Исланд: четиридневната работна недела е „огромен успех“

Воведувањето четиридневна работна недела во Исланд е „огромен успех“ кој доведе до тоа голем број работници да работат помалку саати, велат истражувачите.

Експериментите во кои работниците ја добиваат истата плата за помалку работни часови се одржаа во периодот помеѓу 2015 год и 2019 год.

Продуктивноста остана иста или беше подобрена кај поголемиот број работни средини, дополнуваат истражувачите.

Други вакви експерименти се спроведуваат низ целиот свет, вклучително и Шпанија и во компанијата Унилевер во Нов Зеланд.

Во Исланд, овој вид работа беше спроведен од страна на градскиот совет на Рејкјавик и владата, и вклучи повеќе од 2500 работници, што опфаќа 1% од работното население на државата.

Четиридневната работа недела беше воведена во претшколски установи, канцеларии, обезбедувачи на социјални услуги и болници.

Голем број од овие организации преминаа од 40-часовна работна недела на работење 35 или 36 часа неделно, споделија истражувачите од британската организација „Автономија“ и Асоцијацијата за одржлива демократија во Исланд.

Помалку стрес, повеќе продуктивност

Овие експерименти ги натераа синдикатите одново да ги преговараат работните шеми, и сега 86% од работната сила на Исланд или премина кон помалку работни часови за истата плата, или ќе го стекне правото да го одлучи тоа, велат истражувачите.

Работниците истакнале дека чувствуваат помалку стрес и помал ризик од преоптовареност со работа, и кажале дека се подобрила рамнотежата помеѓу нивните професионални и приватни животи. Тие исто така споделиле дека имаат повеќе време за нивните семејства, за нивните хобија од интерес и за завршување на задолженијата во домаќинството.

Вил Стронџ, директор за истражување во „Автономија“ вели: „Оваа студија покажува дека најголемиот експеримент во светот за пократка работна недела во јавниот сектор, според сите мерила, е огромен успех. Таа покажува дека јавниот сектор е подготвен да биде пионер во поглед на пократката работна недела – а лекциите можат да ги научат и другите влади“.

Гудмундур Харалдсон, истражувач во Асоцијацијата за одржлива демократија, вели: „Исландската пократка работна недела ни кажува дека не само што е возможно да се работи помалку во модерно време, туку и дека е возможна постепена промена“.

Шпанија исто така спроведува пилот проект за четиридневна работна недела во компании, делумно поради предизвиците поврзани со коронавирусот.

И Унилевер, гигантот што продава стоки за широка потрошувачка во Нов Зеланд, им дава можност на вработените да ги намалат работните часови за 20%, без притоа да имаат намалување на платата.

Извор: Би-Би-Си

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -