Германска донација на Винора е силна поддршка за македонските болници

Медицинска опрема од реномирани германски производители како што се Драгер, Атмос и други, беше донирана од фирмата „ВИНОРА“ Дооел Скопје, како општествено одговорна компанија. Донацијата во износ од 590.000,00 денари е наменета за поддршка на борбата против Корона вирусот – Ковид 19.  Донацијата е распределена во следните Јавни Здравствени Установи :

Клиниката за Инфективни и фебрилни состојби,

Градската општа болница ,, 8 Септември ’’ – Скопје

Клиниката за Пулмологија и алергологија – Скопје, и на

Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Од донираната опрема на Клниката за Инфективни и фебрилни состојби – Скопје се набројува:
  1. Бронхоаспиратор со погон на компримиран воздух (еден), производител „Дрегер“ Германија,
  2. Бронхоаспиратор на електрична енергија (еден), „Атмос“ Германија.
  3. Протокомери за кислород со овлажнувач (три апарати), производител „Драгер“ Германија,
  4. Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 100), производител „Дрегер“ Германија,
Во Градската општа болница ,, 8 Септември ’’ – Скопје се донирани :
  1. Бронхоаспиратор на електрична енергија, (два), производител „Атмос“ Германија,
  2. Фибероптички ларингоскопски сет со три шпатули, (еден), производител „KaWe Германија,
  3. Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 200), производител „Дрегер“ Германија,
  4. ХЕПА филтри за аспиратор, (количина 30), производител Атмос Германија.
На Клиниката за Пулмологија и алергологија – Скопје се донирани:
  1. Протокомери за кислород со овлажнувач, (два апарати), производител „Дрегер“ Германија,
  2. Бронхоаспиратор со погон на централен вакуум, (еден), производител „Дрегер“ Германија,
  3. Пациент ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии, (количина 50), производител „Дрегер“ Германија, и
  4. Бронхоаспиратор на електрична енергија, (еден), „Атмос“ Германија.

„Се надеваме дека со овој гест ќе потикнеме и други компании да дадат свој придонес во согласност со нивните можности. Само така може да им помогнеме во овие тешки моменти на здравствените работници и воопшто на целокупниот здравствен систем во Република Северна Македонија,“ вели Александар Николовски, управител на компанијата ВИНОРА Дооел Скопје.

И оваа донација се вклопува во основната цел на компанијата – обезбедување квалитетни услуги на своите клиенти, со континуирано следење на постигнатите резултати и нивно понатамошно пододобрување.

Инаку, „Винора“ дооел е ексклузивен застапник на реномираните германски фирми „Дрегер“ и „Атмос“ и на „Белимед“ од Швајцарија на територијата на републиката. Покрај тоа, таа е партнер и на многу други познати и реномирани фирми од областа на медицината. Специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема на македонскиот пазар, „Винора“ со своето долгогодишно искуство важи и како водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -