Празниците имаат посебна магија. Тоа се моменти на зближување, на дарување и ветување. Трпезата е богата и просто мами да се седне и да се ужива во вкусовите.
Еден таков весел, празничен рецепт ни подарува и мега успешната Марта Стјуарт, жена која изгради империја со нејзините совети за готвење и вкусни рецепти.
Потребни состојки:
2 чаши сенаменско брашно
1/4 лажица сол
1/2 лажица прашок за печење
1/4 путер, омекнат на собна температура
1 чаша шеќер
1 големо јајце
2 лажици бренди (или сок од јаболко)
1/2 лажица екстракт од ванила (или јаворов сируп)
Начин на подготовка:
Во посебен сад измешајте ги заедно сите суви состојки. Путерот и шеќерот изматете ги со миксер, а потоа ставете го јајцето, дозата бренди и ванила и повторно матете додека не добиете еднолична смеса. Сувите состојки додавајте ги постепено и полека мешајте. Добиеното тесто завиткајте го во фолија и изладете го барем 30 минути пред сукањето.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Набрашнете ја површината за сукање и одвојте една третина од тестото. Дебелината треба да биде околу пет милиметри. За подобро да се сука тестото чувајте го остатокот во фрижидер. Со калап извадете колку можете повеќе колачиња и постапката повторете ја се додека имате тесто. Формите редете ги на мрсна хартија за печење и печете ги од 8 до 10 минути во зависност од големината на колачето.
Добар апетит.
Фото: Pixabay