Медицинска опрема од реномирани германски производители како што се Драгер, Атмос и други, беше донирана од фирмата „ВИНОРА“ Дооел Скопје, како општествено одговорна компанија. Донацијата во износ од 590.000,00 денари е наменета за поддршка на борбата против Корона вирусот – Ковид 19. Донацијата е распределена во следните Јавни Здравствени Установи :
Клиниката за Инфективни и фебрилни состојби,
Градската општа болница ,, 8 Септември ’’ – Скопје
Клиниката за Пулмологија и алергологија – Скопје, и на
Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.
- Донаторска акција за обезбедување кислородни концентратори за болницата во Куманово
- Можеме да ì помогнеме на планетата Земја додека седиме дома
Од донираната опрема на Клниката за Инфективни и фебрилни состојби – Скопје се набројува:
- Бронхоаспиратор со погон на компримиран воздух (еден), производител „Дрегер“ Германија,
- Бронхоаспиратор на електрична енергија (еден), „Атмос“ Германија.
- Протокомери за кислород со овлажнувач (три апарати), производител „Драгер“ Германија,
- Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 100), производител „Дрегер“ Германија,
Во Градската општа болница ,, 8 Септември ’’ – Скопје се донирани :
- Бронхоаспиратор на електрична енергија, (два), производител „Атмос“ Германија,
- Фибероптички ларингоскопски сет со три шпатули, (еден), производител „KaWe“ Германија,
- Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 200), производител „Дрегер“ Германија,
- ХЕПА филтри за аспиратор, (количина 30), производител Атмос Германија.
На Клиниката за Пулмологија и алергологија – Скопје се донирани:
- Протокомери за кислород со овлажнувач, (два апарати), производител „Дрегер“ Германија,
- Бронхоаспиратор со погон на централен вакуум, (еден), производител „Дрегер“ Германија,
- Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 50), производител „Дрегер“ Германија, и
- Бронхоаспиратор на електрична енергија, (еден), „Атмос“ Германија.
„Се надеваме дека со овој гест ќе потикнеме и други компании да дадат свој придонес во согласност со нивните можности. Само така може да им помогнеме во овие тешки моменти на здравствените работници и воопшто на целокупниот здравствен систем во Република Северна Македонија,“ вели Александар Николовски, управител на компанијата ВИНОРА Дооел Скопје.
И оваа донација се вклопува во основната цел на компанијата – обезбедување квалитетни услуги на своите клиенти, со континуирано следење на постигнатите резултати и нивно понатамошно пододобрување.
Инаку, „Винора“ дооел е ексклузивен застапник на реномираните германски фирми „Дрегер“ и „Атмос“ и на „Белимед“ од Швајцарија на територијата на републиката. Покрај тоа, таа е партнер и на многу други познати и реномирани фирми од областа на медицината. Специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема на македонскиот пазар, „Винора“ со своето долгогодишно искуство важи и како водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата.