Физички активности во време на коронавирус: Смеам да џогирам? Смеам да пијам вода од чешмичка?

Повеќето од нас поминуваме многу време дома поради пандемијата со Ковид-19, а некои дури не смеат ни да го напуштат домот. За тие кои се навикнати редовно да вежбаат или обавуваат одредена физичка активност, природно е да се во неприродна ситуација и да имаат голем број прашања за поставување за тоа како да останат во форма..

Поврзано:

Гречен Рејнолдс, која работи за Њу Јорк Тајмс како колумнист, зборуваше со виролози, физиолози и други специјалисти за тоа што можеме да направиме а не го знаеме во врска со вежбање за време на кризата со коронавирусот. Во прилог се одговорите на најчестите прашања.

Ако живеам во заедница каде важи наредбата да се седи дома, дали смеам да трчам или пешачам надвор?

Одговорот е лесен, да. Во Северна Македонија, луѓето можат да излегуваат од дома, и да џогираат, шетаат по планина  или да се впуштаат во некаква инаква активност на отворено, но тие мораат да одбегнуваат гужви, и ако веќе треба да излегуваат во група, таа група да не е поголема од 5 лица. Така што, сe додека сте на 2 метри далечина од најблискиот човек до вас, тогаш можете да вежбате надвор.

Физички активности

Дали сонцето може да стерилизира површини надвор?

Ова е покомплицирано прашање. „Можно е да се оневозможат вирусите со користење на ултравиолетово светло во лабораториски услови“, одговара Акико Ивасаки, професор по имунологија на медицинскиот факултет при универзитетот „Јејл“. „Сепак, дали и во колкава мера природна сончева светлина го убива САРС-КоВ2“, официјалното име на коронавирусот, „сё уште не е познато“.

Оттука, најсигурниот одговор е да се претпостави дека гелендери, клупи, шипки од паркинзите за велосипеди, копчињата на семафори и други површини надвор можат да бидат заразени и затоа треба да се одбегнува да се допираат, барем со откриена кожа. Носете ракавици (што самите можат да се контаминираат) или користете го лактот за да притиснете копчиња. „И мијте ги рацете со сапун откако ќе се вратите,“ д-р Ивасаки посочува.

Дали можам да пијам вода од јавни чешми?

„Немаме никакви податоци колку долго вирусот може да остане потентен во јавните чешми,“ објаснува Ангела Расмусен, виролог при Центарот за инфекции и имунитет на универзитетот „Колумбија“. „Но, со оглед на блискоста до устите и носевите на другите луѓе, би кажала дека не би требало.“

Физички активности

Ако трчам на препишаните 2 метри оддалеченост позади некој кој е на мојата патека за трчање, и тој кашла, дали би протрчал низ неговите вируси и бактерии?

Науката сe уште го нема разјаснето прашањето за тоа колку долго новиот вирус останува во воздухот. Но можно е капките што го содржат вирусот да се задржат доволно долго за вие да ги вдишете, напоменува д-р Ивасаки, во случај одблизу да следите некој кој е болен и ветерот не ги разнесе вирусите попрво. Ова конкретно сценарио е во суштина неверојатно но не е невозможно, така што барајте ги достапните патеки со најмалу луѓе на нив, и сетете се да се тргнете настрана ако некој пред вас кашла или случајно плукне.

Дали треба да ги собујам чевлите пред да влезам дома?

„Ова е добро правило,“ посочува Саскиа Попеску, виш епидемиолог за спречување инфекции при Онорхелт во Аризона. Никој не знае дали коронавирусот се лепи за чевлите, но „тие и онака носат многу прљавштина со себе, така што оставете ги пред врата.“

Колку брзо ќе излезам од форма ако сум „заглавен“ дома цел ден?

Добрата вест е дека не се излегува толку лесно надвор од форма. Но ако наеднаш и прилично многу ги намалиме саатите што сме ги поминувале во вежбање, ќе искусиме и одреден степен психолошки одвикнувања, посочува Чарлс Педлар, вонреден професор на универзитетот „Ст. Мери“ во Твикенхам, Англија. Во едно истражување од 2018 год кое тој го раководеше, тој истакнува дека трчачи во форма кои доброволно ги намалиле колиметрите за време на тренинзи по трчањето маратон, развиле помал волумен на крвта и претрпеле други промени во нивните срца и кардиоваскуларни системи во рок од неколку недели, и започнале да имаат тешкотии на лентата за трчање за време на изискателни тренинзи.

Физички активности

Слично на ова, во друга студија од 2018 год, кога здрави, млади волонтери кои вообичаено чекорат по 10.000 чекори дневно, престанале со оваа пракса и ги намалиле чекорите на помалку од 2000, почнале да покажуваат зголемено ниво на шеќер во крвта, помала сензитивност на инсулин и полоши нивоа на холестерол за само две недели. За среќа, кога младите лица вклучени во ова истражување се вратиле на вообичаената динамика во следните две недели, гореспоменатите показатели веќе се намалиле, објаснува Кели Боуден Дејвис, предавач на универзитетот во Њукастл. „Зголемениот број чекори на ден ги врати во нормала,“ додава таа.

Според д-р Педлар, повеќето од нас очекуваат да се вратат на претходната физичка состојба за брзо време ако веќе мораме привремено да ги смалиме бројот на тренинзи. Првите неколку тренинзи по таков вид одмор може да делуваат бавни и несмасни, и „можеби ќе помислите дека сте ја изгубиле физичката кондиција“. Но, „не паничете“. Во принцип, објаснува тој, какви било намалувања на волуменот на крвта и кондицијата можат да се вратат назад. Но кога повторно започнувате со тренинзи, не го правете тоа нагло и со претешки вежби. Сознанието дека ќе можете да си ја повратите претходната физичка кондиција, ќе ви помогне и психички да се справите со моменталната ситуаицја.

Тогаш колку малку треба да вежбам во меѓувреме за да барем малку ја задржам физичката кондиција?

Физички активности

„Постојат докази дека дури и 5 минути на ден за мини-вежби би можеле да бидат доволни“ да ни помогнат да ја одржиме минимумот физичка кондиција, посочува Мартин Гибала, професор по кинезилогија на универзитетот „МекМастер“ во Хамилтон, Онтарио. Имајте на ум, потребната опрема и упатства за вежбање на целото тело, во оовј случај, се минимални.

„Мешајте склекови, со скокови, скокови со склекови, качувања и симнувања по скали, идеално со кратки периоди да си го повратите здивот за да го одржите крвниот притисок висок,“ објаснува тој. Во едно истражување кое го мониторираше неодамна, млади лица кои се качувале и симнувале по скали во време од 20 секунди 3 пати на ден го зголемиле нивото на физичка кондиција за 5% по шест недели.

Така што, ако сте апсолутно врзани за домот, тогаш можете да ги натератие вашите деца, миленици, и сопружници да одат нагоре-надоле по скалите заедно со вас неколку пати на ден, или да се натпреварувате во скокање јаже по дома. Кучињата, по сe изгледа, ќе изгубат.

Физички активности

П.С. Многу организации и професионалнци нудат бесплатни тренинзи онлајн и различни апликации, доколку сакате да го правите тоа сами. Проверете го YouTube и другите социјални медиуми и одберете го она што најмногу ве привлекува.

Њу Јорк Тајмс, исто така ви препорачува кратки и ефикасни тренинзи за по дома.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -