Тајните на убавиот изглед

Убавиот, младешки изглед е сон на секоја жена, особено ако годините почнале да оставаат видлива трага. Стареењето не може да се сопре, но за среќа убавината доаѓа во различни форми. Ваше е само да ги следите советите.

Помалку стрес

Иако звучи невозможно, сепак можеме да ги контролираме нашите реакции на случувањата. Од нас зависи дали ќе останеме смирени или ќе краваме паника за сè и сешто. Едно е сигурно – стресот му штети на здравјето, а со тоа и на изгледот.

Вода

Добро познато правило за убав и здрав изглед е дека треба да се внесува доволно количество на вода. Добрата хидратација на телото и кожата е од клучно значење. Ако ја нема потребната влажност, дури и младата кожа ќе изгледа старо.

Храна со антиоксиданти

Храната богата со антиоксиданти е одличен сојузник во борбата против разни болести и стареењето. Тие ја поправаат настанатата “штета“ и помагаат при многу воспаленија. Во вашето дневно мени морате да вклучите барем неколку од следниве намирници:

Боровинки

Калинки

Акаи и Гоџи бобинки

Спанаќ

Малини

Јаткасти плодови

Црно грозје

Темна чоколада (над 70% какао)

Зелен чај

Избегнувајте долго изложување на сонце

Сонцето е потребно за обезбедување на витамин D, којшто е неопходен за здрави коски и кожа. Но, треба да бидеме особено внимателни кога и колку време седиме на сонце. Многу е важно да се избегнува силното сонце во лето, односно да се излегува рано наутро и кога сонцето заоѓа. Не ги заборавајте очилата за сонце и кремите со заштитен фактор.

Квалитетен сон

Спијте (колку што можете) повеќе, со тоа ќе му ја дадете на вашето тело потребната енергија и ќе го одморите, а кожата ќе стане поеластична.

Редовно вежбање/јога

Без разлика која активност ќе ја одберете, таа позитивно ќе влијае на вашето здравје и убавиот изглед. Со вежбањето ќе ги исфрлите токсините преку потта и ќе ја забрзате циркулацијата на крвта, а јогата ќе ви помогне да направите подобар баланс меѓу умот и телото.

Фото: Pixabay

 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -