Како да ја подобрите вашата емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција (EQ или EI) се дефинира како способност да се разберат, менаџираат и изразат сопствените чувства и чувствата на другите. Овој вид на интелигенција е многу важна за формирањето, развивањето и одржувањето на односите/врските со луѓето.

За разлика од обичната интелигенција IQ, која што не се менува со текот на времето, емоционалната може да се подобри доколку имаме желба да учиме и да се развиваме во таа насока. Еве неколку начини како да се постигне тоа:

Елиминирајте ги негативните чувства

Кога ќе почувствувате негативни емоции во врска со нечие однесување не избрзувајте со заклучоци. Наместо тоа погледнете ја ситуацијата од рзлични агли, па потоа реагирајте. Не ги сфаќајте лично туѓите лоши постапки, анализирајте ги на објективен начин.

Без страв од одбивање

Еден од начините за поефективно менаџирање на стравот од одбивање е обезбедувањето на повеќе опции за важните ситуации. Така, што и да се случи ќе имате добри алтернативи за продолжување понатаму. Ако се чувствувате нервозно и анксиозно излете на свеж воздух или измијте го лицето со ладна вода. Одбегнувајте кафе и пијалоци со кофеин. Доколку сте исплашени, депримирани или обесхрабрени вежбајте аеробик или фитнес. Она што го правиме со телото во голема мера ни ги диктира и емоциите.

Бидете проактивни

Кога сте лути некому, пред да кажете нешто земете длабок здив и полека избројте до 10. Во најголем број случаи, додека стигнете до бројот 10 ќе смислите подобар начин да го кажете своето мислење. Наместо да комплицирате, поедноставете ги работите. Или, ако тоа не успее, ставете се на местото на другата личност и обидете се да ја погледнете ситуацијата од негова/нејзина перспектива.

Одберете позитивна мисла

Како ќе одлучиме да размислуваме, чувствуваме и реагираме во ситуациите што животот ќе ни приреди може да направи голема разлика. На нас останува дали ќе одбереме надеж наместо очај, оптимизам наместо фрустрација, победа наместо пораз… Луѓето со висока емоционална интелигенција умеат да го потиснат цинизмот. Знаат дека негативните мисли, се само мисли и се потпираат на факти за да изведат заклучоци. Учат од грешките и лошите избори и наместо сеќавања на минатото, одбираат да ја живеат сегашноста.

Најдете ја вашата најголема мотивација

Секој има главна мотивација кога започнува нов проект, нова работа… Но, проблемот е таа да се задржи во тешки моменти. Многу е важно да се пронајде вистинската причина зошто го правиме тоа што го правиме. Ако знаеме што не прави среќни, што не мотивира најмногу, ќе можеме да ја истераме секоја работа до крај, без разлика на случувањата.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -