недостатокот може да се надополни со соодветна консумација на храна и суплементи. Витамин Д може да се најде во јајца, џигер или мрсни риби, како лосос или макарел, како и во храна со додадени нутритивни состојки како што се цереали или млечни производи.

Витамин Д

Која категорија лица се најмногу изложени на ризик од недостаток на витамин Д?

Луѓето кои поминуваат малку време на сонце или консумираат несоодветна количина на храна со додадени нутритивни состојки се изложени на најголем ризик, особено оние кои во моментов се приморани да седат дома или се во само-изолација. Други лица кои спаѓаат во категоријата на висок ризик се луѓе кои патат од прекумерна телесна тежина или се физички неактивни, и тие кои имаат астма или хронична болест на белите дробови.

Витамин Д може да се купи без рецепт. Она што сега треба да го направат луѓето е да ја зголемат дозата на витамин Д што ја внесуваат во телото.

Клучни сознанија од студијата

  • 47% од сите возрасни лица над 85 години имаат недостаток во зима
  • 27% оф возрасните лица над 70 години кои се „врзани“ дома се цени дека ќе се соочат со недостаток
  • Еден од осум возрасни лиц анад 50 години има недостаток во текот на целата година
  • Само 4% од мажите и 15% од жените внесуваат суплементи на витамин Д
Витамин Д

Кои лица треба особено да внимаваат на внесување доволно витамин Д?

Според споменатите истражувачи, за возрасни над 50 години се препорачува користење на суплементи, и тоа не само во зима, туку во текот на целата година, ако не се доволно изложени на сонце. Тие кои во моментов се „врзани“ дома, исто така треба да употребуваат суплементи.

Професорката Роз Ан Кени, главен истражувач во проектот, посочува: „Имаме докази што ја потврдуваат улогата на витамин Д во спречувањето на градни инфекции, особено кај постари лица кои имаат ниски нивоа. Според едно истражување, кај лица кои користеле суплементи, витамин Д го намалува ризикот од градни инфекции за половина. Иако не ја знаеме специфичната улога на витамин Д во однос на инфекции од Ковид, со оглед на неговите широки импликации во подобрувањето на имуниот одговор и јасните докази за здравјето на коските и мускулите, тие кои се „заглавени“ дома и други високо ризични групи треба да се осигураат дека имаат соодветен внес на витамин Д. Седењето дома е неопходно, но тоа ќе ја намали физичката активност. Ослабнувањето на мускулите се случува брзо во овие околности и витамин Д ќе помогне во одржување на мускулното здравје и сила за време на сегашната криза.“

Д-р Емон Лерд, итражувач и соработник во „Медицинска геронтологија“ и коавтор на истражувањето, истакнува: „Овие сознанија покажуваат дека нашите постари возрасни лица имаат високи нивоа на недостаток на витамин Д, што може да има значително негативно влијание на нивниот имун одговор на инфекција. Дури постои и поголем ризик од недостаток сега поради тие кои седат или се приморани да седат дома. Сепак, недостатокот на витамин Д не е неизбежен – јадењето храна како што е мрсна риба, јајца, цереали со додаден витамин Д или млечни производи и дневно внесување на 10 мг витамин Д во форма на суплемент може да помогне во одбегнување на недостатокот.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -