Како фитнес индустријата се прилагодува на новите услови на криза со Ковид-19

Како што коронавирусот продолжува да се шири, фитнес студијата ширум светот ги затвораат вратите и се адаптираат на новата реалност. Моменталната ситуација поттикна креативност и флексибилност за теретаните и студијата, кои во голем дел зависат од физичка присутност на тренерите и оние кои вежбаат, вели CNN.

Поврзано:

Овие промени силно влијаеа на фитнес индустријата која вредела 94 билиони долари во 2018 година. 

Дигитализирање на фитнес индустријата

Некои студија, како на пример МоdoYoga, со локации во САД, Канада, Австралија и Франција нудат бесплатни часови на Инстаграм. Други компании, како SoulCycle, ги затворија сите свои студија на глобално ниво, со надеж за нивно повторно отворање кога условите ќе бидат подобри. Ова студио нема онлајн часови, но врши продажба на нивните велосипеди кои чинат 2,500 долари, а за некој месец, компанијата планира да овозможи нуди часови.

Во време на затворање на теретаните и студијата за вежбање, фитнес тренерите стануваат сё покреативни и наоѓаат поинаков начин за заработка на пари.

фитнес индустрија

„Сé уште држам часови на клиенти кои живеат во мојата зграда, но користиме средства за дезинфекција и ракавици за заштита,“ вели Џули Верхаге, фитнес инструктор во Equinox. Таа објаснува дека неколку старт-ап компании побарале да им држи фитнес часови онлајн. Тоа и` овозможува на старт-ап компанијата да ги држи членовите на тимот поврзани додека работат во своите домови.

Видео часови

ClassPass, на својата платформа, заедно со 500 фитнес студија, започнаа со пренос на онлајн часови во живо. Секој што сака да биде дел од часовите може да плати, а целосниот приход од овие часови оди за студијата.

Компанијата ги поттикнува своите корисници да донираат директно на студијата преку ClassPass апликацијата, и до сега има собрано над 1 милион во донации.

На платформата можат да се најдат и 2000 видеа за вежбање кои се достапни бесплатно, без членство.

фитнес индустријата

„Глобалната пандемија постави предизвик со кој фитнес индустријата до сега не се соочила,“ вели директорот на ClassPass, Фриц Ланман. Тој додава: „Околу 90% од 30,000 теретани кои се присутни на нашата платформа, ги имаат затворено своите физички локации на неодредено време.“

Џесика Голдман која има свое танцово студо во Чикаго од 2005. година изјави за ЦНН дека „коронавирусот ќе го промени моделот на фитнес индустријата. Оваа индустрија содржи премногу членови, оваа пандемија ќе ги истакне најуспешните.“

Не сите студија можат да се адаптираат

Малите студија се особено погодени. Со надеж за повторно отворање на своите врати, јога студијата како Sacred, со локации во Бруклин и Менхетен, наплаќаат 10 долари за виртуелни часови на Zoom. Но, постои голема веројатност некои од помалите студија да не можат да се опорават.

Дури и големите компании како Flywheel се обидуваат да најдат начин да ја пребродат оваа финансиска загуба. На 20 март, компанијата преку мејл ги замоли своите членови да продолжат да плаќаат чланарина иако нивните физички локации се затворени. Во март, оваа компанија ги прекина виртуелните часови кои се поврзани со статичните велосипеди на членовите. Компанијата Peloton им овозможува на корисниците на Flywheel да ги заменат нивните велосипеди за такви од компанијата Peloton бесплатно.

фитнес индустријата

Голем број од студијата креираат видеа на YouTube со цел да ги одржат своите клиенти поврзани и активни. Но не на сите студија им е лесно да го пренасочат својот бизнис онлајн..  Некои од студијата имаа бесплатни онлајн часови, но вежбите се поврзани за одредени справи за вежбање и можат да учествуваат само лица кои ги поседуваат тие справи.

Овие компании, за да ја намалат загубата, нудат бесплатен пристап до видео содржини на брендови со кои имаат соработка.

Кој има бенефит?

Дигиталните фитнес компании, и фитнес апликациите имаат голем бенефит од оваа промена во индустријата. MIRROR, интерактивен домашен фитнес систем кој се продава за 1,495 долари и личи на големо огледало, бележи зголемена продажба.

„Нашата продажба се зголеми речиси двојно откако започна глобалната пандемија,“ вели Путнам, директорката на оваа компанија за ЦНН. „Тимот на MIRROR работи постојано за побрзо да можеме да ги пласираме на пазарот дигиталните производи што беа планирани да почнат да се продаваат покдоцна годинава.“

фитнес индустријата

Но, не е сé позитивно за овие компании. MIRROR и Peloton имаат и физички локации низ Америка и Англија кои мораа да ги затворат.

За компании кои имаат само онлајн часови како Obé, оваа промена има само позитивни последици. „Имаме зголемен број на членови низ САД во последните неколку недели,“ велат основачите на ова студио. „Бидејќи имаме зголемен број на родители кои вежбаат од дома, додадовме содржина со која и децата ќе можат да останат активни додека нивните родители вежбаат.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -